дома блог страница 2640

Егејците ќе излезат на пpoтecт: Причина вандализмот врз споменикот на децата бегалци

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Трајче Димков повика на мирен протест поради вандализмот врз споменикот посветен на децата бегалци во Скопје.

“ВЕ ПОВИКУВАМ ВО ОДБРАНА НА СПОМЕНИКОТ

СОЈУЗ НА ЗДРУЖЕНИЈАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ И ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА – МАКЕДОН

ПОВИКУВА НА
МИРЕН ПРОТЕСТ ПОРАДИ ВАНДАЛИЗМОТ ВРЗ СПОМЕНИКОТ НА ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ ВО ПАРКОТ ЖЕНА БОРЕЦ НА 17 НОЕМВРИ ВО 12 ЧАСОТ

Поканети се сите добронамерни Македонци и здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија”, напиша Димков на својот Фејсбук профил.

Ристески: “Градоначалникот во главна улога во претставата “Марсовец во Прилеп”, родините му граделе а тој не знаел” (Видео)

И после повеќе од две години, ни трага, ни глас, од реализација на проектот нов театар во Прилеп, кој го ветуваше градоначалникот Илија Јованоски пред изборите, вчера се случи театар комедија во општината. Во главна улога никој друг, туку самиот градоначалник, во претставата “Марсовец во Прилеп”. Роднините му граделе на градоначалникот без дозвола во центарот на градот, а тој не знаел – истакна во денешната прес конференција Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески.

Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме во целост:

“Вчера целата јавност беше сведок на тоа како реагира политичар кој е фатен на дело.

Ако до пред една недела градоначалникот Илија Јованоски и општина Прилеп преку бледо соопштение тврдеа дека токму тој нема никаква врска со објектот кој се гради во градскиот пазар, вчера Јованоски призна дека бил во роднинска врска со сопствениците.

Граѓаните се шокирани и со неверување гледаат на целата оваа работа, особено откако градоначалникот истакна дека дури сега разбрал дека се работи за дивоградба која не е предвидена во урбанистичките планови на општината и за која нема одобрение за градба.

Дури сега разбрал градоначалникот, а градежните работи на овој објект се започнати пред повеќе од месец дена!

Требаше ли ВМРО-ДПМНЕ, новинарите и целата јавност да реагираат со денови за Јованоски да провери дека негови роднини градат дивоградба и тоа во градскиот пазар, во строгиот центар на градот?

Какви ли пријави и тужби за лажни вести, навреди и клевети ќе пушта сега
Јованоски и со каков углед и чест воопшто ќе се појавува пред граѓаните во изборната кампања на неговата партија?

Ова е уште еден од случаите во кои власта е фатена во тесно и благодарение на истажувачкото новинарство и ВМРО-ДПМНЕ, овој случај исплива на површина.
Денеска уште еднаш го прашуваме градоначалникот:
Постојат ли други вакви објекти кои без одобрение за градба и без да бидат предвидени во урбанистичките планови ги градат ваши роднини, братучени и внуци?

Ќе тврдите ли повторно дека немате никаква врска и поврзаност, а потоа како и по обичај ќе ги погазувате вашите зборови?

Ве предупредивме и одново ви посочуваме! Прошка нема да има! Секоја можна злоупотреба ќе биде разгледана и секој ќе одговара доколку се ставил над законот!

Граѓаните и државата расчистуваат со вас и вашиот непотизам! Во Македонија доаѓа обнова, а власта ќе ја предводи идниот премиер Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ”.

Најдобар лек за несоница: Сок после кој ќе спиете како бебе

Природните сокови од зеленчук и овошје можат да ви помогнат во борбата со несоницата и останати проблеми.

Несоницата е еден од здравствените проблеми на кои луѓето најчесто се жалат: од прилика 1 од 3 лица се среќаваат со проблеми во спиењето.

Сепак, несоницата можете да ја победите со природни сокови и промена на некои навики.

За да се изборите со несоницата, пред спиење добро е да уживате во топла купка, а времето пред спиење да го поминете во пижами, а не во облеката во која сте цел ден. Исто така, не јадете 1-2 часа пред спиење и изгаснете ги сите уреди барем 30 минути пред спиење.

Во продолжение еве еден рецепт за природен сок против несоница:

Состојки: целер, кељ, малку спанаќ, четвртина краставица, половина банана

Сите состојки ставете ги во блендер и разматете. Додајте вода по потреба.

(Видео) Има надеж за човештвото: Сред пожap пронајде коала- еве како изгледаше тоа

Од пожapите во Аврсралија пристигнуваат срцепарателни видеа, а едно од нив е и ова.

Ширум земјата беснеат повеќе од 100 пожapи, а прогласена е и вонредна состојба. Се верува дека во пожарите настрадале околу 350 коали. Австралијанецот Дарел успеал да спаси една и да и понуди вода.

Коалата била одведена во живеалиште за заштита на животни и го добила името Кејт.

(Фото) Витаминка донираше товарно возило за потребите на Територијалната противпожарна единица Прилеп

Витаминка за Територијално противпожарната единица во Прилеп донира товарно моторно возило марка Mitsubishi L200 за потребите на прилепската единица. Возилото е комплетирано со современа опрема и неопходните елементи за справување со огнени стихии. Донацијата ќе придонесе кон зголемувањето на ефикасноста и капацитетите на противпожарната единица и интервенциите.

„Витаминка АД како општествено одговорна компанија донира едно товарно возило за потребите на ТППЕ Прилеп, на општ добробит на граѓаните на Општина Прилеп и соседните општини. Запознати сме со фактот дека прилепската противпожарна единица покрива голема територија, а во исто време техничката опременост и возниот парк не се на завидно ниво, па тоа нé поттикна да ја реализираме ваквата донација. Ова е прва донација, а за скоро време ќе следува и уште една од нашата компанија. Имено, во соработка со уште три партнери, ќе донираме т.н. навално противпожарно возило“, изјави Орде Ѓорѓиоски директор на Секторот за правни и општи работи во Витаминка Прилеп.

Целта на компанијата е со оваа донација да помогне во техничката опременост на противпожарната единица и да се подобри нивната ефикасност и оперативност во функција на општата безбедност на граѓаните на Општина Прилеп и околните населени места.

„Поради големата емисија на штетни гасови во атмосферата, воопшто на глобално ниво ни претстои период на раст на просечната температура. Токму затоа во иднина ќе се зголемуваат и потребите за заштита на природата и ќе има се поизразена потреба да се вложува во вакви средства. Доколку го сфатиме тоа доволно сериозно и се подготвуваме навреме, ќе ги намалиме последиците од емисиите на јаглерод диоксид и од зголемувањето на просечната температура на воздухот. А според некои проценки во следните 30 години се очекува просечната температура да се зголеми за 4 степени, што е неприфатливо. Затоа, овие вложувања се неопходни и потребно е нивно интензивирање како и преземање на многу други додатни мерки, со цел навремено да реагираме и да ги намалиме штетните ефекти”, изјави Симон Наумоски, Претседателот на Одбор на директори на Витаминка.

Од противпожарната единица велат дека оваа донација е повеќе од добредојдена.

Витаминка има воспоставено долгогодишна соработка со прилепската противпожарна единица, која што се развива во континуитет и се базира на помагање и поддршка од компанијата во обезбедување неопходни материјали и опрема за потребите на единицата.

ФОТО: Тежела 135 килограми и се плашела од огледало – денес е згодна фитнес инструкторка

На прв поглед Американката Дезирње Алексис- Кае Мајз е само уште една девојка од Инстаграм, која се грижи за здрава исхрана и навики, но сепак нејзината приказна е неверојатна.

Пред две години Дезире имала 135 килограми и имал проблем да се погледне во огледало.

-Тоа беше најлошиот период од мојот живот. Веројатно можев да добијам уште поголема тежина затоа што човек во таква состојба едноставно одбива да се соочи со реалноста, вели Дезире, која има само 25 години, а најлошиот период го минала на само 21 година.

Еден ден, таа едноставно одлучила да го промени животот и се заколнала дека ќе вежба и ќе јаде здраво и посетила лекар. Беше јасно дека килограмите нема да исчезнат без операција на стомакот што ја направила пред една година, а во последните две години успеала да стопи дури 68 килограми.

Утрово нов земjoтpec почувствуван во Македонија

Утринава земjoтpec со интензитет од 3.9 степени според Рихтеровата скала, беше регистриран меѓу Кичево и Дебар.

Земjoтpecoт бил умерен, затоа што бил на голема длабочина, на 100 километри, а се случил во 7 часот и 50 минути.

Земjoтpecoт бил почувствуван и во целиот западен дел од Македонија, дури и во Скопје.

Серија на земjoтpecи пред десетина дена беа регистрирани во околината на Тетово.

Се бара директор за 48 месеци во старски дом Прилеп

Јавната општинска установа Дом за стари лица “КИРО КРСТЕСКИ – ПЛАТНИК” од Прилеп, објави оглас за Директор.

Огласот е објавен на веб страната на Агенцијата за вработување, а заинтересираните кандидати можат да аплицираат до 21.11.2019.

Основната плата за директор на оваа институција изнесува 28,256 денари.

Кандидатите кои се заинтересирани да аплицираат треба да имаат завршено Правен факултет и да имаат 5 годишно работно искуство.

Досега на оваа институција се променија двајца директори во изминатите 2 години, а сега новиот директор ќе се ангажира за период од 48 месеци.

Давале бесплатно гориво за сите што ќе дојдат во бикини, но ова не го очекувале: Наместо жени, се појавиле мажи во танги (Видео)

На една бензинска станица во рускиот град Самара дошле до идеја како да привлечат клиенти. Имено, бесплатно гориво би добиле сите кои би дошле во бикини или во женска долна облека.

Идејата била да се привлечат што поголем број на девојки, но тогаш се случило нешто неочекувано.

Главни клиенти станале мажи во женска долна облека.

Да, како и жените, и мажите можат да облечат бикини ако сакаат бесплатно гориво.

Сепак, маркетиншкиот трик успеал, бидејќи за оваа бензинска станица се слушнало дури и надвор од Русија.

Слушнете ја “И племето И семето”, новата песна на Игор Џамбазов

Популарниот македонски шоумен и пејач Игор Џамбазов ја објави својата нова песнa со наслов “И племето И семето”. Она што од секогаш привлекувало најголемо внимание во музиката на Игор биле текстовите на песните, па така е и овој пат.

Во продолжение можете да го видите и видеозаписот на песната: