дома блог страница 25

Николоски во работна посета во Вашингтон, обраќање во Светска банка и високи средби во Стејт Департментот

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и членови на неговиот кабинет во наредните три дена ќе престојуваат во САД, каде што е предвидено да има средби во Светска банка и Стејт Департментот.

На годишниот форум насловен како ,,Transforming Transportation 2026″, Николоски ја има честа да се обрати како еден од главните говорници.

Николоски е предвидено да има свое обраќање на главната пленарна сесија заедно со еврокомесарот Апостолис Цицикостас. Вицепремиерот Николоски ќе зборува на тема ,,Коридори за одржливо поврзување” каде што ќе се стави акцент на стратешките Пан-европски коридори во Македонија како и инфраструктурните проекти што ги реализира Владата, со силен акцент на актуелната изградба на автопатски делници, како и планирата изградба на брза пруга на Коридорот 10 и железничкото поврзување со Бугарија на Коридорот 8.

За време на настанот предвидени се и бројни средби со менаџментот на Светска банка каде што е планирано да се зборува за тековните и идни проекти што ги реализира Владата, Министерството за транспорт во партнерство со Банката.

Николоски ќе ја искористи посетата на САД и за средби со високи претставници во Стејт Департментот каде што ќе разговара за партнерството и економската соработка помеѓу Македонија и САД како стратешки партнер на државата.

За време на посетата, Николоски ќе има и средби со претставници на Републиканската партија.

Николоски: “Лагите на СДСМ се распрснаа како меур од сапуница, нема договор со Велика Британија за „мигранти за пари“, а сега тоа излезе и на виделина”

Денес како меур од сапуница се распрсна лагата на СДСМ за „мигранти за пари“, истакна министерот за транспорт Александар Николоски, откако британскиот амбасадор во земјава, Метју Лосон,  изјави дека британската влада ниту преговарала, ниту има намера да наметнува решенија што би биле неприфатливи за македонската влада.

„Со Велика Британија имаме Договор за стратешко партнерство и Договор Влада со Влада за реализација на инфраструктурни проекти. Тоа е историско постигнување за Македонија. Откако лагите се распрснаа, сега останува со чист образ да работиме на реализација на проектите брза пруга Табановце-Куманово-Скопје-Велес-Гевгелија-Солун, болници во Штип, Тетово, Кичево, соработка во одбраната и сајбер-просторот“, напиша Николоски.

Со освоени 60 медали, прилепскиот карате клуб “Феникс” убедливо најдобар на интернационалниот турнир „Фунакоши Опен“ (ФОТО)

Новата натпреварувачка сезона за карате клубот „Феникс“ од Прилеп започна онака како што беше завршена и претходната – со нов голем успех и освојување на првото место.

На 7 март, во Кисела Вода, се одржа интернационалниот карате турнир „Фунакоши Опен“, на кој учество зедоа повеќе од 500 натпреварувачи од Македонија, Албанија и Србија. Во силна конкуренција, карате клуб „Феникс“ оствари најдобар вкупен пласман и убедливо го освои првото место на турнирот.

Натпреварувачите на клубот имаа извонреден настап, освојувајќи повеќе од 60 медали во различни категории, што е уште една потврда за квалитетната работа, талентот и посветеноста на каратистите и тренерскиот тим.

Со овој успех, „Феникс“ уште еднаш покажа дека е еден од најуспешните карате клубови и дека и во новата година продолжува со врвни резултати на домашната и меѓународната сцена. 🏆🥋

Мицкоски најави 17 нови инвестиции, 5.000 работни места, 650 милиони евра…

Претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес во изјава за медиуми најави вкупно 17 инвестиции во вредност од околу 650 милиони евра кои треба да креираат до 5.000 нови работни места, а кои се почнати, се реализираат или се во фаза на договарање.

-Втората тема која што е многу важна е економијата. Мојата борба е да донесеме свеж капитал. И кога доаѓа моментот кој треба да направи разлика меѓу нас и нив од СДСМ и ДУИ, е фактот што со огромно задоволство најавувам дека инвестициите коишто или се почнати, или се реализираат или се во фаза на договарање на државна помош, а се дел од портфолиото на ТИРЗ зоните изнесуваат околу нови 650 милиони евра, тоа се 17 инвестиции коишто треба да креираат до 5.000 нови работни места. Ете тоа е нашата борба, посочи Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски ја истакна и јасната разлика помеѓу економските политики на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, со кои во првите шест квартали реалниот раст е 3,5%, за разлика од политиките и владеење на СДС, кои во првите шест квартали реален раст бележеше скромни 2%.

-Тоа е разликата помеѓу оваа Влада и онаа влада која што ја водеше СДСМ. Во 28 квартали, влада СДСМ – ДУИ, имаме реален раст на македонската економија од скромни 2%. Во првите шест квартали од нивното именување, односно избор како влада, па и ако кажам именување нема да погрешам бидејќи знаете како беа октруирани, тогаш како влада после оној политички инженеринг којшто се случуваше во 2017 година. Во првите шест квартали имаа раст од 2%, во првите шест квартали од оваа власт, просечниот раст на македонската економија, реален раст е 3,5%, скоро два пати повеќе, изјави Мицкоски и додаде:

„Тоа се бројки, тоа е разлика која што ја прави ова Влада многу поразлична од владата на СДСМ и ДУИ. Тоа е разликата меѓу нас, додека тие лажат, шират паника и пробуваат да ги злоупотребат чувствата на луѓето и играат на создавање емоции, ние работиме и се трудиме колку можеме да направиме да биде подобро за нашите сограѓани“.

Заслужуваат ли прилепчани и историјата на клубот вакви понижувања?

Со само 14 фудбалери, од кои најстариот со само 21 година, Победа денеска денеска во рамките на 19. коло во Втората лита, гостуваше во Охрид, а од таму во Прилеп се вратија со 10 гола во мрежата….

Да, за жал добро слушнавте, со 10 ГОЛА во мрежата, ПОБЕДА загуби со 10:0 од Охрид. И не, ова не е срам за младите фудбалери, за децата на Победа кои го “кркаат” овој туѓ срам. Ова е срам на раководството, на локалната самоуправа, можеби на сите нас донекаде како општество…

Црвено-белите со сигурност следната сезона ќе играат во трет ранг на натпреварување. Се наоѓаат на 14. место на табелата со само 11 освоени бода.

Во следното коло Победа на “Гоце Делчев” го пречекува Скопје, па најмалку што можеме да направиме е во голем број на стадион да ги поддржиме овие млади деца.

На иницијатива на “Авто Контрол”, а по повод 8. Март, во центарот на Прилеп испратена моќна порака за безбедност и почит кон жените во сообраќајот

По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, станицата за технички преглед Авто Контрол од Прилеп, во соработка со Советот за безбедност, МВР и сообраќајната стpука при СОУ “Ристе Ристески – Ричко” Прилеп, организираше симболична акција во центарот на градот, испраќајќи порака за безбедност во сообраќајот и почит кон жената како важен столб во општеството.

Тие денеска на возачките во централното градско подрачје им поделија цвеќе и симболични подароци, честитајќи им го празникот и потсетувајќи ги на значењето на одговорното учество во сообраќајот.

Од Авто Контрол порачаа дека жената не е само двигател на општествени промени, туку и чувар на животот – и дома и на патот.

„Целта ни со овој заеднички тим да им оддадеме признание на жената возач, односно како што се грижи жената во семејството, така да се грижи и на патот. Се надеваме дека ќе ја подигнеме свеста за безбедно учество во сообраќајот”, посочи Даниела Перканоска, менаџерка и сопственичка на Авто Контрол Станица за технички преглед.

Со оваа 8-мартовска иницијатива, организаторите имаа цел да ја подигнат свеста кај возачите за важноста од технички исправно возило, одговорно однесување во сообраќајот и грижа за сите учесници на патот.

Од таму додаваат дека најголемиот подарок што можеме да си го дадеме едни на други е – безбедно враќање дома.

Верниот прилепски народ до последно место ги исполни храмовите на Вториот Акатист посветен кон Пресвета Богородица во Великиот пост (Фото галерија)

Во вториот петок од Великиот Велигденски пост во прилепските црковни храмови, се отслужи Големо повечерие на кое се читаше акатистот посветен кон Пресвета Богородица и се освети петтолебие за здравје и спасение на верниот народ.

Прилепчани до последно место ги исполнија црквите и принесоа петтолебија за здравје и спасение на себе си и своите ближни.

Мајката Црква, премудро одредила, за време на Четириесетницата (Великиот пост), која е време кога ние христијаните треба да вложиме дополнителен труд за духовно усовршување, преку особена служба, која се нарекува Акатист, ние верните да упатуваме молитви и кон Пресветата Богородица.

Црквата од векови не почучувала дека за време на нашиот краток животен век, кој е обременет со многу животни искушенија, за нас е дужеполезно да ја повикуваме за помош Мајката на нашиот Господ Исус Христос, Пресветата Богородица и да ја молиме да го моли својот Син и наш Бог, Исус Христос, да не’ запази од животните бури.

Во деновите, кога се служи овој посебен чин, Акатистот кон Пресвета Богородица (петоците), според православната традиција, верните принесуваат петтолебие од благодарност кон Бога и за здравје на нивните семејства. Меѓу народот, вообичаено се вели: „Испеј си едно петолебие за здравје“

Петолебието е кратка служба на Благодарност, преку која ја изразуваме нашата благодарност кон Бога за сите благослови во животот. Маслото, виното, пченицата и лебовите што се употребуваат во службата ги претставуваат најосновните елементи неопходни за живот. Ова благословување не’ потсетува на чудото на умножување на лебовите и рибите од страна на Христа, со кои нахранил мноштво луѓе.

Ова благословување обично се извршува за време на празнично вечерно богослужение и особено во петоците од Великиот пост.

По службата, лебовите се разделуваат меѓу присутните верници. Овој благословен леб помага против секакво зло, доколку се прима со вера.

Нема потреба од паника дека нема да има нафта, порачуваат од Владата

-Апсолутно состојбата е во ред и ние ја следиме. Нема никаков проблем и нема потреба од создавање паника кај граѓаните дека нема да има нафта, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Одговорајќи на новинарски прашања по панелот за растот на економијата во Владата, Димитриеска-Кочоска информира дека вчера во Министерството се одржал состанок со нафтените компании и ниту една од нив не кажала, како што рече, дека има каков било проблем со залихи на нафта. Инспекторите во однос на цените и евентуални поскапувања, напомена, се на терен. Повеќе од 100 бензински пумпи биле посетени од Државниот пазарен инспекторат во тек на едно деноноќие.

Министерката оцени дека ако се оцени дека има потреба, Владата ќе прогласи кризна состојба и Министерството за финансии ќе ги активира инструментите согласно законот.

Таа упати прашањата за цените на бензините и нафтата да се упатуваат до Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) која, информира, ќе заседава в понеделник.

-Жал ми е што во секоја ваква ситуација поединци секогаш се трудат да остварат профит и тоа е целта што најверојатно голем дел од луѓето ги води, па созвдаваат вештачки кризи, дека нема доволно нафта. Состанокот вечра беше на одличлно ниво, ниту една компанија не кажа дека воопшто има каков било проблем со залихи на нафта. Вчера беа сите нафтени компани, прашани беа една по една и сите рекоа дека се е во ред. Ако газдите не знаат каква е ситуацијата, не може ние да викаме дека не ек ако што треба. Нема потреба од создавање паника, а законите имаат предвидено се и институциите ќе постапат. Сите ја следиме состојбата и соодтевно ќе реагираме. Во законот за акциси има автоматски стабилизатори. Тоа значи, ако се прогласи кризна состојба во државата, по автоматизам министерот за финансии носи одлука за промена на цената на акцизата. Ако е цената на нафтата оди нагоре, намалувањето е 1, 2 и 4 денари зависно од тоа во кој праг влегуваме. Но, состојбата ја следиме, се е под контрола. Нема потреба граѓаните да чувствуваат паника. В понделеник, РКЕ, која е надлежна за цените, ќе се состане. Таа одлучува како независен орган. Ние како Министерство сме ги вградиле автоматските стабилизиатори и ако има потреба, Владата ќе прогласи кризна состојба и ние веднаш ќе постапиме. Во однос на претходни кризи и искуства гледаме дека ситуацијата е многу постабилна, но ние не сме експерти за нафта, најсоодветно е за тоа да ги прашате РКЕ, порача Димитриеска-Кочоска.

Министерката не кажа дали има и други, нови инспекциски контроли. За тоа е најдобро, рече, да се праша Министерството за енергетика.

-На неколку пумпи е збележано, зашто од главните складишта не биле испорачана нафта или бензин до пумпите. Но, тоа е во рамки на организацијата на самите компании, кажаа сите вчера дека нема никаков проблем и дека ова може да се случи во кои било услови и дека им требаат неколку часа за транспорт на нафтата од складишѓето до пумпата. Во однос на кризна состојба, повторно ќе кажам, не можам да се согласам дека можеме да предвидиме, денеска цените се стабилни и имаше намалување за еден дполар во однос на вчера, потенцира Димитриеска-Кочоска.

FacebookTwitterCopy LinkShare

Емирати ги суспендира сите летови до и од Дубаи на неодредено време

Најголемата меѓународна авиокомпанија во светот ,,Emirates” ги суспендираше сите летови до и од Дубаи до понатамошно известување.

Најновото ажурирање за патувањата на Емирати доаѓа во сабота, 7 март, само еден ден откако авиокомпанијата објави планови за продолжување на целосното работење во наредните денови.

Сепак, авиокомпанијата сега ги повикува патниците и персоналот да не патуваат до аеродромот.

Емирати повтори дека безбедноста на своите патници и екипаж нема да биде загрозена.

Повеќе од 30.000 патници патувале со авиокомпанијата во последните денови од Дубаи, но со најново соопштение засега ќе нема летови.

Сите градски пунктови за пријавување низ Дубаи се исто така затворени до понатамошно известување.

Ситуацијата останува динамична и континуирано се оценува од властите на ОАЕ.

Утре во Прилеп се отвора првата модерна МЕНЗА – целото мени по промотивна цена од само 130 денари за порција!

Во време кога секојдневието е брзо, а времето за готвење сè помалку, во Прилеп конечно доаѓа нешто што одамна му недостасуваше на градот – првата модерна МЕНЗА со домашно готвена храна.

Утре, (07.03) во 10:00 часот “МЕНЗА” за прв пат ќе ги отвори вратите, и ќе ве води низ едно ново гастрономско искуство на традиционални и модерни вкусови.

“МЕНЗА” се наоѓа на ул. „Егејска“ бр. 23 – поранешен дуќан на МАТАДОР, наспроти Универзална сала.

На првиот работен ден и изненадување за сите посетители – специјална промотивна цена од само 130 денари по порција за сите јадења, а на менито ќе има навистина БОГАТ ИЗБОР!

…лосос со портокал, рижото со морски плодови, посна лазања, грав, телешка чорба, јанија, бегова тава, пилешко во различни сосови, свинско печено во сос, плескавица, стек на скара, криспи стек, домашен колбас, бурито со пилешко или свинско месо и многу други специјалитети…

Зад кујната на МЕНЗА стои тим од искусни готвачи кои добро ја познаваат традиционалната кујна и знаат како да го задржат вистинскиот домашен вкус. Секој оброк ќе биде свежо подготвен, квалитетен и достапен – токму она што му беше потребно на градот.

Покрај главните јадења, во понудата секогаш ќе има и различни салати, прилози и десерти, меѓу кои Цезар салата, мешана салата, компир, ориз со зеленчук, како и слатки како раванија, бомбици и мафини.

Она што ја прави МЕНЗА посебна е тоа што посетителите конечно ќе можат да јадат домашно готвена храна во удобен и модерен простор за седење, со обезбеден паркинг и без брзање – нешто што досега ретко можеше да се најде во Прилеп.

На првиот ден од отворањето, МЕНЗА ќе работи од 10:00 до 16:00 часот, додека од понеделник (09 март) работното време ќе биде од 08:00 до 16:00 часот.

За нарачки и информации достапен е и телефонскиот број: 076 231 075.

Сопствениците најавуваат дека ова е само почеток и ги повикуваат прилепчани да ги следат социјалните мрежи на МЕНЗА на Facebook и Instagram, каде редовно ќе бидат објавувани новостите и дневните менија.

Со ваква понуда и промотивни цени за отворањето, очекувањата се големи, а ако се суди според интересот – утре во Прилеп веројатно ќе се чека ред за домашно готвена храна.