дома блог страница 23

ЖРТВИТЕ СЕ ОХРАБРУВААТ! 14 насилници пријавени во изминатите 48 часа низ Македонија

Oд МВР информираат за 14 пријавени насилници во изминатите 48 часа:

На 09.03.2026 во 16:10 часот во ОВР Гостивар, 35-годишна жена од Кичево пријави дека, поради претходно недоразбирање, нејзиниот поранешниот сопруг Е.И. ѝ упатувал закани и агресивно се однесувал кон неа.

На 09.03.2026 во 19:57 часот во СВР Тетово, 21-годишник од гостиварко пријавил дека во семејниот дом, неговиот татко Г.А. агресивно се однесувал, кршел предмети и од членовите на семејството барал пари и им упатувал закани.

На 10.03.2026 во 04:00 часот ОВР Гостивар, 44-годишна жена од гостиварко пријавила дека, поради претходно меѓусебно недоразбирање, нејзиниот брат физички ја нападнал.

На 10.03.2026 во 00:55 часот во гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.Р.(21) од селото, постапувајќи по претходна пријава од неговата невенчана 23-годишна сопруга дека агресивно се однесувал и физички ја нападнал, при што употребил и остар предмет.
На 09.03.2026 во СВР Охрид е пријавено дека И.А. и Ј.А. во семејниот дом во Охрид агресивно се однесувале кон нивната снаа и физички ја напаѓале.

На 09.03.2026 во 11:50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиле од слобода 65-годишен кавадарчанец, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 64-годишна сопруга.

На 09.03.2026 во 11:00 часот во СВР Скопје, 46-годишен маж пријави дека околу 07:00 часот во домот на подрачјето на Центар бил нападнат со тврди предмети од неговата 37-годишна сопруга. Исто така, на 10.03.2026 во 01:00 часот, 37-годишна жена пријави дека претходниот ден во домот била нападната со тврди предмети од нејзиниот 46 – годишен сопруг.

На 10.03.2026 во 04:30 часот во СВР Скопје, 34-годишна жена пријави дека од месец септември 2025 година досега, во скопско, нејзиниот сопруг С.А.(36) ѝ упатувал закани, а на 07.03.2026 физички ја нападнал.

На 10.03.2026 во 03:40 часот во СВР Скопје, 75-годишна жена пријави дека на 09.03.2026 во домот во скопско била физички нападната од нејзината снаа Е.С.(28).

На 09.03.2026 во 21:00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена пријави дека на 08.03.2026 во домот била физички нападната од нејзиниот невенчан сопруг А.А..

На 09.03.2026 во 15:30 часот во СВР Скопје, 39-годишна жена пријави дека на 08 и 09.03.2026 во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот 33-годишен вонбрачен партнер. Исто така, во 17:30 часот, 33-годишен маж пријави дека во семејниот дом бил физички нападнат од неговата 39-годишна вонбрачна партнерка.

На 09.03.2026 во 13:30 часот во СВР Скопје, 38-годишен маж пријави дека на 07.03.2026 во домот на подрачјето на Центар, неговата партнерка И.К.(36) го нападнала со тврд предмет.

На 09.03.2026 во 22:30 часот во Скопје на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Љ.Б.(68) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода упатувал закани со остар предмет на неговиот 35-годишен син.

На 08.03.2026 во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР
Скопје го лишија од слобода А.К.(31) од Скопје, по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата бремена 30-годишна сопруга.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случаите, по што против лицата ќе следуваат соодветни пријави.

Прилепчанец освои трето место на турнир, а се натпреваруваше и со четири години постари од него

Изминатиот викенд во Крива Паланка, се одржаа натпреварите од турнирот Телеком мастерс 2026 за јуниори до 19 години. Особено интересна беше машката конкуренција, каде што одличен настап имаше прилепчанецот Мартин Ристески од ППК Полиоспорт.

Иако има само 15 години и настапуваше против ривали постари и до четири години, Ристески успеа да стигне до одличното трето место.

Победник во оваа категорија е Александар Јакимовски од ППК Крива Паланка, второто место му припадна на Лука Стојчев од ППК Астраион, трет е Ристески, додека четвртото место го освои Дарко Китановски од ППК Пелагонија.

Новата сезона штотуку започна, а претстои возбудлива борба за што подобри пласмани на претстојните натпревари.

Мицкоски: Нема прекини во снабдувањето на гориво, имаме најниски цени на горива во регионот (ВИДЕО)

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во изградба на пречистителната станица во населеното место Кучевишка Бара, Општина Чучер Сандево.

Вкупниот износ на овој проект изнесува 129.717.440 денари. Премиерот по увидот даде изјава за медиумите, а воедно одговараше новинарски прашања за моменталите зголемувања на цените на нафтата.

-Факт е дека како држава имаме убедливо најниска цена на нафтата и тоа во моментот е и можеби добро од еден аспект, но од друг аспект во дел од пограничните општини во делот на бензинските пумпи се создава притисок од соседството. Бидејќи голем број од граѓаните од соседството доаѓаат да точат дизел гориво и затоа се случува да на некои бензиски пумпи да снема гориво од тоа што е очекувано. Но тоа брзо се надоместува, нагласи Мицкоски.

Тој потенцира дека државниот пазарен испекторат е континуирано на терен и нема прекини во снадбувањето.

-Ако се има во предвид после нивелирањето на цената после вчера од страна на Регулаторна комисија за енергетика кај нас дизел горивото е 1,39 евро во соседна Албанија е 1,8 евра односно за околу 30% поскапо и логично е да имаме притисок во западниот дел во државата. Исто така во Србија е 1,73 евро – центи што е некаде околу 25% поскапо од тоа што е во Македонија, како и во Косово варира цената ама достигнува до 1,52 евро што е некаде околу 10%, потенцира Мицкоски.

Премиерот потенцира дека во регионот имаме најниска цена за дизел горивото а слична е цената и со бензинот 95 октани и 98 октани.

-Очекуваме притисок од предиодот што следи но имаме доволно количини, разговараме со дистрибутерите и со компаниите коишто ги снабдуваат граѓание и македонската економија со нафта и нафтени деривати и во моментот нема опасност од било каков недостаток. Ние како Влада продолжуваме да ја следиме состојбата. Можеби условно кажано е добра вест е што утринава од она што можев да го видам и брентот и останатите продукти на светските берзи се во опаѓање. Ако вчера го достигнаа пикот од 120 долара за барел, денеска веќе се тргуваат за некаде 90-тина долари за барел. Ја следиме целата состојба многу внимателно и во зависност од развојот на настаните така и ќе реагираме“, дециден е премиерот Мицкоски..

Премиерот најави дека утре ќе има состаноци со претставници на ланците на супермаркети и хипермаркети, со цел да не се користи сегашната состојба и веднаш да се зголемат цените производите.

„Јас во текот на утрешниот ден имам состанок и со ланците супермаркети, хипермаркети итн. Сакам со нив да поразговарам да не се користи сега овој притисок да веднаш да се зголемат цените и притисокот да се префрли врз потрошувачката кошница на граѓаните, за да не мораме ние како Влада да преземаме друг тип на офанзивни мерки. Комисијата за заштита на конкуренцијата и Државниот пазарен инспекторат ќе го следат однесувањето на трговците на производи на мало и на големо. Врз основа на нивното однесување така и Владата ќе се однесува. Така што очекуваме и тие да имаат фер однос кон граѓаните, за да и ние како Влада бидеме фер кон нив, односно заеднички во овие моменти да го заштитиме стандардот на граѓаните, бидејќи тоа претставува наша цел и приоритет во моментов“, објасни тој.

Премиерот Мицкоски во однос на предлогот на опозициската СДСМ, истакна:

„Јас неслучајно, не ги прокоментирав, бидејќи станува збор за прилично несериозни, неточни, непрецизни предлози. Бидејќи ако во еден момент ги слушате како создаваат хистерија за 600, 700, 800 евра минимална плата, а од друга страна велат да се избришат даноците, да нема данок на додадена вредност итн., па не враќа во едни други времиња, на соцболшевизам и еден вид на таква економија. Затоа се обидов воопшто да не ги коментирам творците на канабис економијата во Македонија, луѓе коишто буквално ја ограбија Македонија, ги понижија македонските граѓани, ја понижија државата. И понекогаш можеби и молкот е доволен одговор на некое прашање.

Во моментот не гледаме потреба од прогласување на кризна состојба, токму поради овие аргументи за коишто веќе зборував“.

Ова што го прават поединци во Прилеп е нечовечно и се коси со здравиот разум (ФОТО)

Еве како наши сограѓани “го решаваат” проблемот со младите кои преку денот, или навечер седат на клупите во парковите и се дружат.

Истурено прегорено масло на клупите во паркот кај зградите на ул. “Димо Наредникот”… Ова може да го направи само човек без грам мозок, едноклеточен организам, кој еве на ваков начин ќе ја задоволи сопствената суета и его, дека тој е семоќен, дека тој е “сопственик” на секое општествено добро, па може да прави што сака…

Жално, бедно и мизерно со кој се го делиме воздухот!

Домашен ручек како од кујната на нашите баби и мајки – Денеска во МЕНЗА ве чека богато МЕНИ

Ако денес барате вкусен, топол и домашно подготвен ручек, вистинското место е МЕНЗА – првата модерна менза во Прилеп.

Место каде што можете на раат да седнете и да ручате со пријателите, колегите од работа или со семејството – за време на паузата или после работните обврски.

Во МЕНЗА ве очекува традиционална домашна кујна, свежо подготвена секој ден, со јадења што потсетуваат на вкусот од дома.

🥘 Денешно мени (ВТОРНИК 10.03.)

• Мусака
• Бегова тава
• Пилешко во крем сос со печурки
• Пилешко во кари сос
• Пилешко во путер од кикирики
• Криспи стек
• Динстано свинско
• Свинска вешалица во сос од печурки (после 10 часот)
• Телешка чорба
• Телешка јанија (после 10 часот)

🥗 Посно мени:
• Посна тава
• Грав
• Лосос во сос од портокал
• Рижото со морски плодови

🔥 Скара:
• Плескавица
• Домашен колбас
• Стек

🥗 Салати:
• Цезар салата

🥔 Додатоци:
• Ориз
• Салата
• Пекарски компир

📞 Нарачки и информации на тел.бр.: 076 231 075

👉 МЕНЗА – Прилеп
Традиционално и вкусно!

Дојдете денес и уживајте во највкусната домашна кујна во Прилеп.

Ретроспективната изложба на слики од уметницата Ита ТС Арт во среда во Прилеп

Ретроспективна изложба на слики од уметницата Ита ТС Арт ќе биде отворена на 11 март, среда, од 19 часот во Ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“.

Ќе бидат изложени 30 дела, со кои уметницата ќе одбележи 35 години творештво.

– Сакам на прилепската публика да и го пренесам моето творештво. Сликите се работени во различни периоди, акрил на платно се и на картон. Мотивите се најралични. Многу сум среќна што одбележувам јубилеј во мојот роден град – вели уметницата.

Ита ТС Арт живее и твори во САД. Досега има реализирано изложби во Македонија, во САД и низ Европа.

Maрјан Ристески се враќа во општина Прилеп – еве што ќе се случува денеска

Денеска, 10 март, во Големата сала на Општина Прилеп ќе се одржи информативна сесија посветена на примената на Законот за работно ангажирање на лица, наменета за работодавачи, земјоделци, невработени лица, студенти, пензионери и сите граѓани кои сакаат повремено или сезонски да бидат работно ангажирани.

Настанот се реализира во рамки на проектот „Подобри услови за вработување на сезонските работници во Република Северна Македонија“, кој го спроведува Центарот за истражување и креирање политики во партнерство со Министерството за економија и труд и Агенцијата за вработување, со финансиска поддршка од Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ).

Информативната сесија е дел од кампањата „ФЕР АНГАЖМАН“, чија цел е запознавање на јавноста со практичната примена на Законот за работно ангажирање на лица, кој започна да се применува од 1 јануари 2026 година.

На настанот ќе бидат презентирани можностите што ги нуди новото законско решение, како и придобивките за работодавачите и за лицата кои сакаат да бидат ангажирани сезонски или повремено. Присутните ќе имаат можност да се запознаат со постапката за електронска пријава и одјава, како и со правата и обврските што произлегуваат од овој закон.

Законот е особено значаен за општините со развиена земјоделска и угостителска дејност, каде сезонската работна сила има важна улога во локалната економија.

На настанот најавено е присуство на градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, претставници од Германското друштво за меѓународна соработка, директорката на Центарот за истражување и креирање политики, како и претставници од Министерството за економија и труд.

Прилепчани се испотепале во маркет на 8 март

-На 08.03.2026 во 17:00 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека во маркет во Прилеп, В.Т. (45), С.К. (46) и О.К. (47), сите од Прилеп го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, информираат од СВР Битола.

„Еј жено, храбро срце носиш“ – новата емотивна балада на прилепчанката Елена Велевска со моќна порака за жените (ВИДЕО)

„Еј жено надеж се гаси ко ранета срна во снегот, очајот не ти е брат – разбуди го ѕверот…

Еј жено… гордо исправи се, немој за милост да молиш…“

Со овие силни стихови започнува новата емотивна балада на Елена Велевска – песна со симболичен наслов „Еј жено“, песна со моќна порака за силата, достоинството и храброста на жената, која пејачката ја објави токму на Меѓународниот ден на жената и им ја посвети на сите жени и мајки.

Станува збор за моќна композиција со силна порака за достоинството, храброста и силата што секоја жена ја носи во себе. Баладата зборува за падовите, разочарувањата и борбите со кои се соочува секоја жена низ животот, но и за силата повторно да се исправи, со крената глава и со верба во себе.

„Еј жено, храбро срце во градиве носиш жено…

немој да дозволиш денес да не ти е денот…“

Токму таа емоција и искреност Елена маестрално ја пренесува во интерпретацијата, претставувајќи се во едно поинакво, подлабоко и посензитивно музичко светло. Новата песна носи една нова, зрела и силна Елена, со енергија што можеби навестува и нов правец во нејзината музичка кариера.

Интересна е и самата приказната околу создавањето на песната. Текстот, чиј автор е Љупче Василев, е напишан пред околу пет години. Пред три години тој ѝ го покажал на Елена, а нејзината реакција била кратка и јасна – „Чувај ми го“. Песната трпеливо го чекала својот момент, сè до неодамна кога Василев повторно ја потсетил дека стиховите сè уште ја чекаат.

И како што се вели „кога нешто треба да се случи, едноставно се случува“, така и оваа емотивна балада конечно го доби својот вистински момент.

Музиката, аранжманот и целокупната продукција се дело на Дејан Момироски, додека видеото е реализирано во соработка со Томато продукција.

„Ова е една од најпосебните песни во мојата досегашна кариера. Долго го чекаше својот момент и ете се случи. Многу е поразлична од она што досега сум го работела, но се пронајдов во неа. Како да е пишувана токму за мене“, вели Велевска, не криејќи го задоволството од финалниот производ и признавајќи оти силно верува во песната.

Со „Еј жено“ Елена испраќа порака до сите жени – да бидат храбри, горди и никогаш да не дозволат животот да им ја одземе силата.

А стиховите – „Еј жено љубовта умре, но нова пак ќе се роди, животот еден е – не давај да те боли…“ се само нежен, но силен потсетник дека секоја жена, без оглед на искушенијата, во себе носи сила повторно да се исправи и да продолжи напред.

„Еј жено“ е веќе достапна на сите дигитални платформи, а видеото може да се погледне на официјалниот YouTube канал на Елена Велевска.

Oд 110 долари за барел утрово, цената на нафтата вечерва почна да паѓа

Цените на нафтата денеска се вратија на ниво под 100 долари за барел по скокот на отворањето, бидејќи главните производители од Блискиот Исток почнаа да го намалуваат производството по нарушувањата во транспортот во Ормускиот Теснец.

Така, нафтата брент е во пораст од околу осум отсто и е на ниво од околу 99,5 долари за барел, а американската сирова нафта WTI (West Texas Intermediate) за околу четири отсто и се движи околу 95 долари за барел, пренесе Трејдинг економикс.

Со значително ограничениот сообраќај на танкери, неколку клучни производители, како што се Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт и Ирак, почнаа да го ограничуваат производството, бидејќи складиштата брзо се полнат. Прекинот во снабдувањето ги зголеми загриженостите за светскиот недостиг на енергија и растечка инфлација.

Сепак, цените подоцна се смирија откако министрите за финансии на Групата седум најразвиени земји рекоа дека Г7 по потреба ќе ослободи нафта од стратешките резерви.

Минатата недела, суровата нафта скокна за околу 35 отсто, што е најголем неделен пораст во тргувањето од почетокот на евиденцијата во 1983 година. Последен пат цените се искачија над 100 долари за барел по почетокот на војната во Украина во 2022 година.