дома блог страница 21

Николоски на министерски состанок во Вашингтон: Реализираме огромен инвестициски циклус од неколку милијарди евра на коридорите – Ги развиваме автопатите и железницата на двата коридори

Реализираме огромен инвестициски циклус од неколку милијарди евра во развој и модернизација на коридорите во Македонија. Работиме на изградба и модернизација на автопатски делници, инвестираме во изградба на брза пруга на Коридор 10 и железничко поврзување на Исток, а со подршка на Светска банка работиме на модернизација на граничните премини со Албанија и Бугарија, се обрати заменик претседателот на Владата, Александар Николоски во рамки на министерскиот состанок организиран од Светска банка.

“Имаме среќа што двата пан европски коридори се пресекуваат во нашата земја. Тоа е Коридорот 10 што го поврзува југот на Европа со северот на Европа и тоа е најдолгиот коридор во Европа. Вториот коридор е Коридор 8 што оди од запад кон исток, започнува во Албанија и завршува во пристаништето Одеса во Украина и сега се смета за втор најважен безбедносен коридор за НАТО. Се обидуваме да ги развиеме двата коридори. Имаме огромен инвестициски циклус од неколку милијарди евра што го реализираме на двата коридори, што потоа отвора нови можности за развој на бизнисот покрај нив” – се обрати вицепремиерот Николоски.

Пред присутните, тој ги потенцира капиталните проекти што во моментов се реализираат во Македонија.

“Со нашите партнери и пријатели од Обединетото Кралство работиме на изградба на брза пруга која треба да оперира до 200 км на час за патнички сообраќај и 120 км на час за транспорт. Потпишавме договор со нашите бугарски соседи за заедничко железничко поврзување на Коридорот 8 и го развиваме овој коридор со финансиска подршка од ЕУ и неколку банки. Со Светска банка тесно соработуваме на проектот за локални патишта каде во секоја општина градиме локални патишта. Работиме и на модернизација на најголемиот граничен премин со Албанија, потоа и на најголемиот граничен премин со Бугарија на Коридор 8. Исто така работиме и на проект со Царината. Тоа е проект за нов едношалтерски систем, кој треба да овозможи товарниот сообраќај да биде многу побрз и многу поефикасен”– додаде вицепремиерот Николоски.

Во своето обраќање истакна дека веќе се работи на проект преку кој треба да се поврзат Коридорот 10 и Коридорот 4 во Бугарија, а со тоа Македонија да се поврзе кон Турција и Блискиот Исток. Се заблагодари за подршката на Светска банка и во делот на финансиите и во делот на експертизата што ја овозможува за Македонија.

ЕКО авантурата на Изворска Јуниор реализираше 120 претстави, кои ги проследија повеќе од 30.000 деца ширум Македонија (ФОТО)

Едукативниот театарски караван „ЕКО авантура“, реализиран со поддршка од Кожувчанка Компанија, а во продукција на „Продукција Триангл“ и под режисерско водство на Десанка Глигоријевиќ , успешно го заокружи своето прво големо издание.

Во текот на 2025 и почетокот на 2026 година беа изведени 120 претстави, кои ги проследија повеќе од 30.000 деца. Преку театар, игра и интеракција, децата имаа можност на забавен начин да научат за заштитата на животната средина, рециклирањето и значењето на здравите навики, особено редовната консумација на вода.

Големиот интерес и позитивните реакции од децата, воспитувачите и родителите ја потврдија вредноста на проектот и отворија простор за негово понатамошно развивање и создавање нови едукативни концепти наменети за најмладите.

„Нашата цел беше да создадеме претстава што на забавен и разбирлив начин ќе ги доближи важните еколошки пораки до децата. Реакциите на публиката ни покажаа дека успеавме во тоа“, изјави режисерката Десанка Глигоријевиќ.

„Големиот интерес и позитивните коментари за „Е КО авантура“ се наша силна мотивација и натаму да продолжиме со поддршка на едукативни проекти кои се од голема важност за децата и идните генерации“ , истакна менаџерот за маркетинг и комуникации на компанијата Кожувчанка Митко Јовановски .

Со овој проект, к омпанија та Кожувчанка уште еднаш ја потврдува својата посветеност на општествената​ одговорност особено вложува јќи во најмладите, каде што започнува секоја вистинска промена.

Од скромен почеток до највреден македонски бренд – 70 години Витаминка

Има брендови што ги купуваме. Има и брендови со кои растеме. Витаминка веќе 70 години е дел од втората приказна. Седум децении, низ различни времиња, држави, генерации и навики, Витаминка остана присутна таму каде што е најважно, во домовите. Во вкусот што нè потсетува на детството, во секоја семејна средба, во малите секојдневни моменти што стануваат најдраги спомени. Затоа речиси и да нема семејство што не ја препознава Витаминка како „своја“.

Приказната за денешна Витаминка започна во 1956 година во Прилеп, скромно, со мелен црвен пипер и голема посветеност. Од тој почеток, чекор по чекор, Витаминка изгради свет на вкусови што денес брои стотици производи и брендови кои се дел од секојдневниот живот од првите детски ужинки со Стоби флипс, преку семејните трпези со Витанез мајонез и препознатливиот кечап, до слатките моменти со Атлантис, Фрути и Деспина и освежувањето со Цевитана.

И токму во тоа е силата на оваа приказна, вкусовите што не се менуваат затоа што се докажани, а се сакани затоа што будат доверба. Витаминка е нишката што ги поврзува генерациите, преку истиот препознатлив вкус.

Витаминка освен што е емоција и вкус на повеќе генерации, таа е највредниот македонски бренд, создаден од македонски знаења и труд, симбол за квалитет, сигурност и континуитет.

По 70 години Витаминка продолжува напред, со истата посветеност, со препознатливите вкусови и со јасна визија. Да остане бренд што не се мери само по бројот на производи, туку по местото што го има во животите на луѓето. Бренд што не е само дел од пазарот, туку дел од домот.

Општина Крушево започнува процес за репроценка на недвижниот имот

Општина Крушево информира дека од денес започнува процесот на репроценка на недвижниот имот на територијата на општината.

Во наредниот период, овластени тимови од Општина Крушево ќе спроведуваат теренски посети со цел прибирање на потребните податоци за ажурирање и усогласување на евиденцијата за недвижниот имот.

Од Општината апелираат до граѓаните за соработка и разбирање при реализацијата на оваа законска обврска.

За сите дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат во Општина Крушево.

Бесплатни физиотерапевтски услуги за граѓаните од Општина Кривогаштани

Во Општина Кривогаштани започа спроведувањето на нова услуга – бесплатни физиотерапевтски третмани наменети за граѓаните на општината.

Според информациите од општината, услугата ќе се реализира еднаш неделно, секој вторник во периодот од 10:00 до 14:00 часот. Целта на оваа иницијатива е да им се овозможи на жителите полесен пристап до физиотерапевтска помош, особено на лицата кои имаат потреба од рехабилитација, третмани за болки во мускулите и зглобовите или превентивна терапија.

Од Општина Кривогаштани информираат дека сите заинтересирани граѓани можат да добијат дополнителни информации за термините и начинот на пријавување на телефонскиот број 076/250-29.

Со оваа услуга локалната самоуправа има за цел да придонесе за подобрување на здравјето и квалитетот на живот на жителите во општината.

Фонтаната со шеснаесеткракото македонско сонце наскоро повторно ќе блесне на Плоштад Магнолија (ФОТО)

Екипите на ЈКП Водовод Битола започнаа со подготовките за повторно пуштање во работа на фонтаната кај Саат Кулата во Битола. Во тек се технички активности и проверки, по чиј завршеток фонтаната повторно ќе биде ставена во функција.

Од претпријатието информираат дека и понатаму продолжуваат со редовните активности на терен, со цел уредување на јавните површини и подобрување на условите за граѓаните.

Liza Makeup and Nails Прилеп – место каде убавината се негува со љубов (Фото галерија)

Секој заслужува момент за себе – момент кога ќе застане, ќе се опушти и ќе се почувствува убаво во својата кожа. Во Liza Makeup and Nails веруваат дека негата не е само услуга, туку внимание, грижа и убаво искуство за секој клиент.

Со многу посветеност, професионалност и позитивна енергија во Liza Makeup and Nails ви нудат:

💅 Маникир – за негувани и елегантни нокти

🦶 Педикир и медицински педикир – грижа за здрави и убави стапала

🫧 Jelly Spa – релаксирачки третман за стапала со желе бања што ја омекнува кожата и овозможува вистинско spa уживање

Депилација – прецизна и внимателна услуга за мазна и негувана кожа

💄 Професионална шминка – за настани, прослави и посебни моменти

👰 Шминка за невести – нежна, долготрајна и совршена визија за вашиот најважен ден

Работaт со внимание на секој детал, квалитетни производи и индивидуален пристап, со желба секој што ќе ги посети да си замине со насмевка, самодоверба и чувство дека направил нешто убаво за себе.

🌸 Дозволете си момент на нега, убавина и релаксација во Liza Makeup and Nails.

📩 За повеќе информации и закажување термин, пишете им на Инстаграм: Lizamakeupandnails, јавете се на телефонскиот број: 075 680 100 или посетете ги на ул. “8-ми Март”,  во Старата прилепска чаршија, во близина на Саат Кулата.

Жртвите се охрабруваат! Сопруги од Прилеп и Битола си ги пријавиле мажите за семејно нacилство

Во денешниот полициски билтен, МВР информира за шест пријавени настани со семејно насилство во изминатото деноноќие низ Македонија, при што лишени од слобода се пет лица. Меѓу настаните има еден регистриран во Битола и еден Прилеп.

-На 10.03.2026, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода И.Р.(33) од битолско село, затоа што, според пријавеното, во семејниот дом физички ја нападнал неговата 25 – годишна сопруга.

-На 10.03.2026 во 14:30 часот во ОВР Прилеп, 45 – годишна прилепчанка пријавила дека во семејниот дом во Прилеп била физички нападната од нејзиниот сопруг Е.Ш..

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави – стои во соопштението од МВР.

Убавината не само изглед – Прекрасен креативен настан во Битола посветен на жените кои создаваат стил, самодоверба и нови можности (Фото галерија)

Убавината не е само изглед. Убавината е храброст, креативност и самодоверба, е мотото на настанот „Убавината како став“, посветен на промоција на жени претприемачи од индустријата за убавина – жени кои преку својата работа создаваат стил, самодоверба и нови можности.

На настанот кој го организираше Советот за женско претприемништво на Општина Битола, се обрати градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Присутните имаа можност да се запознаат со успешни жени од секторот за убавина, да видат презентации во живо на нивните услуги и производи, да слушнат инспиративни приказни за претприемништво и да воспостават нови соработки и контакти.

На неколку дена по Меѓународниот ден на жената се случи овој настан кој беше простор каде креативноста, бизнисот и женската енергија се спојиа, се прославуваше убавината како сила, став и претприемачка приказна.

„Добредојдени се сите кои веруваат дека убавината е повеќе од изглед – таа е начин на изразување и создавање сопствен пат“ , беше речено на настанот.

Викенд програма во Pub Club Terasa – местото каде што Прилеп пее, се забавува и ужива!

Ако барате место каде што се спојуваат добрата атмосфера, квалитетната музика и вкусните мезлаци – тогаш Pub Club Terasa е вистинската адреса. Најдобрата и најраспеаната тераса во Прилеп ви нуди уникатно доживување – место од каде прилепската чаршија ја имате буквално на дланка, со поглед, амбиент и енергија што се паметат.

Добро друштво, насмевки, одлична музика и разновидни мезлаци – совршена комбинација за викенд што ќе го раскажувате и следната недела. Ваше е само навреме да резервирате, да понесете добро расположение и омиленото друштво, а за се друго ќе се погрижи тимот на Тераса.

ПРОГРАМА ЗА ОВОЈ ВИКЕНД:

Петок | 13.03.
Одличното дуо G & G Band ќе ја загрее атмосферата со жива музика и добро познати хитови.

Сабота | 14.03.
Новa вечер, нова дружба – на сцената настапуваат маестралните DUO FISH, кои гарантираат уште една незаборавна ноќ на Тераса.

☕ А помеѓу двете забави…
Не заборавајте ја саботната кафе-дружба на Тераса. Топлото пролетно сонце е вистински магнет навреме да си зафатите маса со поглед кон Градскиот Саат – совршен момент за кафе, муабет и уживање во чаршиската атмосфера.

📞 Резервации: 070 304 967

Terasa – таму каде што викендите имаат посебен вкус.