дома блог страница 20

Победа тренираше со 9 играчи, останатите се во школо – Навивачите со важен апел до сите!

Фудбалскиот клуб ФК Победа денеска го одржа тренингот со значително намален број фудбалери, откако дел од младинците од категориите кадети и пионери, кои се приклучени кон првиот тим, не можеа да присуствуваат поради училишни обврски – стои во објава на Фејсбук страната Прилепски навивачи ултрас

Според информациите објавени од прилепските навивачи, на денешниот тренинг учествувале девет младинци, кои во моментов се носители на играта на првиот тим и храбро се соочуваат со повозрасни противници во натпреварувањето.

Во меѓувреме, во просториите на клубот се присутни и неколку навивачи кои активно помагаат во организацијата и подготовките за следниот домашен натпревар кој ќе се одигра во Прилеп, по истекувањето на казната поради која клубот одреден период не играше на свој терен.

Навивачите информираат дека дел од неопходните трошоци се покриваат со сопствени средства и со помош од пријатели и поддржувачи на клубот, додека трошоците за гостинските натпревари ги покрива Општината.

Во својата порака тие упатуваат апел до прилепчани во сабота масовно да присуствуваат на натпреварот и да ги поддржат младите фудбалери.

„Да дојдеме во што поголем број, да купиме влезници и достоинствено да ја завршиме сезоната како град со спортска традиција“, порачуваат навивачите.

Тие изразуваат надеж дека во текот на летото ФК Победа повторно ќе се консолидира како клуб на градот, со нови луѓе и стручни кадри кои ќе работат во интерес на клубот и на прилепскиот фудбал.

САЕ „ТИГАР“ – 45 години чувар на безбедноста и заштита на татковината

Чувари на уставниот поредок на државата, реализација на највисоки борбено-технички задачи. Синоним за обученост според највисоки стандарди кои ги налага борбата против тероризмот и насилниот криминал. Елита меѓу елитите. Специјална антитерористичка единица Тигар.

Време на собирање искуство, созревање, посветеност, време кое е плод на сите генерации поминати во единицата. Време кое денеска запишува близу половина век, 45 години од формирањето на „Тигрите“.

На 13 март во 1981 година во Министерството за внатрешни работи, во рамките на поранешниот Секретаријат за внатрешни работи на Социјалистичка Република Македонија, е формирана Единицата за специјални задачи „Тигар“.

Единицата одигра важна улога во процесот на осамостојување на Република Македонија, а имаше значаен удел во справувањето со повеќе безбедносни предизвици со кои се соочи Македонија на патот од осамостојувањето па се до денес.

МУЗИКАТА ОБЕДИНУВА: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА СИГУРЕН ПАРТНЕР НА КУЛТУРАТА

Видеолотарија Касинос Австрија продолжува да вложува во развојот на музичката и културната сцена во земјава. Како партнер на програмата на Национаната опера и балет, со задоволство споделуваме дека вечерва, петок 13.03.2026 во 19:30 ќе биде изведена „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини. Станува збор за едно од најемотивните и најизведувани дела на светскиот оперски репертоар.

Мадам Батерфлај“ е музичка драма со силна човечка приказна, во која љубовта, надежта и предавството се испреплетуваат во трагична судбина. Диригент на претставата е гостинот од Грција, Мирон Михаилидис, а режијата ја потпишува Александар Текелиев (Бугарија). Сценографијата е на Живојин Трајановиќ, костимографијата ја изработи Лира Грабул, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, а хор-мајстори се Јасмина Ѓорѓеска и Ѓургица Дашиќ.

Покрај овој извонреден настан во Националната опера и балет, Видеолотарија е партнер и на заедничкиот концерт на Дорис Драговиќ и Петар Грашо, кој ќе се одржи во сабота на 14 март 2026 година, во арената „Борис Трајковски“. Грашо и Драговиќ ќе донесат вечер исполнета со емоции и хитови кои со години се дел од регионалната музичка сцена, обединувајќи различни генерации публика.

Поддршката на ваквите настани е дел од долгорочна заложба за развој и промоција на културата на Видеолотарија. Културата и музиката имаат моќ да инспирираат, да обединуваат и да создаваат незаборавни доживувања. Токму затоа продолжуваме да поддржуваме настани кои ја збогатуваат културната сцена и носат вредност за публиката.

ДОБРО УТРО ПРИЛЕП! Денеска во МЕНЗА вистинско гурманско уживање и вкус кој долго се чекаше

Денеска во МЕНЗА ве очекува вистинско гурманско уживање и вкус кој долго се чекаше!

КОНЕЧНО ВО ПРИЛЕП – ДОЛГООЧЕКУВАНАТА РИБИНА ЧОРБА!

Пресна, богата и подготвена по домашен рецепт од три вида риба – речна пастрмка, крап, лосос

Совршен почеток на денот и вистинско гурманско добро утро за сите љубители на добра храна.

НА ДЕНЕШНО БОГАТО МЕНИ ВО МЕНЗА ЌЕ НАЈДЕТЕ И:

🥘 Јанија
🥘 Подварок со свинско месо
🥘 Свински ролат Медитерана
🥘 Пилешко во кари
🥘 Пилешко во бел сос
🥘 Пилешко во путер од кикирики
🥘 Пилешки ражничи
🥘 Криспи со пилешко
🌯 Бурито со мелено свинско месо
🌯 Бурито со пилешко
🌯 Посно бурито
🥪 Ладен сендвич со пилешка салата
🥪 Ладен сендвич со руска салата

🔥 СКАРА
• Плескавица
• Ловечка плескавица
• Стек на скара
• Домашен колбас

🥗 САЛАТИ
• Цезар салата
• Туна салата

🌿 ПОСНО МЕНИ
• Грав
• Лосос во сос од портокал 🍊
• Спанаќ
• Посни полнети тиквички

🍚 ДОДАТОЦИ
• Пекарски компир
• Ориз
• Вариво со бејби морков
• Мешана салата

Не заборавајте, МЕНЗА е единствената кујна во градот која нуди и простор за седење! Нема повеќе само „земи и носи“. Сега можете на раат да седнете и да ручате со семејството, пријателите, колегите од работа….

Се наоѓаат на ул. “Егејска” бр. 23, наспроти Универзална сала, во поранешниот дуќан на “Матадор”.

Телефон за нарачки:076 231 075

МЕНЗА – традиционално и вкусно!

Момироски: Советот денес ги поскапува Градинките 40% и старскиот дом 50%

Во најновата колумна за минатонеделните случувања во Прилеп, новинарот Зоран Момироски пишува и за денешната седница на Советот на општина Прилеп, каде се очекува да се донесе Одлука за поскапување на услугите на детските градинки “Наша иднина” и услугите на домот за стари лица “Киро Крстески – Платник”.

-Денеска седница на советот. Советниците ќе расправаат ни повеќе ни помалку по 30 точки од девниот ред.Од нив најголем дел се предлог одлуки за усвојување на годишните сметки за минатата година во основните училишта од општинава и во неколку институции:Домот за стари лица ,,Киро Крстески-Платник,, , Детски градинки ,,Наша иднина,, и Градската библиотека ,,Борка Талески,,. По одлуката на управниот одбор, советот треба да донесе одлука и за зголемување на цаната на услугите на ,,Наша иднина,, за 40 %. Зголемување на цените на услугите ќе има и во Домот за стари лица од 50 до 60%. Но,најзначајни ќе бидат годишната сметка за буџетот во 2025 и извештајот на Општина Прилеп за минатата година. Не навременото доставување на материјалите за оваа седница беа првичните реакции на советниците. Од тука сосема е легитимно и прашањето како тоа овој месец ќе има уште една 12 седница на Советот за ребаланс на Општискиот буџет за 2026 година кога тековната фискална година започна пред неполни три месеци. Дали тоа значи дека во тековнава година можно е да има најмалку уште три ребаланси?!?

Целата колумна на Момироски прочитајте ја ТУКА

Исчезната е 31-годишна жена од долненско Локвени

-На 11.03.2026 во 12:00 часот во Полициското одделение Ропотово, Н.З.(34) од с.Локвени, општина Долнени пријавил дека од семејниот дом се оддалечила неговата сопруга Ф.З.(31) од с. Локвени.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, информираат од СВР Битола.

Прекрасното светилиште во битолско Барешани – Манастирот Св. Меркуриј, наскоро ќе добие нов асфалтен пат (ФОТО)

Започна да се реализира уште еден проект од вториот владин повик на кој Општина Битола имаше најголем брод одобрени проекти.

Градежната механизација ја започна изградбата на пат до манастирот „Св. Меркуриј“ во селото Барешани, а увид во работите направи градоначалникот на Битола Тони Коњановски со одговорните лица за проектот.
Должината е 580 метри, а ширината на патот 3 метри, плус банкини.

По поставувањето на тампон со дебелина од 25 см, ќе следи и асфалтирање.

Асфалтниот слој ќе биде со дебелина од 7 см, а асфалтната вкупна површина 2029 м2.

Вредноста на овој проек е 5.421.038 денари и средствата се преку Министерството за транспорт.
И овој проект е потврда на заложбите на локалната самоуправа за подобрување на состојбите и во руралните средини – велат во соопштението од општина Битола.

Битолчанецот Давор Неќак дебитира во улогата на Фигаро во ХНК Сплит

Росиние вото дело „Севиљскиот бербер“ се враќа на големата сцена во ХНК Сплит, под водство на маестро, диригентот Иван Хут, а во режија на Крешимир Доленчиќ, екипа која е предодредена за успех. Кога овде ќе се додаде и баритонот Давор Неќак, битолчанецот кој реди успех по успех, солист на Хрватскиот народен театар во Загреб, а е овојпат во улогата на Фигаро, веќе знаеме дека за овие изведби ќе се бара карта повеќе.

Премиерата е во петок, 13.март.

„Кога ме контактираа од ХНК Сплит и дознав дека имаме само две недели проби пред првата представа – не ми беше сеедно. Да дебитирате со главната улога е голема одговорност – а две недели е краток период. Но со одлична и детална припрема пред првата проба, успеавме заедно со колегите да ја поставиме целата представа. ХНК Сплит има прекрасни професионалци кои ми помогнаа да напредувам во улогата, театарот е прекрасен и има совршена акустика. Би бил среќен повторно да гостувам тука “, вели Давор и додава: Фигаро е улога која секој млад баритон ја посакува, всушност би се осмелил да кажам дека таа е првата “круна” во кариерата на баритонот. Напишана е доста високо која ја прави технички комплицирана, а посебен предизвик е да ја пеете мож еби најпознатата арија на светот – Ларго ал фактотум.

Screenshot

Росини не е само еден од најпочитуваните италијански и светски оперски композитори, кој создавал со моцартова леснотија и брзина, туку е и автор токму на најпопуларната комична опера на сите времиња – „Севилскиот бербер“. Неговиот неисцрпен извор на мелодиска инвенција го промени оперскиот свет, и ако на тоа
ја додадеме неговата постојана ритмичка живост, зачудувачка оркестрација, не е ни чудо што ужива во два века популарност.

Изведбата на ова дело е на 13. и 16. март токму во Сплит е​ совршен избор, затоа што како што велат: „Севилскиот бербер“ како да е напишан по мерка за град каков што е Сплит.

Неќак покрај оперскиот репертоар и улогите што ги изведува во својот матичен театар, ја негува и македонската традиција, а изминатите месеци беше со веќе со пополнет репертоар. Тука беше настанот „Глазбени те зове“, свечен гала-концерт одржан во Хрватскиот народен театар во Загреб, со кој се одбележа почетокот на 200-годишнината на Хрватскиот музички завод , “Еро сонога свијета” популарното дело на Јаков Готовац , каде го изведе ликот на Млинарот Сима, „ Кармина Бурана “ каде настап и со оркестарот на Загребачката Филхармонија , под диригентска палка на Иван Шчепановиќ , изведена во „Ватрослав Лисински“ .

На Давор му посакуваме успешно деби и уште многу вакви оперски предизвици.

Гимназијалците се една голема фамилија, еве како се испраќа омилен професор во пензија (ВИДЕО)

Со многу емоции, аплаузи и искрени насмевки, учениците на посебен начин го изненадија и испратија својот омилен професор по физичко образование, Тони Атанасоски, на неговиот последен работен ден.

По години посветена работа со генерации ученици, професорот Атанасоски од утре заминува во заслужена пензија. Но, зад себе остава многу повеќе од часови по физичко образование – остава спомени, мотивирани генерации и почит која не може да се измери со зборови.

Учениците со топла и емотивна атмосфера му приредија испраќање кое долго ќе се памети, покажувајќи колку многу им значел во текот на нивното школување. Насмевките, аплаузите и искрените прегратки беа доказ дека професорот не бил само наставник, туку и пријател, поддршка и инспирација.

Овој момент уште еднаш потврди дека гимназијалците од Гимназијата „Мирче Ацев“ се вистинска фамилија – фамилија која знае да ги цени луѓето што оставиле трага во нивниот живот.

Професоре Атанасоски, Ви посакуваме многу здравје, мирни и убави пензионерски денови. Вашите ученици никогаш нема да Ве заборават.

Убавината во Прилеп има едно име – Тука негата не е само услуга, туку внимание, грижа и убаво искуство

Секој заслужува момент за себе – момент кога ќе застане, ќе се опушти и ќе се почувствува убаво во својата кожа. Во Liza Makeup and Nails веруваат дека негата не е само услуга, туку внимание, грижа и убаво искуство за секој клиент.

Со многу посветеност, професионалност и позитивна енергија во Liza Makeup and Nails ви нудат:

💅 Маникир – за негувани и елегантни нокти

🦶 Педикир и медицински педикир – грижа за здрави и убави стапала

🫧 Jelly Spa – релаксирачки третман за стапала со желе бања што ја омекнува кожата и овозможува вистинско spa уживање

✨ Депилација – прецизна и внимателна услуга за мазна и негувана кожа

💄 Професионална шминка – за настани, прослави и посебни моменти

👰 Шминка за невести – нежна, долготрајна и совршена визија за вашиот најважен ден

Работaт со внимание на секој детал, квалитетни производи и индивидуален пристап, со желба секој што ќе ги посети да си замине со насмевка, самодоверба и чувство дека направил нешто убаво за себе.

🌸 Дозволете си момент на нега, убавина и релаксација во Liza Makeup and Nails.

📩 За повеќе информации и закажување термин, пишете им на Инстаграм: Lizamakeupandnails, јавете се на телефонскиот број: 075 680 100 или посетете ги на ул. “8-ми Март”,  во Старата прилепска чаршија, во близина на Саат Кулата.