дома блог страница 167

Додека цела Македонија тагуваше, тој слушал гласна музика – Прилепчанец заработи кривична пријава

-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против О.О.(45) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „организирање на отпор“. На 23.03.2025 во семејниот дом во Прилеп, пријавениот пуштал гласна музика и на тој начин не почитувал Одлуката на Владата на РСМ за прогласена седумдневна жалост поради трагедијата во Кочани – информираат од МВР.

Ги ограбил апаратите за коцкање во прилепско Ропотово, па пријавил дека непознато лице го извршило делото

-СВР Битола поднесе кривична пријава против лицето А.С.(34) од с.Дебреште, прилепско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „затајување“ и „лажно пријавување на кривично дело“. На 20.05.2025, пријавениот пријавил дека во спортска обложувалница во с.Ропотово, општина Долнени, едно лице ги оштетило апаратите за игри на среќа и одзело пари. Но, по преземени мерки и активности било констатирано дека пријавениот лажно пријавил, односно дека тој го сторил делото со со подесен алат – информираат од МВР.

Наташа Малинкова има одлична порака до сите во нејзината нова песна – Живејте и сакајте без правила, зашто “НЕМА ПРАВИЛА” (ВИДЕО)

Наташа Малинкова има одлична порака – живејте и сакајте без правила зашто „НЕМА ПРАВИЛА“

Наташа Малинкова деновиве на јавноста реши да ѝ ја претстави својата нова песна со наслов „Нема правила“. Станува збор за, како што вели, емотивна баладa која допира длабоко и зборува за љубов која не познава и признава граници, која нема логика и, се разбира, ниту правила.

„Нема правила“ е искрен крик на срцето што сè уште чека, што се буди со спомени и живее и кога љубовта е далеку. Текстот и интерпретацијата ја доловуваат болката, страста, но и надежта што останува во едно срце што љубело длабоко. Во песната доминира чувството дека понекогаш не можеш да го објасниш ниту да го контролираш она што го носиш во себе. Љубовта не следи правила, не се води по план – таа е хаос, сила и убавина во иста мера“, вели Наташа и додава: „Имам само еден живот, една песна – недопеана.“

Комплетен автор на песната која претендира да стане вистински летен хит – инаку уште едно лично, артистичко отворено писмо за сите оние кои некогаш љубеле без објаснување, без услови, само со цело срце, е нејзиниот долгогодишен соработник Столе Аврамов, во чие студио Аврамов рекордс и е снимена.

Видеото, пак, е со потписот на 351 Студио – екипа која повеќе од една деценија е посветена на креирање визуелно зачудувачки и влијателни креативни решенија. Впрочем, видеото за „Нема правила“ е доказ дека надвор од границите на можеби очекуваното видео парче, а од кои излегува Наташа секогаш има многу повеќе.

Уживајте во оваа летна тема, спакувана наменски да нѐ расположи, да нѐ размрда и да нѐ потсети дека во миговите кога можеби сме нерасположени или, што се вели ‘не ни е денот’, насмевка може да ни измами само убава музика и мислата дека после дожд секогаш доаѓа сонце. И, секако, дека што и да се случува во животот сепак во спомените остануваат само убавите работи.

Слушнете ја „Нема правила“ и не заборавајте – бидете свои, бидете спокојни, среќни и насмеани и едноставно уживајте во секој миг од животот без објаснувања, услови, со сето срце и без правила зашто НЕМА ПРАВИЛА!

НЕМА КРАЈ! Трето поскапување во четири дена – Дизелот од полноќ ќе замине 70ден. за литар

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,57% во однос на одлуката од 19.6.2025 година.

Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Свечено отворeна новата услужна единица на ПроКредит Банка во срцето на Прилеп (ФОТО)

ПроКредит Банка свечено ја отвори новата услужна единица на нова локација во Прилеп, со нов модерен изглед и врвна услуга. Во пријатна атмосфера, во друштво на своите соработници и клиенти, банката го потврди продолжувањето на својата стратегија за ширење и унапредување на мрежата на услужни единици низ Македонија.

Новата локација, која се наоѓа во самиот центар на градот, на познатата цветна улица Илинденска бр. 41, ќе овозможи подобро банкарско искуство и зголемена достапност за клиентите.

„Не отвораме само нова услужна единица, туку поставуваме уште еден темел на доверба, стабилност и посветеност кон развојот на нашата заедница. Со ова проширување, го потврдуваме нашето долгогодишно ветување – да бидеме блиску до луѓето, до бизнисите, и до сите кои се стремат кон одржлив и одговорен напредок. Прилеп е град со богата историја, силен претприемачки дух и вредни луѓе. Веруваме дека тука има огромен потенцијал за малите семејни бизниси, за иновативните стартапи, но и за секој поединец кој сака да управува одговорно со своите финансии” – истакнаа од ПроКредит Банка.

За разлика од претходната локација каде што беше достапна само Зона 24/7, новата услужна единица дополнително нуди целосна банкарска поддршка. Клиентите имаат можност да добијат персонализирани финансиски совети, пристап до поголем број на банкарски услуги и поддршка од тим професионалци кои се достапни да одговорат на сите нивни потреби.

Новата услужна единица ќе работи од понеделник до петок, од 08:30 до 16:30 часот.

Повеќе информации за локациите и услугите на ПроКредит Банка се достапни на официјалната веб-страница.

Момче од прилепско со автомобил удрило во двајца пешаци во Охрид, при што едниот починал

Фото/shilomagazine.com.au/

На 19.06.2025 во 22.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на кружен тек од бул.„Туристичка“ со ул.„Јане Сандански“ во Охрид, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.С.(22) од с.Пашино Рувци, прилепско, со престој во Охрид, удрило во метален столб, а потоа и во пешаците А.Б.(44) од Охрид и Д.П.(52) од Скопје.

Од здобиените повреди А.Б. починала во Специјалната болница „Св.Еразмо“, а лекар констатирал смрт. Со тешки телесни повреди се здобил Д.П., додека со телесни повреди се здобиле возачот И.С. и неговиот сопатник К.М.(19), констатирани во болницата „Св.Еразмо“ и во Општата болница Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, а по наредба на Јавен обвинител, И.С. бил лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 300 став 2 од Кривичниот законик.

Фото/shilomagazine.com.au/

AЛАРМАНТНО: Во Битола годинава 238 првачиња помалку од лани

Новата учебна година во Битола ќе ја почнат 529 првачиња и тоа е за 238 првачиња помалку затоа што лани беа запишани 767 првоодделенци.

Најмалку првачиња запишани се во основните училишта „Александар Турунџев“ и „Св. Кирил и Методиј“ каде во училишните клупи ќе седнат 10 во Кукуречани и 24 деца во Битола, а најмногу првачиња, вкупно 94 запишани се во општинското основно училиште „Св. Климент Охридски“.

Од секторот за образование на Општина Битола за МИА потврдија дека во сите основни училишта има помал број на првачиња и според евиденцијата во ООУ „Ѓорги Сугарев“ ќе учат 30 првачиња, во ООУ „Трифун Пановски“ запишани се 37, во ООУ „Коле Канински“ запишани се 43, а во ООУ „Гоце Делчев“ се запишаа 45 првачиња. Само 30 првачиња ќе учат и во основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во селото Бистрица.

Помал број на првачиња годинава ќе учат и во основните училишта „Тодор Ангелески“, „Стив Наумов“, „Елпида Караманди“ и „Даме Груев“, посочија од Општина Битола.

ВИДЕОЛОТАРИЈА ГЕНЕРАЛEН СПОНЗОР НА СПОРТСКИ ИГРИ ВЕЛЕС

Видеолотарија Касинос Австрија и годинава со поддршка за Спортски игри Велес, овојпат како генерален спонзор.

Скопје, 2025 – Видеолотарија Касинос Австрија со задоволство споделува дека и годинава ја препозна важноста на настанот за млади-Спортски игри Велес. Токму и затоа одлучивме да бидеме генерален спонзор, кој ја овозможи реализацијата на овогодинешното издание.

По четврти пат, во периодот од 03.06 до 07.06.2025, се одржа најновото издание на „Спортски игри Велес“ на неколку локации во градскиот парк. Годинава на спортските игри учествуваа повеќе од 660 млади спортисти, од кои 120 се меѓународни, со што настанот доби карактер на заедништво, културна соработка, спортска игра и тимски дух. Во рамки на настанот, учесниците се натпреваруваа во уличен баскет, фудбал, тенис, одбојка и текбол, за награден фонд од 1.000.000 денари.

Горди сме што како генерален спонзор, овозможивме одлични пет натпреварувачки денови, за сите млади луѓе кои беа дел од него. Спортски игри Велес и годинава покажа сериозност во организацијата, низ настаните кои изобилуваа со спорт, забава, тимска игра и фер натпревар. Повеќе од 25 илјади посетители беа дел од оваа убава спортска атмосфера која ги обедини младите во Велес.

Видеолотарија Касинос Австрија како модерна и општествено одговорно компанија, ќе остане посветена на поддршката на спортот и спортските настани, кои се од исклучително значење на правилно развивање на младите луѓе. Под слоганот „Играј со најдобрите“, помагаме млади кадри од спортот, образованието, културата, медицина. Во текот на изминатите 10 години за спонзорства и донации издвоивме буџет од над 205 милиони денари.

Николоски: СДСМ ќе освои помеѓу 0 и 3 градоначалници на локалните избори

Очекувам најубедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ на престојните локални избори и издвојување на уште поголема победа споредбено со изборите во 2021 година, истакна во гостувањето на “Само Интервју”, вицепремиерот Александар Николоски.

“Она што е важно и што со сигурност можам да го кажам е дека ќе имаме далеку подобар резултат од 2021, кога имавме одличен резултат, кога освоивме 42 општини. Сега очекувам бројката да е далеку повисока и не е нерално дека опозицијата ќе движи, зборувам за СДСМ, евентуално Левица, зависно дали ќе прават коалиција или не, затоа што има и таква опција, ќе движат помеѓу 0 и 3 градоначалници максимум”– истакна Николоски.

На прашање како е задоволен од реализираното во првата година од преземањето на власта, Николоски ги потенцираше трите големи ветувања дадени во предизборниот период пред граѓаните.

“Ние имавме три крупни изборни ветувања кои што ги реализиравме, првото е дека ДУИ ќе оди во опозиција и ДУИ е во опозиција. Второто ветување кое што го дадовме е дека нема да виткаме кичма пред Бугарија и не виткаме кичма пред Бугарија и третото ветување беше силен фокус на развој на економијата и првите резултати се гледаат. Имаме раст на БДП, индустриско производство, туризмот расте и очекувам уште подобри резултати во периодот кој што е пред нас”– рече заменик претседателот на Владата.

Битолско Крклино доби асфалтен пат до манастирот Св. Илија (ФОТО)

Главната сообраќајна артерија, која што ги поврзува улиците во битолското село Крклино со манастирот Св. Илија, е реконструирана со асфалт, кој опфаќа 1440 метри квадратни во должина од 480 метри – информираат од општина Битола.

Заменик градоначалникот на општина Битола Бојан Бојкоски и секретарот на општина Битола Борче Димитровски, извршија увид во градежните работи на терен. Претходно, во селото се реконструираше дел од водоводната мрежа со нови приклучоци.

За реализација на овој проет се издвоени 3.210.426 денари од буџетот на општина Битола.