дома блог страница 166

Македонија секојдневно се гради! Пуштен е во употреба реконструираниот пат Понов мост-Богданци (ФОТО)

Изградбата на патниот правец Гевгелија-Богданци има огромно значење за развој на регионот бидејќи поврзува неколку општини и населени места и дава силен инпут во развој на бизнисите и подобра комуникација на жителите, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на настанот по повод пуштање во употреба на патниот правец Гевгелија-Богданци, вели вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Инвестицијата е во вредност од 5 милиони евра, средства се обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта.

-Навистина е убаво кога се отвораат нови проекти. Денеска отвараме еден пат што многу значи за целиот регион. Значи за Богданци, за Гевгелија, за Валандово и Дојран и за целиот регион затоа што им овозможува подобра комуникација на сите овие општини и населени места. Мене ми е драго што се заврши проектот, ова беше еден од заглавените проекти кои што ги наследивме, но еве се завршува, имаме еден нов модерен пат, пат кој целиот овој регион го поврзува со коридор 10. Преку тоа го поврзува со Гевгелија и со соседна Грција и Србија, го поврзува со главниот град Скопје и овозможува многу можности како за бизнис така и за размена, за студентите побрзо да стигаат до факултетите, земојделците побрзо да ги продваат своите производи и за сите кои живеат во овој дел за еден побрз напредок. Би сакал да се заблагодарам на Премиерот затоа што големи проекти без силна подршка не се реализираат. Ние сме на дневна основа во комуникација и координација и без Премиерот и без неговата подршка ни овој проект немаше да е возможен. Претседателе благодарам, рече Николоски.

„Благодарност за сите кои се вложија во реализција на проектот, на вредните работници кои што работеа на овој проект, на ЈП за државни патишта, на вработените во министерството за транспорт и останатите институции кои помагаа. Нека е за среќа и да се гледаме за уште многу, многу убави проекти“, истакна вицепремиерот Николоски.

Прекрасен настан, врвна организација и многу адреналин – Во Прилеп се одржа првата “Хард ендуро трка – Топташ родео” (Фото галерија)

Во организација на Хард Ендуро клубот од Прилеп, за прв пат во Македонија, а токму во Прилеп се одржа “Хард ендуро трка – Топташ Родео 2025”.

На настанот пријавени беа повеќе од 30 учесници, кои се натпреваруваа на патеката, која организаторот “Хард Ендуро – Прилеп” ја подготви за овoј настан.

Трката помина во одлична организација со многу возбудувања и адреналин, што е доказ дека на Прилеп му недостигаат повеќе вакви случувања во иднина.

Се натпреваруваа 23 возачи во ПРО категорија и 7 возачи во ФАН КЛАСА, а најдобрите добија медали и вредни подароци од организаторите и спонзорите на трката.

Победник во ПРО КЛАСА беше Фахрудин Бајрамоски, второто место го освои Порча Нуран, а трет беше Адо Цаноски

Во ФАН КЛАСА, првото место му припадна на Енес Мем, а второпласиран беше Јакуп Јакупи.

Од клубот Хард Ендуро – Прилеп упатуваат посебна благодарност до сите, кои со својот допринос помогнаа да се одржи ваков настан за прв пат во Македонија, а токму во Прилеп.

Благодарност до ПИ “Витаминка – Прилеп” АД, која обезбеди пакети со свои производи за сите натпреварувачи и организатори.

Благодарност до ЈКП “Водовод и канализација – Прилеп”, кои несебично помогнаа да се израмни патот и направи пристап за возила до стартот на патеката

Благодарност до “КДС Кабелнет” и “Греен Мобиле” кои обезбедија финансиска помош за одржување на настанот.

Благодарност до DONTI MOTO, од каде обезбедија подароци за најдобрите на трката.

Америка го бомбардираше Иран, објави Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп рано утринава, во 01.53 минути, преку социјалната мрежа Трутх сошл објави дека американската армија успешно извршила воздушен напад на три објекти за производство на нуклеарни боеви глави.

”Само што го завршивме успешниот напад на три нуклеарни објекти во Иран, вклучително базата Фордо, Натанз и Есфахан. Сите авиони се надвор од Иранскиот воздушен простор.” – објави Трамп на неговиот профил на социјалната мрежа Трутх сошл.

Трамп додаде дека врз целите се лансирани сите бомби кои ги носеле бомбардерите.

Вчера во базата Гуам беа забележани шест бомбардери Б-52, кои носат по две 15-тонски бомби разбивачи на бункери.

На крајот Трамп порача дека САД ја има најмоќната армија на светот, додавајќи дека сега е “време за мир”

Нов топлотен бран – температурите до 40 степени, опасно високо УВ зрачење

Од утре нашата земја повторно влегува под влијание на жешка воздушна маса од Африка, поради што температурите значително ќе се зголемат и на некои места ќе достигнат дури до 40 степени Целзиусови.

Времето ќе биде сончево, многу топло и сушно, а УВ индексот ќе биде многу висок и опасен по здравјето, предупредуваат метеоролозите.

Во сила се сите стандардни препораки за заштита од топлотни удари:

Избегнувајте престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, освен ако е неопходно.

Консумирајте многу течности, избегнувајте алкохол и газирани пијалаци.

Јадете лесна и свежа храна, богата со витамини.

Облекувајте се со лесна, широка и светла облека, и не заборавајте капа и очила за сонце.

Хронично болните лица треба редовно да ја земаат својата терапија и по можност да остануваат во затворени, разладени простории.

Надлежните апелираат на внимание и грижа особено за децата, возрасните и хронично болните лица, бидејќи температурите во следните денови ќе создадат екстремни услови за престој на отворено.

Крушевчанец возел со 1,81 промили алкохол на патот Прилеп-Крушево

На 21.06.2025 во 23.57 часот на регионалниот пат Крушево-Прилеп, на место викано „Врбоечко патче“, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Крушево го лишиле од слобода Р.К.(33) од Крушево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека нема возачка дозвола и дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,81 промили алкохол во организмот, по што веднаш бил исклучен од сообраќај.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување на моторно возило“.

(ВИДЕО) Братска Турција почна со испорака на познатите хаубици “БОРАН” за Македонија

Македонија стана првата држава во Европа која ги доби турските влечни хаубици БОРАН со калибар од 105 мм.

Дека хаубиците се пристигнати во Македонија, за КУРИР ексклузивно потврди министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

Како што дознаваме, за скоро време е планирана нивна промоција пред македонската јавност.

Детални информации засега не можат да бидат објавени бидејќи станува збор за класифициран договор.

Николоски си стои на зборот: Првата делница од автопатот Охрид-Кичево се пушта во употреба вечерва

Од вечерва ќе се пушти за сообраќај за сите возила делницата од Подмоље до Охрид, како дел од автопатот Кичево-Охрид.

По тој повод вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трaјановски, денеска извршија увид во изградбата на оваа делница.

Констатирано беше дека изградбата на автопатот се одвива според договорената динамика и покрај бројните проблеми во минатото.

Градбата на автопатот Охрид- Кичево беше во целосен застој во време на СДСМ и ДУИ, цели 7 години не се работеше ништо. Со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт почна да се работи со полна динамика и се очекува до крајот на 2026 целиот автопат Охрид- Кичево да се пушти во функција, велат од Министерство за транспорт.

Делницата Подмоље – Охрид беше затворена за сообраќај според одобрен времен режим се со цел да се комплетира нејзината изградба. Во меѓувреме сообраќајот се одвиваше со стариот регионален пат.

За Прилеп се тактизира – СДСМ објави 19 кандидати за градоначалници

Извршниот одбор на СДСМ синоќа даде согласност за 19 кандидати за градоначалници на претстојните локални избори.

Како што соопшти партискиот лидер Венко Филипче, за општина Центар кандидат е актуелниот градоначалник Горан Герасимовски, за Аеродром д-р Александар Трајановски, за Ѓорче Петров Костадин Ацевски – претседателот на ОО на СДСМ, за Крива Паланка актуелниот градоначалник Сашко Митовски.

Утврдени се кандидати и за Чучер Сандево, Берово, Лозово, Чешиново Облешево, Богданци, Дојран, Могила, Неготино, Крушево,…

-Кандидатите се избрани врз основа на најавените принципи, со прилично широк консензус во општинските организации, луѓе имаат кредибилитет и легитимитет да ја побараат довербата, некои првпат некои повторно, рече Филипче.

Тој најави дека во наредните недели ќе ги објават имињата на кандидатите и за останатите општини.

Има општини, како што рече, за кои разговараат да поддржат и други кандидати освен од СДСМ.

За кандидатите што ги објави Филипче согласност треба да даде и Централниот одбор на партијата.

Ова се 19 општини за кои се знаат кандидатите:

Општина Центар – Горан Герасимовски (актуелен градоначалник)

Општина Аеродром – д-р Александар Трајановски

Општина Ѓорче Петров – Костадин Ацески

Општина Чучер Сандево – Сашо Комненовиќ (актуелен градоначалник)

Општина Берово – Илија Рунтевски

Општина Крива Паланка – Сашо Митовски (актуелен градоначалник)

Општина Лозово – Ацо Велковски

Општина Чешиново Облешево – Горанчо Крстев

Општина Богданци – Блаже Шопов

Општина Дојран – Ристо Џинев

Општина Могила – Зоран Ристевски

Општина Неготино – Петар Мантев

Општина Новаци – Љубе Кузмановски

Општина Росоман – Стојанче Николов (актуелен градоначаник)

Општина Вевчани – Стефан Радионоски

Општина Крушево – Томе Христоски (актуелен градоначалник)

Општина Ресен – Александар Бузлевски

Општина Штип – Павел Иванов

Општина Гази Баба – Влатко Митовски

Кошаркарската федерација го тргна “северна” од името

Управниот одбор на Кошаркарската федерација на Македонија одржа состанок на кој беа донесени неколку важни одлуки, а воедно е решено зборот „северна“ да се тргне од името на федерацијата после период од шест години.

Ова значи дека се враќа старото име „Кошаркарска федерација на Македонија“ и кратенката ќе биде КФМ, наместо досегашната – КФСМ.

За потсетување, кошаркарската репрезентација беше првиот национален тим кој настапи со дресови на кои беше напишано „Северна Македонија“

Се спрема “ЈУЖНА ТРИБИНА” – Maкедонија ќе ја пречека силната Италија во Битола (ФОТО)

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, советникот Бојан Бојкоски и претставници од одделението за комунални дејности во општина Битола, денес извршија увид на работните активности за санација на јужната трибина на стадионот „Петар Милошевски“. Со овој проект, во износ од 46.031.312 денари опфатена е санација на постоечките скалници – седишта, премачкување, обработка, поставување на седишта, за што ќе бидат набавени 4852 парчиња, вклучувајќи ги и резервните и ќе се изврши заштита на сите челични елементи, вклучувајќи ја и настрешницата.

Проектот за санација на јужната трибина на стадионот „Петар Милошевски“ е проект за кој Општина Битола, доби финансиска поддршка од Владата на Република Македонија, преку првиот повик за инвестициии во инфраструктура.

Паралелно, Општина Битола во соработка со ФФМ работат на исполнување на условите на УЕФА, за одигрување на меѓународниот натпревар на 9 септември за селекциите до 21 година, помеѓу Македонија и Италија.