дома блог страница 16

Седлоски го објави списокот: Ерера и Мусовски дебитанти, се враќаат Дориев и Николов – можеме ли да ја срушиме Данска?

Селекторот на А репрезентацијата, Гоце Седлоски го соопшти списокот на фудбалери кои се во комбинација за претстојните бараж натпревари за пласман на Светскиот шампионат.

Предводникот на националниот тим на располагање ќе има 28 играчи, а меѓу нив се тројца кои за прв пат ќе го носат дресот на македонската репрезентација, дефанзивецот на Борац Бања Лука, Себастијан Ерера, стоперот на тетовска Шкендија, Имран Фетаи и напаѓачот на Сиетл, Дени Мусовски. Во составот има и фудбалери кои по извесна пауза повторно се дел од најдобрата селекција и тоа Бобан Николов од Вардар, Љупче Дориев кој настапува во првенството на Узбекистан и Егзон Бејтулаи од Дрита.

Гоце Седлоски – селектор на македонската А репрезентација:

„Баражот против Данска за пласман на Светско првенство е натпревар кој носи голема тежина, но и огромен мотив за сите нас. Времето за подготовка е многу кратко, нецели два дена. Токму затоа, го задржавме костурот на тимот кој настапуваше во претходниот квалификациски циклус. Тоа е група фудбалери кои добро се познаваат, имаат изградено хемија и веќе знаат што значи да се игра ваков натпревар. Секако, направивме и одредени освежувања таму каде што сметавме дека е потребно. На списокот има тројца дебитанти, Фетаи, Ерера и Мусовски. Веруваме дека со формата и квалитетот што го покажуваат заслужија шанса и дека можат да донесат дополнителна енергија во тимот. Во составот се враќаат и Дориев, Николов и Бејтулаи, фудбалери кои добро го познаваат системот и атмосферата во репрезентацијата и кои во минатото знаеле да дадат важен придонес“.

„Свесни сме дека Данска е топ репрезентација и дека ја има улогата на фаворит, особено затоа што натпреварот се игра во Копенхаген, но, ние имаме јасна идеја, голема мотивација и верба во фудбалерите. Наш фокус е исклучиво на тоа како ние ќе изгледаме на теренот и како ќе одговориме на предизвикот“.

Мицкоски: Денес во Кочани оддаваме тивка, но длабока почит кон невините животи што прерано згаснаа

Денес во Кочани оддаваме тивка, но длабока почит кон невините животи што прерано згаснаа. Една година подоцна, болката и празнината се уште се чувствуваат во секое срце, но заедно со нив живее и сеќавањето на недовршените соништа, напиша на Фејсбук претседателот на владата, Христијан Мицкоски.

-Со голема почит се потпишав во книгата на жалост како искрен чин на почит кон настраданите и како израз на солидарност со нивните семејства и присуствував на комеморативниот настан „Ден на сеќавање -16 март 2025“ во Центарот за култура „Бели мугри“. Нека споменот за нив остане вечен, а нашата заедничка човечност и единство нека бидат сила што ќе не води напред. Со длабоко сочувство кон семејствата, Кочани памети, Македонија памети, истакна Мицкоски.

Aлинци повторно го труе Прилеп – Попладнево темен облак надвисна над градот (ФОТО)

Денеска, околу 14:00 часот, по подолго време, одновно избувна пожар на градската депонија кај „Алинци“.

Според општинските власти, веднаш по добиената информација, на терен излегле екипи на ТППЕ – Прилеп, Дирекцијата за заштита и спасување, како и екипите на ЈКП „Комуналец“ и „Водовод и канализација“, со механизација и работна сила, заедно со општествено одговорни компании кои се вклучиле во гаснењето и локализирањето на пожарот.

Од општина Прилеп велат дека пожарот во моментов е ставен под контрола, а екипите и понатаму ќе продолжат со активности за негово целосно гаснење и спречување на евентуално ширење на огнот.

Заради безбедно функционирање на сообраќајот на патниот правец Прилеп – Битола, вечерва ќе биде зголемена контролата и присуството на сообраќајната полиција.

Во Битола се работи насекаде: Се реконструира патот кој води до црквата во с.Ротино

Започна реконструкцијата на улица во селото Ротино, односно патот кој води до црквата.

Денеска увид во градежните работи направи градоначалникот на Битола, Тони Коњановски со одговорните лица за овој проект.

Должината на патот е 706 метри, ширината 3 метри и банкини од двете страни.

По поставувањето на тампонираната подлога со дебелина од 25 см, ќе следи асфалтирање.

Дебелината на асфалниот слој ќе биде 7 см, а вкупната асфалтна површина 2119 м2.

Вредноста на овај проект е 5.185.870 денари, а средствата се преку Министерството за транспорт, од вториот владин повик, на кој Општина Битола имаше одобрено најголем број проекти.

И овој проект е потврда на заложбите на локалната самоуправа за подобрување на состојбите и во руралните средини.

Прилепските мечкари ги претставија Прилеп и Македонија на големиот меѓународен карневал во Исерниа, Италија

Eден од најголемите прилепски брендови – маската “ПРИЛЕПСКИ МЕЧКАРИ”, и оваа година учествуваа на познатиот меѓународен карневал Carnevale Europeo Maschere Zoomorfe, кој се одржува во италијанскиот град Исерниа.

Токму на овој карневал “Прилепските мечкари” беа избрани за најмаска во 2024 година, а оваа година одново имаа одличен прием како кај публиката, така и кај организаторите на карневалот.

На социјалните мрежи мечкарите пренесоа дел од карневалската атмосфера во Италија и нивната дружба.

Фото/Pino Santagata и Fernando Ferri

Трчајте на бензинска: Нафтата и бензинот со ново драстично поскапување од полноќ

Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените
деривати според Методологијата, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 8,98% – информираат од Регулаторната Комисија.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 7,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.03.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 86,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 88,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 89,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 6,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 09.03.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 92,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 4,867 ден/кг, во однос на
малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 09.03.2026 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 47,453 ден/кг.

Подгответе се за голем пресврт: Ладен бран носи дожд и снег во Македонија

Македонија се подготвува за промена на метеоролошката состојба поради спуштање на ладна воздушна маса. Според прогнозите, во следните денови нè очекува променливо облачно време со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните делови од земјата.

Со падот на дневните температури, на повисоките места се очекуваат врнежи од дожд и снег, додека на планините врнежите ќе бидат исклучиво од снег.

Во Скопје времето ќе биде значително посвежо со повремени врнежи од дожд. До среда ќе дува ветер од јужен правец, додека во четврток и петок се очекува умерен до засилен северен ветер.

ОДЛИЧНИ! Џудистите од СЕИШИН со 21 освоен медал се вратија во Прилеп од државните првенства

На 15.03.2026 година во Скопје се одржаа Државните првенства во џудо за категории деца и кадети, во организација на Џудо Федерација на Македонија. Џудо клубот Сеишин Прилеп повторно прикажа одлични резултати, освојувајќи вкупно 21 медал:

🥇 7 златни
🥈 6 сребрени
🥉 8 бронзени

Поединечни резултати:

🥇 Тамара Илиоска – 1 место
🥇 Теодора Илиоска – 1 место
🥈 Дила Пупаловиќ – 2 место
🥈 Марко Ацески – 2 место
🥈 Марко Марковски – 2 место
🥉 Немања Џагадуроски – 3 место
🥉 Дино Кулевски – 3 место
🥇 Иван Јошески – 1 место
🥇 Марко Андрејевски – 1 место
🥇 Стефани Ристеска – 1 место
🥇 Бисера Цветкоска – 1 место
🥇 Фросина Димоска – 1 место
🥈 Софија Ѓорѓиоска – 2 место
🥈 Анамарија Конеска – 2 место
🥈 Петар Ангелески – 2 место
🥉 Матеј Јованоски – 3 место
🥉 Дамјан Митрески – 3 место
🥉 Лејла Јеина – 3 место
🥉 Андреа Митреска – 3 место
🥉 Анастасија Мицкоска – 3 место
🥉 Ангел Шукуроски – 3 место

Одлични борби прикажаа и останатите членови на клубот кои беа дел од екипата, но овој пат не успеаја да изборат место на пиедесталот.

Стручниот тим на ЏК Сеишин Прилеп е задоволен од настапот и прикажаната борбеност на своите натпреварувачи, кои уште еднаш го потврдија квалитетот на клубот.

“Видео од дрон”: Најнечистата точка во Прилеп утрово

Ѓубре на сите страни во и околу комплексот “Маркови Kули”, еве каква слика ги пречека утрово прилепчани после викенд панаѓурот.

Moжеше да се купи најразлична роба по ниски цени, а резултатот е овој:

Дуќанџиите и чаршијата ги сметаат ваквите настани за нелојална конкуренција, а има и зошто, плаќаат високи кирии, плаќаат даноци, се борат секој ден, вложуваат во маркетинг, промоција…. на крајот доаѓаат продавачи со 3 пати пониски цени и печалат на нивни грб.

Дали вие ги оправдувате ваквите панаѓури и дали треба да се одржуваат и во иднина?

Денеска ОДЛУКА за нови цени на горивата во Македонија

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одлучува за цената на нафтените деривати.

Воениот конфликт меѓу Иран и САД и Израел придонесе за скок на цената на нафтата на светските берзи. Поради тоа, минатата недела имаше значителен раст на цените на нафтените деривати во земјава.

Цената на бензините се зголеми за 5 денари, а на дизелот на 14,50 денари. Цената на Екстра лесното масло за домаќинство се зголеми за 12,50 ден/лит, додека на мазутот за 7,044 ден/кг.

Ова се актуелните цени на горивата:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 79,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 81,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 85,50 (денари/литар)
Масло за горење Мазут М-1 НС – 82,50 (денари/литар)
Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 42,586 (денари/килограм)

По одржаните состаноци минатата недела, од Владата информираа дека снабдувањето со гориво во Македонија е стабилно, а нафтените компании располагаат со залихи.