дома блог страница 156

Ристески пред два месеци најави, “Гентерм” и Владата денеска потпишаа – 30 милиони евра нова инвестиција и 300 нови вработувања

Она што пред два месеци го најави при посетата на ТИРЗ Прилеп, актуелниот заменик министер за економија и труд, Марјан Ристески, денеска станува реалност.

Ристески заедно со директорот на Дирекцијата за Технолошки-индустриски развојни зони, Гоце Димоски, тогаш најавија инвестиции од постојните фабрики, но и интерес за инвестирање од други инвеститори за изградба на нови производствени капацитети.

Два месеци подоцна, американскиот гигант “Гентерм” ја објави својата нова инвестиција, односно проширување на постоечкото производство со дополнителни капацитети.

-Инвестицијата ќе изнесува повеќе од 30 милиони евра со 300 нови вработувања. Ова значително ќе го зголеми извозот и ова е високо технолошко производство кое докажува дека сме конкурентни и на тој пазар – објави на социјалните мрежи премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска имаше средба со раководството на компанијата.

Токму американски “Гентерм” беше првата фабрика во ТИРЗ Прилеп. Фабриката ја отворија во време кога во градот под Марковите Кули имаше цела армија на невработени лица – или близу 18.000. Од тука својот леб денеска го заработуваат околу 2.000 наши сограѓани, а дополнително и голем број други помали фирми кои се добавувачи со различни репроматеријали, храна и сл.

Во ТИРЗ Прилеп успешно функционираат уште две странски компании – фабриката на “ВИК”, која веќе изгради дополнителни производствени капацитети, како и фабриката на “АКОМПЛАСТ”.

Oвие компании значеа залечување на девастираната прилепска економија и донесоа конкуренција во понудата за работна сила, а со тоа и раст на платите на работниците.

Прилепчани се сеќаваат на поставувањето камен темелници пред десетина години, но за жал во изминатите 8 години немаше нови инвеститори кои дополнително би придонеле за раст на побарувачката на работна сила, а со тоа и на платите.

-Gentherm со овој нов инвестициски циклус се потврдува она што сите го чувствуваме – дека Македонија станува сигурна дестинација за долгорочни, стратешки и технолошки напредни инвестиции – напиша Мицкоски на ФБ.

“БМВ” и мопед се судрија на кружен тек во Битола – две лица тешко повpeдени

-На 02.07.2025 во 15.22 часот во СВР Битола е пријавено дека на кружен тек од ул. „Булевар 1 Мај“, ул.„Марко Цепенков“ и ул.„Девеани“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.А.(41) од Кичево и мопед „лонгија“ со битолски регистарски ознаки, управуван од А.И.(22) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговата сопатничка С.И.(50) од Битола, констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола – информираат од СВР Битола.

(ФОТО) Гордост македонска: Математичкиот генијалец Македон Димитровски гордо го вееше државното знаме во Бугарија и се врати со нови медали

Македонскиот математички генијалец Македон Димитровски постигна извонреден успех на два престижни Меѓународни математички турнири што се одржаа во бугарскиот град Несебар.

Таму вчера завршија два престижни меѓународни математички турнири – „Математика без граници“ и турнирот по алгебра „Лодовико Ферари“, на кои учествуваа натпреварувачи од 42 земји, вкупно 875 учесници.

На натпреварот „Математика без граници“, Македон освои повеќе престижни награди:

*Математичка ѕвезда на турнирот

*Пехар III – Купот на „Математика без граници“

*Сребрен медал по алгебра

*Бронзен медал на основниот турнир

„Денес заврши интернационалниот турнир „Математика без граници“ и турнирот по алгебра Лобовико Ферари, каде учествуваа 42 земји со 875 учесници. Македон уште еднаш го прослави името на Македонија и го виореше македонското знаме во Бугарија. Браво Македон, горди сме на тебе!“ – напиша на Фејсбук таткото на малиот математички гениј, Владимир Димитровски.

Приведени тројца прилепчани – го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка

-На 02.07.2025 во 01.30 часот полициски службеници од ОВР Прилеп од ул.”Кузман Јосифоски” во Прилеп ги лишиле од слобода А.М.(22), П.М.(33) и Ј.М(33), сите од Прилеп бидејќи истите го нарушувале јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот и по документирање, против лицата ќе следуваат соодветни пријави  – информираат од ОВР Прилеп.

Maрко Виденовиќ и Трио “Мевлем” вечерва на “Бит Фест” во Битола

Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“, вечерва во Офицерскиот дом во Битола со почеток во 21:00 часот, ќе биде домаќин на прекрасна вечер во која музиката низ Проектот „Мевлем“ ќе зборува за љубовта, болката и надежта…

Проектот „Мевлем“, претставува уникатен спој на авторска музика и поезија од композиторот и поет Марко Виденовиќ, кој наиде на извонреден прием и сериозен одек меѓу публиката и културната јавност, како во земјава така и надвор од неа.

Со секој од досега реализираните концерти, „Мевлем“ не само што ја потврдува својата уметничка автентичност, туку и се етаблира како проект со исклучителен емотивен и социјален капацитет. Неговата досегашна реализација покажа дека публиката, без оглед на културниот контекст, препознава искреност, длабочина и убавина.

Музичкиот состав „Мевлем“ е составен од музичарите: Памела Велкова – виолина, Верица Ајтовска – виола, Енис Аљи – виолончело, и самиот автор Марко Виденовиќ – пијано и глас, кои досега концерти одржале во: Загреб, Белград, Скопје, Битола, Охрид, Гевгелија и Велес.

Во вечерашната програма се вбројуваат композиции кои се специјално создадени за проектот „Мевлем“ и претставуваат иновативен пристап кон камерната музика и современата поезија.

„Мевлем“ е повеќе од концерт – тој е уметничка исповед, место каде поетскиот збор не се чита туку се чувствува, каде што музиката не се слуша туку се доживува. Создаден од композиторот и поет Марко Виденовиќ, овој проект е интимен дијалог помеѓу музиката и зборот, меѓу солистите и тишината, меѓу публиката и нејзините најдлабоки емоции.

Композициите, инспирирани од лична и колективна болка, љубов, надеж и тишина, се изведуваат од музичари кои со секој тон ја раскажуваат таа внатрешна вистина. Влијанието што овој проект го има врз публиката е од оние ретки, длабоки уметнички впечатоци што долго остануваат со човекот.

„Мевлем“ во својата суштина има потреба – да се понуди лековитост преку уметноста, да се овозможи допир со нешто исконско, нешто што ги надминува жанровите и формите.

„Целта никогаш не беше само да се приреди концерт, туку да се отвори простор за уметнички дијалог, за разбирање и заедништво. Резултатите од тоа не се само мерливи преку број на публика, аплаузи или медиумски интерес – туку преку тишината меѓу две композиции, преку солзите по последниот акорд, преку луѓето што приоѓаат по концертот не за да честитаат, туку за да споделат своја приказна. А токму тоа, всушност, беше и крајната цел, “, вели Марко Виденовиќ, автор на Проектот „Мевлем“, кој вечерва ќе биде претставен пред публиката во Битола.

СДСМ не го кандидира, а тој им посака да победат барем во една општина

„До тогаш посакувам среќа да се победи во барем една општина“, напиша Костадинов на својот профил на „Фејсбук“, најавувајќи рововоски битки во партијата и оправдувајќи ги прогнозите за нејзин тотален распад и инстант-пасокизација. Членството веќе е во редици пред канцелариите на ЗНАМ, велат упатените…

„До тогаш посакувам среќа да се победи во барем една општина“, напиша Костадинов на својот профил на „Фејсбук“, најавувајќи рововоски битки во партијата и оправдувајќи ги прогнозите за нејзин тотален распад и инстант-пасокизација. Членството веќе е во редици пред канцелариите на ЗНАМ, велат упатените… Не е исклучена можноста Костадинов на следните локални избори да се кандидира како независен во Струмица. Откако се дозна дека нема да оди по нов мандат со неговата партија, се реши да го замрзне членството во СДСМ.

Костадинов на полноќ повторно се огласи, и рече дека партијата е во тешка состојба, и посака да победи барем во една општина.

„Свесен за тешката состојба во која се наоѓа мојата партија, од безидејноста, сакам да помогнам за жал нема како… Во следните месеци, ќе започнам со креирање на ново интерпартиско делување, кое ќе биде презентирано по завршувањето на локалните избори. Целосно прецизна стратегија, доволно мотивирачка за да обедини авторитети што ѝ недостигаат на СДСМ, тешки за да бидат непривлечни за политичките авантуристи, и доволно забавни за да се пронајдат младите… Мојата стратешко политичка одлука за делување во СДСМ или можеби надвор од СДСМ ќе биде јавно кажана во два дела. Првата ќе биде септември, конечната по завршување на овие локални избори. До тогаш посакувам среќа да се победи во барем една општина“, напиша Костадинов на својот профил на „Фејсбук“.

За многу години, денеска се празнува Св. Наум Охридски: За неговите седум чуда морате да прочитате!

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20 јуни. Денеска е Св. Наум Охридски.

Свети Наум е најблискиот соработник на свети Климент, првиот словенски епископ. Во делото на просветувањето на Словените со евангелската вистина тој учествуваше како учител, а потоа и како свештеник. Десетина години пред смртта го основа манастирот посветен на светите Архангели на Охридското езеро.

Овој манастир е денешниот Св. Наум. Свети Наум се претстави пред Бога околу 910 година, на 23 декември (по јулијанскиот календар). Со оглед на тоа што тој ден паѓа во пост, за поторжествено празнување на неговиот спомен, уште од старо време Охридската Архиепископија го установи неговиот празник за време на летото, на денешен ден.

За чудата кои се случувале во манстирот Свети Наум Охридски Чудотворец постојат многу сведоштва.

Поп Стеван Ѓорѓевиќ од Охрид го раскажува овој случај, на кој бил очевидец:

-Во 1900 годинa седевме неколкумина после службата Божја под настрешницата пред црквата манастирска. Во манастирот во тоа време беше некој младич Ѓорѓи од Епир. Пред неколку недели негови роднини го довеле и оставиле во манастирот. Беше е совршено безумен и вон себе. По цел ден трчал околу црквата без одмор, бладал, зборувал без врска, не барал ни примал никаква храна, а одел је безмалку гол. Додека седевме и разговаравме Ѓорѓи неколку пати го оптрчал манастирот. На нас не обрнуваше внимание, како и да не постоиме. А и ние, веќе навикнати на неговото однесување, не обраќавме внимание на него. Ама наеднаш тој застана спрема нас и почна благо да ја врти главата кон вратите на црквата како да гледа некого. Потоа ги протри со рацете очите и лицето свое, го насочи својот поглед на нас и праша:

Каде сум ?

Ние му одговоривме: во манастирот на свети Наум. Како ти е Ѓорѓе ? Тогаш тој кажа:

– Бев во некој голем пламен. Пламенот одеше од појасот па нагоре кон главата. И целата глава ми беше во пламен. Но сега еве дојде пред мене еден старец, како свештеник, застана пред мене и дувна во пламенот. Сега пламенот го нема. А старецот влезе во црквата.
Потоа Ѓорѓе погледа на себе, па почнал да навлекува некоја крпа, која му висела низ бедрата. Му донесоа преслека. Тој се облече. После два до три дена го пуштија од манастирот, и тој сам отиде дома.
По силата, која Бог ја дарува на своите светители, и по човекољубието свети Наум наеднаш го исцелил овој човек. Слава на Бога!

Светителот не дозволува да го украдат

Еднаш дошле некои калуѓери од Грција да ги украдат моштите на свети Наум. Игуманот ги примил и угостил незнаејќи за нивната намера. Уште им дозволил, по нивната желба, да преноќат во гробницата на светителот. Таа нивна желба нималку не го зачудила игуманот, бидејќи многу болни и поклоници тоа го прават. После вечерата тие влегле во гробницата со своите торби, во кои под книгите биле лопати, ашови и други справе за рушење и откопување на гробот. Се заклучиле однатре, и кога сите заспале во манастирот, ја почнале својата работа. Но никако не им тргнало. Тие успеале, само да скршат од каменот на гробот. Одеднаш рацете целото тело им се фатиле, така што не мжеле да се помрднат, туку секој останал во онаа полжба во која се затекнал.

Утредента параклисарот сакал да влезе во црквата но не можел. Тропал, тропал, но залудно. Му јавил на игуманот. Сите се собрале, па некако ја отвориле вратата. Кога во гробницата има и што да видат. Сликата била невидена и страшна. Калуѓерите крадци стоеле, клечеле, или седеле како камени кипови. Како кој замавнал со својата справа да удри во плочата, така се фатил и останал како скаменет. Почнал да ги викаат и тресат – но тие само укочено гледале. Игуманот са браќата брзо припаднал на молитва. Молитвата траела долго, додека крадците најпосле не се отпуштиле и помрднале. Им се одврзал и јазикот, и тие со срам и покајание го исповедале пред сите она што веќе било јасно. Кажале уште, дека некој на тоа ги наговорил. Потоа отишле од манастирот. Фалејќи и благословувајќи го Бога и проносувајќи ја славата на свети Наум чудотворец по светот.

Илјада години лежат моштите на светителот во манастирот. Повеќе пати правени се и чесни и нечесни обиди, да се поместат, но секогаш без успех.

Обителта на свети Наум и кога страда никогаш не оскудува

Огромен број луѓе ја посетуваат обителта на свети Наум. Во турско време манастирот уште служел и за одмориште и преноќиште на сите патници од Македонија и од Албанија за Македонија. Но и покрај сето тоа манастирот никогаш не оскудувал. Имало случаи, манастирот да дојде во крајна беда, но тогаш је изненадно пристигала и чудотворната помош на светителот.

Така една година удрила болест на овците, па пцовисале многу овци и сите овни. Се загрижил игуманот, каде да најде овни за преостанатите овци. И баш кога бил во најголема грижа, дошол човек од село Лесковец кај Преспа и донел четири овна на дар на манастирот. Кога ги предал овните на игуманот му раскажал, што го натерало на такво дело. Му се јавил свети Наум на сон и му рекол: не е право ти да имаш толку овци, а јас да немам. Твоето е само твое, а моето е и народно. Донеси неколку овни во мојот манастир. Кога човекот се разбудил од сонот, сторил онака како му рекол светителот.

Наум Целакоски чудата на св. Наум ги класифицирал во неколку категории:

Прво чудо

Интересен е случајот со авионот кој се урнал и изјавите во медиумите и весниците на стјуардот кој изјавил дека бил спасен од св. Наум. Еден ден пред уривањето на авионот, тој купил икона од св. Наум и бил цврсто убеден дека неговиот живот го спасил св. Наум.

Второ чудо

Двајца лекари, сопружници долги години немале дете. Доаѓале неколку пати во манастирот со молитва кон светителот за родителство. По две години добиле ќерка. Биле црвсто уверени дека нивното чедо е дар од св. Наум.

Трето чудо

Од Трпејца доаѓале некои луѓе за молитва. Единаесет-дванаесет години биле без свое чедо и минатата година на денот на св. Наум го крстеле детето. Биле убедени дека нивната молитва пред св. Наум помогнала за нивното чедо.

Четврто чудо

Некој човек, Германец долги години имал протеза на вратот. Но, влегувајќи во манастирот, слушнал глас „извади го тоа помагало”. Ја извадил протезата и му се олеснило. Повеќе не ја користел протезата. Постоле сведоци за ова чудо.

Петто чудо

Во манастирот донеле момче на 17-годишна возраст од муслиманска вероисповест кој страдал од епилепсија. Му бил прочитан педесеттиот псалм и молитва. Игуменот Некатариј се интерисирал преку негови роднини за неговата болест. Му рекле дека нема епилептични напади.

Шесто чудо

Манастирот го посетиле група Бугари. Една жена од нив украла мало паунче. Кога требало да си заминат автобусот се расипал. Но, некој ја видел кога го украла паунчето, ја укорил да го го врати украденото паунче. Од црква и манастир не се крадело. Таа се засрамила и го вратила паунчето. Тогаш автобусот тргнал.

Седмо чудо

Св. Наум направил многу чудеса. И денес се уште се случуваат многу чуда. Дошле посетители од Охрид, но недолично се однесувале на свето место и на враќање сите се удавиле. Се превртел чунот во езерото.

Инаку Свети Наум Охридски Чудотворец бил средновековен научник, писател, учител и еден од основоположниците на словенската и македонската писменост и просвета. Основач на манастирот на Светите Архангели, денешен Свети Наум. Роден е во првата половина на IX век.

Тој беше еден од основачите на Преславската книжевна школа и од 886 до 893 беше за учител таму. Беше еден од даровитите ученици на браќата Кирил и Методиј и како таков, кога во 893 година неговиот брат Климент беше назначен за словенски епископ во Велика, на неговото учителско место во Кутмичевица беше назначен Наум Охридски. Во Македонија, во Охридската книжевна школа, Наум Охридски успешно ја продолжи целокупната дејност на Климент Охридски, а изгради и манастир во близината на Охрид. Познато е дека се занимавал со литературна дејност, но неговите текстови сè уште не се идентификувани. Од двете кратки житија, напишани на црковнословенски јазик, се гледа дека бил голем учител, просветител, кој се разбира во народната медицина и толерантно ги водел црковните работи.

Животниот пат на Свети Наум Охридски тече паралелно со оној на Cвети Климент. Свети Наум учествува во Моравската мисија, по чие завршување оди во Велики Преслав, а оттука во Охрид каде ќе им се приклучи на Климент во работата на Охридската книжевна школа. Св. Наум Охридски бил познат како учител, организатор на црковниот живот, просветата, културата, поттикнувал учени луѓе кон творештвото.

Свети Наум Охридски Чудотворецот починал на 23 декември 910 година во манастирот „Свети Наум“, на брегот на Охридското Езеро, а култот за него започнал да се шири во Македонија, во јужнословенските средина, како и во Бугариjа, Албанија и Грција.

Свети Наум најголемиот дел од својот живот го поминал во манастирот на јужниот дел од Охридското Езеро кој сам го изградил. Освен по книжевната работа мегу народот бил познат и како исцелител и за време на својот живот излечил многу луѓе, особено душевно болни. Познат е и како чудотворец бидејки се зборува дека направил многу чуда, а некои од нив се претставени и на фреските од неговиот манастир како онаа на која е претставен како ја впрегнал мечката да го влече плугот наместо волот што го изела. Импресионираат и другите сцени од животот и чудата на Свети Наум Охридски кои се насликани во втората зона од Наумовиот гробен параклис : “Вкочанување на монахот што се обидел да го украде телото на Свети Наум од неговиот гроб” “Лекување на нервно заболени” “Крадец на коњ кого зората го затече пред вратите на манастирската црква” и “Ведрото остава вдлабнатина во каменот”.

Манастирскиот комплекс „Свети Наум“ низ вековите важел за мистично место каде голем број луѓе доаѓале да се помолат и да побараат лек за својата мака. И денес тука секојдневно доаѓаат намерници, не само од христијанската вера, да остават дар, курбан и да се поклонат на гробот на големиот светец кој се смета дека има чудотворна моќ. Ова култно место крие бројни тајни и интересни приказни кои се пренесуваат од колено на колено. Се смета за чудотворно по делата на светецот, а посетителите ден денес раскажуваат за бројни необични случки што ги доживуваат во Свети Наум. Една таква необична појава со својот мобилен телефон забележала туристка од Србија. На фотографијата се забележува силуета на светец со јасно видливи христијански детали како се отсликува во изворските води на Црн Дрим кај „Свети Наум“. Останува дилема дали се работи за феномен, некаква рефлексија или игра на сенки, но фотографијата секако делува

Во црквата се наоѓа и гробот на св. Наум Охридски и многу луѓе од разни вери и националности го посетуваат и бараат исцеление. Околу манастирот има повеќе свети води, Света Петка, Свети Атанасиј, Агијазмо и др.

Битолскиот Универзитет “Св. Климент Охридски” го објави конкурсот за упис на студенти бруцоши

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола го објави конкурсот за студенти бруцоши, односно за додипломските студии каде има места за 2.318 студенти, од нив 1.199 се за државна квота, 675 може да студираат со кофинансирање, а 444 места се за вонредни студенти.

Најмногу слободни места има на Технички факултет, вкупно 350 и на ФИКТ каде може да се запишат 300 бруцоши, а според објавениот конкурс на Техничко технолошки факултет во Велес објавени се 100 места, на Факултет за туризам и угостителство 256, на Економски факултет во Прилеп 217, потоа на Правен факултет-Кичево слободни се 215, на Педагошки факултет 230, а на Факултетот за безбедност во Скопје годинава ќе може да се запишат 270 студенти.

Најмалку студенти во прва година може да се запишат на Ветеринарен факултет во Битола каде место има за 45 студенти.

Како прва македонска високообразовна институција дел од Алијансата финансирана од Европската Комисија, УКЛО-Битола почитува европски вредности, нуди мобилности и избор на предмети, а наскоро и со можност за двојна диплома на деветте COLOURS универзитети.

Првиот уписен рок ќе се реализира на 19 август, информираа од ректоратот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола.

Неговите пици се уметност! Дарко од Прилеп е врвен пица мајстор, кој секоја состојка ја претвора во гастрономско уживање (ФОТО)

Дарко Јашароски е млад, талентиран пица мајстор од Прилеп и вистински уметник кога станува збор за создавање неодоливи вкусови кои будат емоции. Со над 15 години професионално искуство, неговата приказна е пример за посветеност, страст и постојано усовршување во светот на гастрономијата.

За неговите вкусни пици и вештина се зборува низ цело Скопје, оставајќи силен впечаток на гастро-сцената во главниот град преку успешна работа во неколку еминентни ресторани, како: „Гурмет“ во Дебар Маало, „Гет Кафе“ и ресторан „Дион“.

Неговата креативност и лидерство таму го вивнуваат на врвот на професионалната кујна. Но, неговото кулинарско патување не застанува тука. Па така, ако сите три годинишни времиња е помеѓу вистинските гурмани во Скопје, летото е резервирано за работа на хрватското приморје, каде Дарко веќе 10 години ги воодушевува туристите од целиот свет.

Дарко е носител на бројни признанија, а највредното меѓу нив е првото место на Балканот на престижниот пица натпревар во Софија, Бугарија – доказ за неговото мајсторство и иновативен пристап во подготовката на ова кулинарско ремек-дело.

Зад себе има и три успешни работни годни во Германија, како и 5-годишно работно искуство како пица шеф менаџер во “Доминос”.

Секоја пица која е приготвена од неговите раце, е внимателно изработена со врвни состојки, беспрекорна техника и љубов кон деталите. Неговите рецепти се комбинација од традиционалната италијанска школа и модерни вкусови, што резултира со пици што не се само вкусни – туку и незаборавни.

На мајстор Дарко му посакуваме уште бројни успеси во иднина, а вам во најскоро време да пробате некој од неговите пица специјалитети, и да се уверите дека сте во рацете на вистински мајстор, кој секоја состојка ја претвора во гастрономско уживање.

Прилепчанец му се заканувал на малолетник дека ќе го прегази со возилото

-На 30.06.2025 во 13.35 часот во ОВР Прилеп, М.С.(33) од с.Бела Црква, прилепско пријавила дека нејзиниот малолетен син на ул.”Егејска” во Прилеп бил пресретнат од З.Ш. од Прилеп кој управувал патничко возило “шевролет” со прилепски регистарски ознаки и истиот му се заканувал и се обидувал да го удри со возилот.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот – информираат од СВР Битола.