дома блог страница 154

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди презеде соодветни мерки и го расчисти случајот. Од извршените проверки, ОВККИПС констатираше дека на 05.07.2025 во 12.00 часот сменоводителот на БПС Прилеп В.И. го упатил полицискиот службеник А.К., кој бил со специјално возило пајак, да оди на ул.”Борка Урот” за да постапи во врска до неправилно паркирани возила.

Полицискиот службеник од ПО БПС Прилеп со специјалното возило затекнал непрописно паркирано возило “цитроен” со прилепски регистарски таблички, но пред да го подигне, дошол сопственикот на возилото Н.К. од Прилеп и од страна на полицискиот службеник му е издаден прекршочен платен налог во износ од 40 евра и изготвен бил записник за сторен прекршок по член 66 став 5 од ЗБСП.

Инаку, во текот на денешниот ден министерот за внатрешни работи Тошковски не беше во посета на ОВР Прилеп ниту беше на територија на град Прилеп – информираат од МВР.

Tри години ги лажел дека синот ќе им го излекува од црна магија, им зел 400.000евра – Уапсен бајач од скопско

На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП пријавил кривично дело – „измама“ по чл. 247 ст.4 од Кривичниот законик на РСМ против лицето Д.И. (54) од село Трубарево, скопско.

Имено, според пријавителот во период од 2022 до 2025 година пријавениот со намера за себе да прибави противправна имотна корист, со лажно прикажување на факти ги довел и ги држел во заблуда пријавителот и неговата сопруга М.Д. прикажувајќи се самиот себе како лице со посебни паранормални способности (наводен „бајач“, истерувач на духови и магии) , односно како “Божји човек” кој има моќ и сила да растури зла маѓија што наводно била направена над нивниот син и што наводно му го загрозувала неговото здравје и живот. Притоа, во наведениот речиси три годишен период ги навел оштетените лица во повеќе наврати на различни локации во Скопје и Берово да му даваат парични средства во висина од 5.000 до 6.000 евра за „помошта“, така што се стекнал со противправна имотна корист од вкупно 400.000 евра за посочениот период.

По примањето на пријавата од страна на полициски службеници од СВР Штип во содејство со полициски службеници од ОВР Берово, Одделот за криминалистичка полиција и СВР Скопје, а по насоки на јавен обвинител од надлежното ОЈО Кочани веднаш се преземени мерки и активности за расчистување на кривично правниот настан, при што паричните средства кои оштетениот по предходен договор со пријавениот имал намера да му ги даде, се крим-технички обработени. Така вчера (04.07.) во Берово од слобода се лишени пријавениот Д.И. и неговата мајка Д.И. (76) од Трубарево, скопско кај која при извршен претрес се пронајдени парични средства во износ од 3000 евра. Од извршениот претрес во нивниот дом во Трубарево пронајдени се и одземени се предмети поврзани со кривичното дело – „измама”. По целосно преземени мерки и активности против двете приведени лица е поднесена кривична пријава за продолжено кривично дело „измама” и истите се предадени на Судија за предходна постапка во Основниот суд Кочани.

Активни четири пожари: Гори во Прилеп, Македонски Брод, Чашка и Велес

Состојба со пожарите на 05.07.2025 до 13.00 часот

На територијата на државата се евидентирани вкупно 8 пожари на отворен простор, од кои:

Активни се 4 пожари:

Општина Прилеп, с. Бешиште – приземен пожар во квалитетна мешана шума

Општина Македонски Брод, с. Црешнево, м.в. Церо Поле – пожар во деградирана дабова шума и грмушки

Општина Чашка – шумски пожар под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (моментално нема активен пламен, само чад на карпест дел)

Опш. Велес – пожар во ниска вегетација

Изгаснати се 4 пожари:

Општина Врапчиште, с. Врањовци – ниска вегетација, ѓубриште

Општина Липково, с. Лојане – ниска вегетација и стрниште

Општина Карбинци, с. Радање – блок (површина) посеана со жито и ниска вегетација

ОпштинаАрачиново, с. Орланци – ниска вегетација и отпаден материјал.

Во “Цепенков” отворена изложбата „ЖИВИ АРТЕФАКТИ“ на уметникот и скулптор од Прилеп, Филип Јовески (ФОТО)

„ЖИВИ АРТЕФАКТИ“, е самостојната изложба на мултимедијалниот уметник и скулптор Филип Јовески,што синоќа беше отворена во Ликовната галетија на ЦК”Марко Цепенков” во Прилеп.

Ликовниот јазик во творечкиот опус насловен „Живи артефакти” на мултимедијалниот уметник Филип Јовески се одликува со јасни геометриски и колоритни традиционални орнаменти.

– Преку употребата на аугментативната реалност, живите орнаменти дигитално се отелотворуваат во визуелни трајни ликовно-семиотички облици и симболи во материјалниот свет.

Модифицираните ликовни креации пулсираат во просторот, создавајќи комуникација меѓу реалниот и дигиталниот свет. Реконструираните колоритни орнаменти преку аугментативната реалност се трансформираат во сеќавања врежани во просторно-временски континуум.
Во творештвото на Јовески е воочлива потрагата по исконска заоравена мудрост, преточена во ингениозно смислен ликовно-симболичен јазик сочуван во колективната меморија на претците.

Судирајќи се со одамна заборавените традиционални „генетски” кодови, индивидуата остварува комуникација и однос со минатото. Интеракцијата меѓу „живите артефакти” на минатото и современиот човек се одвива преку временско-просторен портал. Низ овој портал се среќаваат колективната меморија на групата—отуѓена и заборавена во минатото—и индивидуалната свест на поединецот. Симплифицираните геометриски облици добиваат мистична димензија, трансформирајќи се во дигитални ентитети со изменет визуелен идентитет. Од колоритни форми насликани на дводимензионална површина, тие еволуираат во тридимензионални дигитални скулптури.

Во своето ликовно творештво Јовески го вградува културниот генетски код на македонскиот народен идентитет, издвојувајќи разновидни симболи кои се вткаени во народното македонско творештво. Интеграцијата на овие „генетски” кодови истовремено претставува и продолжеток и иновација на традиционалната култура и фолклор -рече на отворањето на изложбата м-р Викторија Димеска, историчар на уметност.

Со оваа изложба Филип Јовески претходно се претстави во КИЦ во Белград, Србија.

Ветено, сторено! Затоа е омилен кај битолската публика – Тренерот Соколески ги тетовираше трите шампионски титули на Еурофарм Пелистер (ФОТО)

Тренерот на голманите на Еурофарм Пелистер – прилепчанецот Ице Соколески, го исполни ветувањето кон навивачите и играчите.

Трите шампионски титули на “зелено-белите” ги тетовираше на неговата рака, како вечен паметник за најдобрите ракометни години во Битола.

Соколески важи за еден од омилените членови на стручниот штаб кај “Чкембари”, човек кој е посветен до најситен детал во работата и важна алка во шампионскиот тим на битолчани.

Неодамна Соколески се врати од кампот за ракометни голмани во хрватскиот град Омиш, кој се одржа по 15. пат, а прилепчанецот третпат во низа беше дел од тренерскиот штаб на кампот.

Таму нашиот тренер беше во друштво на: Примож Прошт, Харис Поробиќ, како и Дино Шпиранец и Драган Јерковиќ, кои работат во Магдебург и Рајн Некар Левен.

Николоски: Продолжуваме да ја градиме Македонија (ВИДЕО)

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео за изградбата на експресниот пат Градско- Прилеп и неговите придобивки.

” Го изградивме експресниот пат Градско – Дреново – Фариш (Прилеп)

Ветивме пред граѓаните на Прилеп, Битола, Ресен, Крушево, Могила, Новаци, Кривогаштани и цел Тиквешки регион дека ќе изградиме модерно и безбедно патно решение и овој експресен пат е одговор на тоа што го ветувавме.

Го завршивме патот од Дреново до Фариш кој е дел од патот Градско – Прилеп. Во должина од 25 километри овој пат значително ја подобрува безбедноста и го намалува времето на патување од Скопје до Прилеп и Битола.

Продолжуваме да ја градиме Македонија ” напиша вицепремиерот Николоски.

Жота нема да биде заборавен: Голем гест на Ливерпул и кон неговото семејство

Управата на англискиот фудбалски великан Ливерпул ќе направи голем гест и на семејството на трагично починатиот Диого Жота ќе му биде исплатен целиот преостанат износ од неговиот двегодишен договор. Веста ја пренесе португалскиот весник „Рекорд“, потенцирајќи ја големината на гестот на клубот од „Енфилд“.

Со оваа постапка, Ливерпул испраќа силна порака на поддршка и сочувство кон семејството на Жота, кој зад себе остави сопруга и три деца. Трагичната несреќа во која животот го загубија Диого и неговиот брат Андре Силва предизвика длабока тага и неверување низ целиот свет, а многумина трагедијата ја споредуваат со смртта на кошаркарската икона Коби Брајант и неговата ќерка Џиана.

Во саботата, делегација на Ливерпул составена од дел од фудбалерите допатува во португалскиот Гондомар за да му оддаде последна почит на својот соиграч и неговиот брат. Клубот исто така веќе потврди и дека дресот со број 20 ќе биде повлечен од употреба, а во план е и формирање на фондација или меморијален проект кој ќе го носи неговото име.

“Како бе ви текна да удрите по џебот на немажени и неженети, а не и по сопствениот џеб?”

Фејсбук статус на Пале Печијареска Матеска

“Како на власта и текнало да плаќаат данок немажени и неженети, а не им текнало на прогресивен данок како шо е во другите држави?

Како бе ви текнува на удрите по џебовите на младите, а не ви текнува да си удрите по сопствениот џеб и да плаќате повеќе?

Како секогаш ви текнува да собирате данок од обичниот човек работникот, а не ви текнува да удрите по џебот на богатите?

Како не ви текне да плаќате прогресивен данок за имот кој го имате за втор стан 10% за трет стан 20% па буџетот да го полните од богатите а не од сиромасите ?

Еве пример во Германија Како се плаќа данок на примања.
Во 2025:
14–42 % прогресивна на доход до €68.429
42 % за €68.430–€277.825
45 % над €277.825
Дополнително: 5,5 % Солидарност (само за високи приходи) и
8‑9 % Црквен данок (ако сте член)
Придонеси ~20 % од бруто

Да очекуваме за брзо време да воведете данок за црква ако не, само вие да не плаќате ..како тоа вие со примања над 1.000 евра да плаќате данок исто со некој шонзема минимална плата од 396евра ??

Со ова мислите ќе го зголемите наталитетот??

Дајте им на младите станови, дајте им пари за склучување на брак, дајте им пари за родено дете… ама не вие изгледа мислите само како младите да си заминат побрзо од државава и не само младите туку и фамилии си заминуваат оти им се збоктиса од политиките кои ги терате 35 години”

Во мариовско Витолиште пронајдени опасни артилериски гранати (ФОТО)

Дирекција за заштита и спасување (ДЗС), во овој период постојано работи на отстанување на неексплодирани убојни средства (НУС) на линијата на Македонскиот фронт од минатите војни, но и од последниот конфликт од 2001-та.

Конкретно, во с.Витолиште Мариово, Општина Прилеп по пријава до Граничната полиција на МВР, беа пронајдени и безбедно отстранети артилериски гранати од Првата светска војна (артилериска граната 105mm и минофрлачка граната 75mm).

По пријава во СВР Тетово, во атарот на с.Непроштено беше отрането НУС, проектил 40mm од рачен фрлач на противпешадиски гранати, што потекнува од конфликтот во 2001.

Инаку, ДЗС дејствуваше со ограничените човечки ресурси за НУС. Поточно, пиротехничарот од Дирекција за заштита и спасување, Ѓорги Стефанов, безбедно ги подигна и ги транспортираше на сигурно и безбедно место, се до нивното уништување на воениот полигон Криволак.

Не е само да се појавиш и да притискаш тастер: Еве кои пратеници се најактивни во Собранието

Бојан Стојаноски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Ѓорче Петров најмногу зборувал на говорницата во првите 6 месеци од новиот собраниски состав, покажува мерењето за собраниската активност. Стојаноски на говорница се задржал дури 467 минути.

По него е Сали Мурати од Демократското движење на Турците во Македонија со 319 минути, па Фатмир Битиќи и Јованка Тренчевска од СДСМ.

Во првите 10 најактивни пратеници во Собранието се и:

Драгана Бојковска – ВМРО-ДПМНЕ
Благој Бочварски – СДСМ
Благица Ласовска -ВМРО ДПМНЕ
Љупчо Пренџов – ВМРО-ДПМНЕ
Халил Снопче – ВЛЕН
Амар Мециновиќ – ЛЕВИЦА