дома блог страница 153

Во тек е оглас за ангажирање на 400 пожарникари

„Македонската интервентна пожарна, еве така да ја наречеме оваа единица, денес делуваше многу импресивно и мотивирачки. Денес се случи комплетна пренамена на полициските и армиски „БТР 80“, „Хермелини“ и „Пинцгауери“ кои беа управувани од луѓе кои се вешти од МВР и Армијата. На сите тие возила им е вграден различен резервоар, во зависност од статиката на возилото, да не дојде до изместување на тежиштето и да не дојде до превртување. Работеа инженери на овој проект. Резервоарите се од 1,5 метар кубен до 6, исто така се со вградени пумпи со различна „коњажа“, пумпи со различна можност, притисок итн и навистина тоа делува импресивно. Кога зборувавме со луѓето од Армијата колкав терен тие би можеле да покријат, ми беше кажано дека до 20 километри само овие возила кога би се распределиле би изгасиле пожар.“,рече премиерот Мицкоски во гостувањето на „Тема на денот“ во Дневникот на Сител телевизија.

Тој потенцираше дека оваа пренамена на старите армиски и полициски возила не ја чинело државата ништо, туку тоа било направено од општествено одговорни компании, а ако едно вакво возило чини 400 илјади евра, тогаш тоа значи дека заштедени се неколку десетици милиони евра од буџетот.

„Од друга страна отпочнат е огласот за вработување на 400 нови пожарникари. Ги охрабрувам луѓето преку општините, тие кои се чувствуваат подготвени да влезат во овој процес. Оваа единица, армиските хеликоптери и хеликоптерите на полицијата, а на тоа додадени и Ер тракторите, еден е вратен од сервис, другиот се враќа оваа недела, а третиот до крај на јули, ценам дека сме подготвени доколку оваа година се случат пожари да ги совладаме.“,истакна премиерот Мицкоски и дополни дека направените промени ветуваат спремност во справувањето со пожарите и за разлика од минатото државата ќе биде проактивна, а не реактивна на ова поле.

Продолжува топлотниот бран, денеска до 41 степен, освежување од среда

Топлотниот бран со температури до 41 степен продолжува и во следните два дена, а освежување продор на посвежа воздушна маса од север се очекува од задутре. Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најави сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 41 степен. Попладне има услови за локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од југозападен правец.

За Скопје исто така прогноза за сончево и многу топло, со минимална температура до 20, а максимална до 40степени. Попладне со мала до умерена облачност, а ќе дува слаб до умерен југозападен ветер.

И утре ќе се задржи многу топло време со дневна температура наместа и над 40 степени. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.

Според прогнозата на УХМР, во среда, а особено во четврток поради продор на посвежа воздушна маса од север ќе има значително опаѓање на дневната температура. Ќе дува засилен северен ветер, а претежно во северните делови ќе има повремен дожд.

Поради високите температури, минатата недела во петок беше активирана фазата 3 од Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотни бранови, а Владата донесе препораки за заштита на населението кои ќе траат до вторник, 8 јули.

Од работни обврски се ослободени бремени жени и лица постари од 60 години, но тоа не се однесува на вработени во критичната инфраструктура (здравство, полиција, армија, транспорт, енергетика, јавни комунални претпријатија).

Во препораките на Владата се и одложување на работниот процес од 11 до 17 часот за работници изложени на директна топлина; работа од далечина, флексибилно или двократно работно време, каде што е изводливо; обезбедување микроклиматски услови за работа односно простории со температура до 25 степени Целзиусови, освен таму каде природата на работниот процес налага поинаку.

Препорачано е и активирање планови за вонредни услови и сите здравствени установи, установи за згрижување стари лица и образовни институции да постапат согласно интерните протоколи за кризна состојба.

-Мерките имаат цел да обезбедат континуирана и ефикасна заштита на здравјето на населението преку превентивно дејствување и соодветна институционална подготвеност, посочуваат од Министерството за здравство и додаваат дека заедно со сите надлежни институции ќе продолжат со редовно информирање и спроведување на мерките, со цел заштита на здравјето на граѓаните.

Денеска се празнува paѓањето на Св. Јован Крстител – Иванден: Честит именден Ивана, Иван, Иво, Ива, Јане, Јана…

Денеска е Раѓање на св. Јован Крстител – Иванден.

Именден празнуваат: Иван, Ивана, Иванка, Јанко, Јане, Јана…

На свети Јован Крстител црквата му посвети неколку празници, и тоа не случајно. Овој светител беше наречен најголем меѓу родените од жена, со што е потврдено неговото посебно место во човечката историја.

Тој, заедно со пресветата Дева која ни го роди Бога е врската на стариот и новиот свет, врската на Стариот и Новиот завет.

Инаку, денес се празнува почетокот на благовеста за Христос, со што се определува и посебната врска меѓу Синот Божји и последниот пророк на Стариот завет.

За тоа зборуваат стиховите од тропарот, кои гласат: се разреши немоста на татковците, т.е. почна непосредната проповед за Христовото доаѓање.

Лишен од слобода прилепчанец кој возел со 1,62 промили алкохол

-Денеска во 00.45 часот и полициски службеници од ОВР Прилеп на улицата „Браќа Миладиновци“ во Прилеп го лишија од слобода Ж.П.(55) од Прилеп, кај кого при сообраќајна контрола, додека управувал со патничко моторно возило „Фиат“, биле констатирани односно измерени 1,62 промили алкохол во крвта – информираат од МВР.

Почетна плата од 2.000-2.500 евра! Бидете дел од успешната хотелска приказна во највисокиот град на Балканот

Придружете се и бидете дел од успешна хотелска приказна во највисокиот град на Балканот!
ХОТЕЛ ПАНОРАМА СПА и ХОТЕЛ МОНТАНА ВО КРУШЕВО ВРАБОТУВА ХОТЕЛСКИ МЕНАЏЕР
Доколку сте амбициозни, организирани и имате страст за угостителство – ова е вашата шанса!
Бараме искусен хотелски менаџер кој ќе се приклучи на нашиот тим и ќе ги води двата најпосетени хотела во срцето на Крушево.
 Што очекуваме:
• Најмалку 5 годишно Претходно релевантно искуство
• Лидерски и организациски вештини
• Одлична комуникација со гости и вработени
• Познавање на 2 странски јазици
• 5 дена во неделата присуство во хотелите во Крушево (вклучително и за викенди)
 Нудиме:
• Одлични услови за работа
• Почетна плата од 2000-2500 евра со можност за зголемување во зависност од успешност
• Пријатна работна средина
• Сместување
📩 Аплицирање и информации на: [email protected]

Печијареска брутална: “Што ќе добие Прилеп со ребалансот на Буџетот?

Фејсбук статус на Павлина Печијареска Матеска:

-Во Собрание ќе се гласа ребаланс на буџет…поднесени повеќе од 130 амандмани.

Ме интересира конкретно за Прилеп некој поднесе некој амандман за нешто?

Пример, кога се носеше буџетот за 2024, тогашните пратеници од ВМРО како опозиција поднесоа амандман за изградба на фабриката за отпад и СДС кои беа на власт го изгласаа амандманот, и ене сега се гради фабриката.

Сегашниве пратеници од Прилеп имаат некој амандман поднесено во интерес на прилепчани и Прилеп? Еве пример некоја пара за да профункционираат спортските сали, “Универзална” и “Македонија”, или пак да се отпочне со градба на театар, или пак базен кој се ветува пред секои избори? Стварно, дали пратениците имаат досега побарано нешто за градов и шо?

Не е само да се седи во фотеља и да се зема плата, треба да бараат за Прилеп и прилепчани!!!

Во изминативе осум години Прилеп како град умре, оти толку способни кадри има на функции. Абе стратегија за уништување на градов да имавте, олку успешна немаше да биде.

Вака имате лице…или со лице ѓон ќе се појавувате за локални пред прилепчани..??

Анкетите одлучија за Градоначалник на Скопје, така ќе биде и за Прилеп

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одлучи Орце Ѓорѓиевски да биде кандидат за градоначалник на Градот Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференција соопшти дека ИК на ВМРО-ДПМНЕ одлучи токму актуелниот градоначалник на Кисела Вода, да биде нивен кадидат за градоначалник на Град Скопје на престојните локални избори.

Мицкоски рече дека Ѓорѓиевски на анкетите води пред сите имиња кои се споменуваат од опозицискиот блок.

„Скопје заслужува енергија, визија и човек кој знае како се води општина. Ѓорѓиевски покажа дека знае како да направи резултати и сега е време таа посветеност да ја пренесе на ниво на главниот град,“ изјави Мицкоски.

Mицкоски потенцираше дека на сите направени анкети Ѓорѓиевски неколкукратно отскокнувал со поддршка во однос на останатите претенденти за најважната градоначалничка функција.

СДСМ сè уште го нема објавено името на нивниот кандидат за градоначалник на Скопје.

Локалните избори ќе се одржат во октомври.

BURGER BOOM – Бомбастични хамбургери, пици, гиро… и што ли уште не! Кој не пробал, не знае што пропушта

Kој досега не пробал, не знае што пропушта!

Добредојдовте во Burger Boom, местото каде што добриот вкус, брзата услуга и пристапните цени се секојдневие! Сместени во срцето на Прилеп, во новата катна гаража, тие се омилен избор за сите љубители на сочни бургери, вкусни сендвичи, пици и школски оброци кои се идеални за младите.

Богатото мени е внимателно составено за да одговори на секој вкус – од класичен хамбургер или чизбургер, до специјалитети како Boom бургер и Boom стекови со сочно пилешко, кашкавал и бургер сос. Доколку сте љубител на пици, тука се Boom пицата, капричиоза и сите други познати вкусоци, а за тие што сакаат нешто поинакво – во Burger Boom будат и гиро порции, печени сендвичи, тостови, па дури и посни оброци.

Школски оброци – квалитет и цена по мерка на секое дете

Специјално за учениците, секој ден од 08:00 до 09:30 и од 13:00 до 15:00, во Burger Boom ќе можат да вкусат вкусни и економични школски оброци: тост, хот-дог или хамбургер – по супер достапни цени од само 70 до 100 денари.

Освежете се со широк избор пијалоци

Изборот на пијалаци вклучува газирани и негазирани сокови, вода, пиво и кафе. Кај нас, секој оброк може да се надополни со нешто освежително!

⭐ Зошто Burger Boom?

✔️ Највкусна брза храна во градот
✔️ Голем избор на производи за сечиј вкус
✔️ Пристапни цени, особено за ученици
✔️ Брза и љубезна услуга
✔️ Секогаш свежо и квалитетно приготвена храна

Дојдете и уверете се зошто велат дека Burger Boom е број 1 во Прилеп кога станува збор за брза храна!

50 специјално опремени возила од АРМ и МВР пренаменети за гаснење пожари – На Криволак промовирана новата единица (Фото галерија)

Дирекција за заштита и спасување добива прва републичка пожарна составена од 50 возила за гаснење на шумски пожари, кои имаат одлични карактеристики и капацитети за справување со тешко достапни терени. Станува збор за армиски и полициски возила кои се пренаменети и ставени на располагање на Владата и на Дирекцијата за заштита и спасување, а на барање на општините за справување со пожарите во земјава.

Премиерот Христијан Мицкоски, на промоцијата на армискиот полигон „Криволак“, посочи дека станува збор за полициски и армиски возила кои повеќе од осум години беа запуштени и не биле запалени, а со кои сега државата многу поподговени ја пречекува сезоната на пожари.

-Благодарност до сите кои што учествуваа во оваа активност. На овој начин државата заштедува неколку десетии милиони евра, а да не зборувам колку капацитетите се зголемени, изјави Мицкоски.

Тој информираше дека неделава треба да стигне и вториот авион од сервис, а третиот се очекува до крајот на август.

– По два полициски и армиски хеликоптери се исто така подготвени доколку има потреба. Навистина не можеме да правиме споредба со претходно. Можам да кажам дека многу, многу поподготвени сме од минатото доколку има вакви предизвици, изјави Мицкоски.

Време е за акција, пред жештините да те изненадат на пат! Освежи го возилото во “Авто Контрол” и заштити го своето и здравјето на најблиските

Температурите растат, асфалтот врие, а климата во твоето возило не функционира како што треба? Време е за акција – пред жештините да те изненадат на пат!

Авто Контрол е препознатлив бренд и докажан лидер во Македонија кога станува збор за технички прегледи, сервисирање и целосно одржување на возила. Илјадници задоволни клиенти секојдневно им ја доверуваат својата безбедност и комфор – и тоа не случајно.

Во текот на летниот период, исправниот клима уред не е само прашање на удобност – туку и на безбедност. Патување во прегреано возило го намалува вниманието на возачот, предизвикува замор и потенцијално опасни ситуации на патот. Дополнително, изложеноста на високи температури, особено кај деца и постари лица, може да предизвика сериозни здравствени проблеми.

Затоа, не го ризикувај највредното – провери ја и освежи ја својата клима на време!

Во Авто Контрол нудат:

• Полнење и сервис на клима уреди со фреон
• Детекција и поправка на дефекти
• Проверка на системи според највисоки технички стандарди

Брзо, ефикасно и со докажана експертиза.

Патувај комфорно, вози безбедно – со Авто Контрол на секој километар.