дома блог страница 152

(Фото галерија) Одлична организација на Државното првенство во спортски риболов за деца во Прилеп – малите натпреварувачи од ЗСР “Сомче” со висок пласман

Во организација на ЗСР “СОМЧЕ” од Прилеп, викендов на прилепското вештачко езеро се одржа Државното првенство во спортски риболов во категорија за учесници до 15 годишна возраст.

Токму членовите на прилепскиот клуб, Диме Спасески, Софија Јовчевска и Матеј Трајкоски, беа одлични и во нивниот прв настап на вакво првенство освоија второ и трето место во зонски пласман.

Од прилепскиот клуб упатуваат благодарност до градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, кој сите дечиња ги пречека со топол оброк.

“Децата се нашата иднина и затоа мораме да им се посветиме и да ги водиме по правилниот пат. Голема благодарност до сите учесници кои неуморно се бореа до последниот момент и покрај високите температури. Благодарност и до нашите спонзори кои помогнаа овие дечиња да бидат успешни и да уживаат во настанот, а тие се: “Пет Шоп Егзотик Фиш” Прилеп, “Уни Марбл” Прилеп и ПП “АУТО” Прилеп” – напишаа организаторите.

Доцна синоќа изгаснат пожарот во дворот на битолската болница – спречена катастрофа (ФОТО)

На тревна површина во кругот на Инфективното одделение при КБ “Д-р Трифун Пановски” во Битола синоќа избувнал во кој горела сува трева.

-Примена била дојава во 23:40 часот за запалена трева кај модуларната болница – Битола ТППЕ Битола интервенираше со 1 возилo и 4 пожарникари. Пожарот е целосно изгаснат каде гореше сува трева и не постои опасност за резервоарот со О2, соопштија од Противпожарната служба од Битола.

На лице место беше и градоначалникот на општината:

-По добиената информација за опожарена тревна површина во кругот на Инфективното одделение при КБ “Д-р Трифун Пановски”, заедно со директорката Д-р Ненси Лозанче излеговме на терен каде ТППЕ Битола веќе интервенираше и ја локализира и угасна опожарената површина.
Со брзата интервенција на противпожарната единица и поддршка од обезбедувањето на болницата, спречено е ширење и опожарување на околните објекти и не е причинета матерјална штета
– напиша Коњановски на ФБ.

Драма во битолско: Пyкал кон полицијата, тие возвратиле и го повpeдиле

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола изврши увид во битолско на локација каде едно лице по кое, според првичните сознанија, полицијата трагала, пукало со огнено оружје кон службени лица.

Полициски службеник возвратил, при што лицето е повредено, по што е лишено од слобода и задржано на лекување под надзор.

Јавниот обвинител издава наредби и насоки за целосно расчистување на настанот.

Шукер е првото големо засилување за ФК Големо Коњари

Фудбалскиот клуб од прилепско Големо Коњари, го претстави првото поголемо засилување за новата сезона.

Боите на новиот второлигаш ќе ги брани искусниот Зоран Даноски познат како Шукер. 34-годишниот напаѓач кој зад себе има богато искуство како на домашната сцена, така и во странство, ќе биде одлично освежување во тимот кој ќе го предводи Јовица Блажевски.

Даноски во својата кариера настапуваше за екипите на: Металург, Победа, Кожув, Тиквеш, Брегалница, како и за Баник Мост и Прибрам во Чешка, Интер Запрешиќ во Хрватска, екипата на Ѕвезда 09 во БиХ и Младост, Нови Пазар, Радник и Пролет во Србија.

Фудбалските вљубеници веруваат дека богатата кариера на Даноски ќе се одрази врз мотивот на останатите играчи и дека тој ќе биде вистински лидер во тимот.

Регулаторна донесе одлука: Бензинот поевтинува, нафтата поскапува

Од полноќ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,73% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија од 30.06.2025 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.06.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 76,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваа за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.06.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 70,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.06.2025 година и со тоа, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 69,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,174 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.06.2025 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 39,409 ден/кг.

Апсење на пијани возачи во Битола и Македонски Брод – едниот од нив го “прегорел” дрегерот кога дувнал

На 06.07.2025 во 17.39 часот на ул.„Македонски гемиџии“ во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Х.Р.(32) од Битола. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „голф” со битолски регистарски ознаки, кое го управувал Х.Р. и по преземени мерки било констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,51 промили алкохол во крвта.

На 06.07.2025 во 13.01 часот, полициски службеници од ОВР Македонски Брод кај с.Латово, Македонски Брод, го лишиле од слобода В.Т.(39) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „цитроен” со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Т. и по преземени мерки било констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2,55 промили алкохол во крвта.

По документирање на случаите, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од КЗ.

Нешто невидено досега! Над 3.000 верници синоќа празнуваа Иванден во преубавиот манастир Св. Јован Крстител во Беранци (Фото/Видео)

Околу 3.000 верници и гости синоќа го посетија преубавиот манастир Св. Јован Крстител над село Беранци, битолско по повод празнувањето на големиот христијански празник – Иванден.

Нешто невидено, така посетителите ја опишаа сликата, гледајќи надолу кон огромната колона возила која се движеше кон манастирот. Речиси целото село и сите селски улици беа преполни со автомобили. Луѓе доаѓаа од сите пелагониски населени места и градови, а имаше зошто. После вечерната богослужба, за добро празнично расположение се погрижија оркестарот “Маестрал” и естрадниот пејач Благоја Грујовски.

Се пееја песни, се играа ора, една преубава слика која ќе остане во сеќавање на сите присутни.

Манастирот во Беранци е еден од најубавите во Пелагонија, а најпосетен е токму за Иванден.

За многу години и напомош, а до в година уште побројни!

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ГОРД СПОНЗОР НА КОНЦЕРТОТ „ОД МОБ ЗА СКОПЈЕ“

Со особено задоволство, Видеолотарија Касинос Австрија ја поддржа реализацијата на концертот „Од МОБ за Скопје“, одржан во чест на 200-годишнината од раѓањето на еден од најголемите светски композитори – Јохан Штраус.

Ова значајно културно случување, организирано од Амбасадата на Република Австрија во Скопје, се одржа во саботата на 5 јули, под отворено небо пред Националната опера и балет. Во вечер исполнета со музика, оркестарот на МОБ под диригентската палка на Винсенз Праксмарер и врвните солисти Бригита Симон и Иван Наумовски, ѝ приредија на публиката вистинско музичко доживување – патување низ најпознатите валцери, маршеви и арии на Штраус.

Поддршката на културните настани е клучен сегмент од корпоративната стратегија на Видеолотарија Касинос Австрија, насочена кон поттикнување на уметноста и збогатување на културниот живот во земјава. Преку ова спонзорство, ја потврдуваме нашата заложба за поддршка на вредностите што културата ги носи во едно општество – убавината, инспирацијата, духовноста и заедништвото.

Видеолотарија Касинос Австрија ќе продолжи активно да вложува во иницијативи што го збогатуваат општеството и го поддржуваат културниот развој на Македонија.

Избегнато ширење на голем пожар! Прилепските пожарникари со апел, граѓаните да внимаваат кога палат свеќи на гробишта (ФОТО)

Од Територијалната противпожарна единица Прилеп упатуваат апел до граѓаните, да внимаваат кога палат и оставаат запалени свеќи на гробиштата.

Имено, во текот на вчерашниот ден е спречено ширење на пожар на новите градски гробишта, кој настанал од запалени свеќи. Пожарот се заканувал да се прошири и да зафати поголема површина.

За среќа пожарникарите навремено реагирале со три возила и шест пожарникари, па пожарот бил изгаснат.

Апел: Оставете ги дворовите, базените, улиците…снемуваме вода за пиење од Студенчица

ЈКП Водовод и канализација Прилеп алармира за зголемена нерационална потрошувачка на водата за пиење, што резултира со губење на притисокот во повисоките делови од градот

-Веќе извесен период потрошувачката на вода во град Прилеп е енормно зголемена поради нерационално користење на пивката вода, што предизвикува намалување на притисокот на водоснабдувањето во повисоките реони, а посебно во зградите на горните катови.

Апелираме, замолуваме, пивката вода да не се користи за освежување на дворови, перење на автомобили, наводнување итн. Ваквите случаеви се забележани низ целиот град и поради тоа треба рационално да се користи пивката вода само за личните потреби.

Апелираме на совесно и одговорно користење на основниот ресурс за живот и животните потреби – информираат од ЈКП Водовод Прилеп.