дома блог страница 150

Викендов ни доаѓаат два големи празници! Еве што треба да знаете за Петровден и Павловден

Во сабота на 12 јули е Петровден, а во недела на 13 јули е Павловден, големи македонски празници со кои се поврзани многу обичаи.

Петровден е православен празник посветен на Апостол Петар. Сe смета за еден од најголемите празници по Велигден. Еден од најзначајните настани на Петровден е почетокот на традиционалната Галичка свадба.

Собор на 12 Апостоли – Павловден. Бидејќи претходниот ден, иако е посветен на двајцата славни Господови апостоли, сепак се вика Петровден, овој ден е одреден да се слави споменот на Светиот апостол Павле – Павловден.

На овој ден именден слават тие што го носат името Павле, Пајо, Павлина и слично, иако и претходниот ден може да се сретне празнување на овие имендени, затоа што претходниот ден се празнува споменот на двајцата апостоли.

Павловден, жените го држат како празник повеќе од Петровден. Во некои места на овој ден не се работи и се пази од пајаци, да не го каснат некого. Се верува дека човек каснат од пајак на овој ден тешко ќе оздрави. Затоа овој ден е познат и како Пајаковден.

Во некои краишта, на пример во гевгелиско, народот сметал дека Павле бил брат на Петар и дека на луѓето им правел разни добри дела. Народот велел дека св. Петар бил богат и сербес, а св. Павле сиромав и добродушен.

Следете во ЖИВО: Цацко ќе го извлечи третиот скутер од наградната игра на “АВТО КОНТРОЛ”

Денес (10.07) во 11:00 часот во просториите на Авто Контрол – легендарниот Бубо Каров, ќе го води извлекувањето на третиот ретро скутер од наградната игра „Време е за Скутер“.

Од Авто Контрол ги повикуваат сите учесници во наградната игра, да го следат извлекувањето во живот на нивната ФЕЈСБУК ФАН СТРАНА, или во директно во просториите на компанијата.

Можеби вие ќе бидете среќен добитник на преубавиот СКУТЕР!

Член на раководството на Левица – Прилеп ја напушти партијата: “Партијата спроведува негативна селекција во своите редови”

Еден од најистакнатите членови на политичката партија Левица во Прилеп, Атанас Белокоски, го напушти лидерот Апасиев и партијата и се извини, како што напиша на социјалните мрежи, поради тоа што граѓаните ги довел во политичка заблуда.

,,Почитувани сограѓани, поранешни сопартијци

🚩ОД ОВАЈ МОМЕНТ, ЈАС НЕ СУМ ПОВЕЌЕ ЧЛЕН НА ЛЕВИЦА !

Ви се обраќам на сите со извинување што сум ве довел во заблуда и сум ве усмерил за одредена погрешна политичка опција.

Не сакам и нема да бидам дел од партија која се залага за правда и “мерит-систем”, а во сопствените редови спроведува негативна селекција !

Очигледно е дека сеуште во Македонија се нема родено лидер на политичка партија кои ќе мислат за доброто на народот !

Сите политички партии, повеќе од 30 години, се борат за власт само за свои приватни интереси !

ПРОДОЛЖУВАМ ВО СВОЈАТА БОРБА ЗА ПРАВДА И БАРАМ ПОДДРШКА ОД СИТЕ ЧЕСНИ ЛУЃЕ КОИ ЈА САКААТ СВОЈАТА ТАТКОВИНА, НО НЕМА ДА БИДАМ ЧЛЕН ВО НИТУ ЕДНА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА !

ВРЕМЕ Е НАРОДОТ САМ ДА ЈА ЗЕМИ СУДБИНАТА ВО СВОИ РАЦЕ !

ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА !!!

ОФИЦИЈАЛНО: Антонио Шемкоски пристигна во ФК Големо Коњари!

Ново засилување на голот! Големо Коњари го доби она што му недостасуваше – сигурен, млад и мотивиран голман

По доаѓањето на Зоран Даноски, од денеска и Антонио Шемкоски, 20-годишниот чувар на мрежата, стана дел од новиот второлигаш ФК Големо Коњари.

Со искуство во Првата, Втората и Третата македонска лига, како и настапи за клубови како Победа и Кожуф, сега доаѓа да даде сè за дресот на Големо Коњари.

Антонио Шемкоски започнал да се истакнува во младинските категории на ФК Победа, а потоа преминал во сениорскиот фудбал.

Во младинските категории со екипата на Победа беше дел од шампионската генерациа 22/23. Шемкоски исто така е дел од генерацијата која
се натпреваруваше во младинската Лига на шампиони.

Во сезоната 2022/23, Шемкоски на 18 години забележува два настапи за ФК Победа во Првата македонска фудбалска лига, играјќи вкупно 180
минути.

Во натпреварите за ФК Победа, Шемкоски има забележано неколку настапи, вклучуваіки и учество во натпревари од Купот на Македонија и Втората македонска фудбалска лига.

Неговата посветеност и талент му овозможиле да се приклучи на ФК Кожув од Гевгелија, каде што поради сплет на околности се враќа во Прилеп, каде што продолжува да се развива како професионален голман.

Прилепскиот театар “Војдан Чернодрински” гостува на “Вевчанско лето 2025” со претставата “Чиста куќа”

Театарот „Војдан Чернодрински“ при НУЦК „Марко Цепенков“ утревечер, 10.7.2025 г., ќе гостува во Вевчани, каде во рамките на Вевчанско Лето 2025, во Домот на културата од 20.00 часот, ќе ја изведе претставата „Чиста куќа“, од Сара Рул, во режија на Тамара Стојаноска.

„Чиста куќа“, е последна премиера на театарот и е претстава што раскажува длабока човечка приказна за животот и смртта, преку пет различни, но меѓусебно испреплетени ликови.
Играат актерите Даниела Иваноска, Наташа Ачански, Катерина Чакмакоска-Клинческа, Јасмина Мицовска Станкоска и Димитар Ѓорѓиевски.
Претставата го пренесува ширењето на емпатијата и начинот на кој се справуваме со траумите од детството — во нашиот случај, преку вицови, како средство за преживување, бегство и поврзување.
„Чиста куќа“ не е само приказна за чистење простор, туку за чистење на внатрешниот емотивен хаос. Авторката потсетува дека не сме совршени, но и дека токму во таа несовршеност се крие нашата човечност.

Драматургија: Лидија Митоска-Ѓорѓиевска
Сценографија, дизајн на плакат и рекламен материјал: Филип Коруновски
Музички соработник на режисерката: Ана Митоска
Избор на костими: Тамара Стојаноска во консултација со актерската екипа

Ново омилено место за забава и големи добивки во градот – KAZZINO MOZZART


ПР текст

Чекањето заврши!

KAZZINO MOZZART, вашето ново омилено место за забава и најголеми добивки во Прилеп!

Подгответе се за незаборавно искуство исполнето со игри и непрекината забава.

Сместено до ресторанот Македонска Куќа, Kazzino Mozzart нуди најголем број на играчки места во градот, најсовремени апарати од најновата генерација, широк спектар на игри за сите играчи.

Ве очекува богат календар на промоции со различни активности. Секој ден џекпотови во различни вредности и големи добивки.

За повеќе информации, посетете ја https://tinyurl.com/bdf37mjm.

Дојдете и уживајте во играта и освојте големи добивки.

Ве чекаме во Kazzino Mozzart, веднаш до ресторанот Македонска Куќа.

МВР: Кај крушевчанец пронајдени стебла од канабис, жител од прилепско заработи кривична за фалсификување на лична карта

Од полицискиот билтен на МВР:

-СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.Ј.(54) од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 04.07.2025 полициски службеници, со судска наредба, извршиле претрес во домот на пријавениот, при што се пронајдени и одземени стебла од канабис.

-Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово поднесе кривична пријава против М.Ј.(27) од с.Житоше, о. Долнени, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На Граничниот премин Табановце, за влез во државата, при извршени гранични проверки е констатирано дека пријавениот приложил фалсификувана бугарска лична карта.

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА: НАД ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА ИСПЛАТЕНИ ДОБИВКИ ВО ЈУНИ!

Јуни беше месец на добитници. Видеолотарија Касинос Австрија им исплати фантастични 67.805.636 денари на своите играчи на ВЛТ терминалите – што е над еден милион евра! Оваа импресивна бројка уште еднаш ја потврдува среќата и довербата што играчите ја имаат во видеолотариските игри на среќа.

Јуни донесе нова радост за играчите на ВЛТ. Среќните статистики од овој месец покажуваат:

ü 3 СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот добитници – заедно поделија 18.945.367 денари

ü 17 МИЛИОНЕР џекпот добитници – вкупно исплатени 25.756.557 денари

ü 1816 добитници на МИНИ џекпот – со добивки од вкупно 8.199.006 денари

ü Премиум џекпот добитникот од Охрид – Б.Б. на 07.06.2025 освои ексклузивен Mercedes AMG

Овие бројки не се само статистика – тие се нови среќни приказни што се создаваат секојдневно на ВЛТ терминалите ширум државата.

Видеолотарија Касинос Австрија веќе десет години успешно работи во согласност со сите законски регулативи и меѓународни стандарди. Во овој период, исплатени се преку три милијарди денари на среќни играчи низ Македонија – доказ за транспарентност, стабилност и доверба.

Компанијата работи согласно важечката законска регулатива и светските стандарди за организирање на игри на среќа, што ни овозможи лидерска позиција на полето на електронските игри на среќа.

“Уметниците во Прилеп мораат да се борат” – Викторија Георгиоска за музиката како талент и избор на живот

Викторија Георгиоска (32), дипломиран соло пејач

ИЗВОР: “НЕДЕЛНИК ЗЕНИТ”

Дарбата и квалитетот ги носи во себе. Нејзиниот глас, кој е висок, но воедно е и нежен и лелеав, е природно богатство кое го поседува прилепчанката Викторија Георгиоска (32), а кој го усовршила со академска наобразба. Како дипломиран соло пејач моментално е невработена, со повремен ангажман и настапи во музички бендови, но со огромна љубов кон музиката и верба дека уметноста ќе биде соодветно вреднувана. А за својот талент, вложен труд и ангажман како академски школуван глас, добие сатисфакција и институционален ангажман. Веќе пет години јавноста ја знае како еден од женските вокали во групата “Крос Роуд блуз бенд”.

Желбата да пее ја носи со себе од мали нозе. Потекнува од музичко семејство, го наследила музичкиот интерес од таткото Роберт – Боби Стојчески кој е член на групата Балканика и свири клавијатури. Гените го направиле своето. Почнала со соло пеење во основното музичко училиште во родниот град, потоа го завршила државното средно музичко училиште во Битола и продолжила на соло пеење на Факултетот за музичка уметност во Скопје каде во 2017 година дипломирала. Нејзината боја на глас е сопран – колоратура (лирски). Имала музички обид со грумата Д Дример, сакале здружени алтернативно, два вокали, клавијатура и гитара, како бенд да понудат нешто поразлично. Имале настапи, но заради недоволната финансиска поддршка од спонзори, сите членови тргнале по свој пат.

Од 2021 е во Крос Роуд Блуз бенд на покана на Давид Нешкоски. Со нејзиното учество, бендот добил нов впечаток, не само визуелно, туку и музичко освежување.

– Успеав да се вклопам во бендот кој има традиција од 30 години. Публиката сака да нé слуша. Пријатно се чувствува, настапуваме на блуз фестивали во државава и надвор. Неодамна во Виница бевме предгрупа на Суперхикс – вели Викторија Георгиоска, дипломиран соло пејач и вокал во Крос роуд блуз бенд.

Со вечерните настапи успева да компензира меѓу обврските како естраден изведувач и мајка.

– Пред да имам дете беше полесно. Мислите не ти се раштркани, помалку обврски. Сега е подруго. Имам помош од сопругот, од семејството. Сите ме разбираат и знаат дека тоа јас мора да го работам, тоа е моја пасија и мој ангажман. Сите со восхит реагираат кога соругот Александар ќе им каже дека сум дипломиран соло пејач. Прилепската публика можеби не ги разбира доволно нашите настапи – вели Георгиоска.

Живее за сцената и настапите пред публика. Вели дека ужива во анимирање на гледачите, а тешкотиите од денот за миг ги остава зад себе кога микрофонот и е во рацете.

– Кога ќе застанам на сцена, сето претходно што се случувало го оставам зад себе. Мора да влезеш во улогата и професионално да си ја завршиш работата – вели таа.

Објаснува дека во минатото музички едуцираните кадри биле дефицитарни, но како неа, останатите колеги низ државава уште не се снајдени на професионално поле.

– Жалам што не се наоѓам на соодветното место, како музички педагог, професор или стручен соработник за музичко сценски дејности во некоја од културните институции. Во мојата генерација имаше 15 дипломирани пејачи, а порано имало двајца -тројца и се вработувале во Опера и балет или Филхармонија, во средното музичко училиште во Скопје. Нискиот хонорар во Опера и балет не беше доволен да останам во Скопје да живеам и се вратив во Прилеп. Има денови кога се каам и се чувствувам незадоволно од општетсвото, системот, но од друга страна јас сум таа, и што би можела друго да бидам. Ја сакам музика, тоа беше мојот сон. Како одминува времето, сваќаш дека нема назад, туку ти останува само да се бориш – вели Георгиоска.

Кога пее се чувствува среќно и задоволно. Го негува гласот. Порано негувала алтернавни ритуали, инхалации, гаргара со чај од жалфија. Штедење од многу зборување, но сега тоа не е можно. Обврските кон тригодишниот син Јордан не и даваат простор да молчи и го чува гласот.

– Правам основни вежби пред настап, вежби за дикција, опуштање на мускулите, раздвижување на гласните жици. Многу ни влијае зачадениот воздух особено во затворените простории – вели таа.

Веќе неколку години со бендот Крос Роуд блуз бенд настапуваат на камената бина на манифестацијата “Од нула до култура”. Прилепчани ќе може да ги слушаат на 21 август.

И покрај сите предизвици и искушенија, задоволна е што има кадифен глас иако засега не успева од својата професија значително да придонесува во семејниот буџет. Свири и на пијано.

Советува музиката да биде секојдневие за секого, луѓето да се предадат на музиката, да си ги ослободат мислите и да се опуштат.

ЈА САКА БЛУЗ, ЏЕЗ И СОУЛ МУЗИКАТА

Родена сум во погрешна држава можеби. Странската особено американската музика како блуз, џез и соул, ми се на срце. Ја слушам и популарната македонска поп музика, пеам и народни песни како гостин на Октетот Прилеп. Музиката не познава години, може да се случи да дојде моментот и за сопствен бенд или друга интересна понуда.

ТАЛЕНТОТ КАЈ ДЕЦАТА ТРЕБА ДА СЕ АФИРМИРА

Држи и часови во приватното музичко училиште Матрикс за деца од 4 до 7 години.

– Ако забележат родителите дека децата имаат афининет, слушаат песнички, танцуваат, држат ритам, треба да се охрабрат и ги насочат кон музиката. На часовите им кажувам основи од теорија, ритмички вежби, пееме и танцуваме. И кај Јордан забележувам дека има чувство за ритам. Прилеп има доста деца со музички птенцијал. Музиката има спсообност да го помогне и во емоцијалниот развој на детето односно плашливите и повлечените деца да се опуштат. Способноста за учење се поврзува и со музиката и со математиката.

Црн чад се крена над градот, горат хаварисани возила со плински уреди – имало и масовна тепачка (ВИДЕО)

Денеска (09.07.2025) во 09.16ч. во СВР Скопје е пријавено дека на отпад за старо железо ул. „Б. Буна“ во Скопје има пожар односно дека горат хаварисани возила, на кои имало монтирано плински уреди и се слушаат детонации од истите. До сега нема зафатено приватен имот – куќи. Се преземаат мерки за гасење на огнот и расчистување на случајот.

До овој момент едно лице е повредено и е пренесено за укажување лекарска помош. Поради непочитување наредба од службено лице, приведен е А.Н., сопственик на правното лице што управува со отпадот – информираат од МВР.

Како што јавува пак репортерот на Press24, прво дошло до тепачка меѓу поголема група граѓани, а потоа интевернирала и полицијата при што приведено е најмалку едно лице.

Видеото погледнете го ТУКА

Црниот чад се гледа од целиот главен град. Пожарот беснее од изутрината.

На терен се противпожарните служби, а пред малку пристигна и хеликоптер кој досега гаснеше во Дојран каде според надлежните исто така има сложен пожар за гаснење.