дома блог страница 15

Да си дочекаме и за Прилеп – Со 300.000 евра ќе се уредува комплетно речното корито во Марена (ФОТО)

Ќе се уредува комплетно речното корито во селото Марена, денеска беше кажано дека семејството на бизнисменот Орце Камчев, чиј татко има потекло од ова село, ќе донира околу 300 илјади евра за реализација на овој проект.

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев рече дека е ова еден од клучните и значајните проекти за селото Марена.

Камчев истакна дека иницијативата била на градоначалникот.

Ние како семејство сме среќни што можеме да го донираме овој проект во родното село на мојот татко, подвлече Камчев.

Претседателот на Совет на Општина Кавадарци, Стојанче Рамов потсети на тоа што го велат старите, дека каменот си тежи на местото.

Апел до сите наши влијателни фамилии кои потекнуваат од нашиот крај, да го следат овој чекор, порача тој.

Kривична за крушевчанец за незаконит лов

-ОВР Кичево поднесе кривична пријава против А.З.(61) од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит лов“. На ловен терен во атарот на кичевското село Староец, пријавениот ловел и извршил испукување од лично огнено оружје-ловечки карабин „Маусер“ калибар 7,9 милиметри, без да поседува дневна дозвола од концесионерот – информираат од МВР.

“Дарувај крв, спаси живот” – Утре крводарителска акција во општина Прилеп

Утре во Прилеп ќе се одржи крводарителска акција во организација на Црвениот крст и Општина Прилеп.

Сите хумани граѓани кои се во добра здравствена состојба се повикуваат да се вклучат и со својот гест да помогнат да се спаси нечиј живот.

📍 Локација: Општина Прилеп
📅 Датум: 18.03.2026 (среда)
⏰ Време: 09:00 – 14:00 часот

Една донација крв може да спаси повеќе животи. Покажете хуманост – дарувајте крв!

Кога љубовта кон милениците станува професија – нов grooming салон во Прилеп каде вашиот крзнен пријател ќе добие кралски третман (Фото/Видео)

Ново омилено катче за вашите најмили крзнени пријатели во нашиот град!

Добредојдовте во Shiny Sky, сосема ново и поинакво место каде што љубовта, трпението и грижата се на прво место.

Тука grooming-от не е само стрижење и фризура, туку целосна нега на миленичето – затоа што неговото здравје и благосостојба се најважни.

Нудат комплетни услуги: капење, стрижење, сечење нокти, средување на ушиња и санитарни делови – сè што му е потребно на вашето куче да изгледа и да се чувствува прекрасно.

-Нашата цел е секое милениче да се чувствува сигурно, опуштено и згрижено. Со внимателен пристап и професионална нега, се грижиме вашето куче да изгледа убаво, но и да биде здраво и негувано. Grooming-от е важен дел од здравјето на милениците – редовната нега помага за здрава кожа, чисто крзно и подобра хигиена, велат од Shiny Sky Grooming Salon.

Доколку сакате вашето куче да добие професионална нега во пријатна и безбедна атмосфера, слободно контактирајте и закажете термин.

Ќе ги најдете на ул. “Ладо Лапецот” во Точила Mini Mall.

За закажување термин, пишете им на фан страните на ФЕЈСБУК и ИНСТАГРАМ или јавете се на телефонскиот број: 075 306 312

 

Николоски: Од денеска директна авиолинија Охрид-Братислава, а од 29-ти март нова авиолинија од Охрид до Милано

Од денеска граѓаните ќе можат директно да летаат од охридскиот аеродром до Братислава, а веќе од 29 март од Охрид до Милано. Овие авиолинии значат нови туристи во Охрид и повеќе можности за зајакнување на економијата, напиша на својот фејсбук профил вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

-Од денеска, 17-ти март, граѓаните директно можат да летаат од аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид до Братислава. Веќе од 29-ти март воведуваме уште една линија од охридскиот аеродром директно до Милано. Овие авиолинии значи нови туристи во Охрид и повеќе можности за зајакнување на економијата. Развојот на авиосообраќајот претставува еден од врвните приоритети на Владата и Министерството за транспорт. Преку конкретни политики и мерки, континуирано работиме на унапредување на цивилниот авиосообраќај со што овозможивме значително проширување на мрежата на дестинации, објави вицепремиерот Николоски.

Николоски порача дека како Влада остануваат силно посветени на унапредување на авиосообраќајот заради развојот и поврзување на Македонија со големите центри.

Важна вест за корисниците на Инстаграм: Имате рок до 8 мај

Инстаграм, една од најкористените социјални мрежи, најави дека ја отстранува функцијата за „end-to-end“ енкрипција на директните пораки (DMs). Оваа промена, која стапува на сила од 8 мај 2026 година, значи дека разговорите меѓу корисниците повеќе нема да го имаат највисокото ниво на заштита кое гарантираше дека ниту компанијата „Мета“ нема пристап до нивната содржина.

Досегашната енкрипција овозможуваше само испраќачот и примачот да ги читаат пораките, но со нејзиното укинување, Инстаграм преминува на систем кој е помалку сигурен и овозможува анализа и модерирање на содржината.

„Корисниците кои во моментов имаат активни криптирани разговори ќе добијат инструкции во апликацијата за тоа како да ги преземат тие пораки и медиуми пред датумот на укинувањето“, стои во официјалното соопштение.

Измамена прилепчанка – остана без 2.000 евра и 1.000 долари

-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против М.А.(46) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 04.11.2025, пријавениот измамил жена од Прилеп за сума од 2.000 евра и 1.000 долари. Имено, лажно претставувајќи се како инспектор во странска земја, на жената ѝ соопштил дека нејзините внуци во странство направиле сообраќајна несреќа во која починало дете. Притоа, тој ѝ побарал пари за да издејствува нејзиниот внук да не оди во затвор, по што таа ги оставила парите на договореното место.

По преземени мерки од страна на полициски службеници од СВР Битола и Одделот за криминалистичка полиција, М.А. е лишен од слобода, а од надлежен судија му е одреден притвор.

Бугарин од Прилеп влегува во трката за пратеник на парламентарните избори во Бугарија

Зоран Мрсески, македонски Бугарин од Прилеп, најави дека ќе учествува на претстојните парламентарни избори во Бугарија како кандидат за пратеник. Тој ќе се кандидира во 23-тата изборна единица во Софија, на изборите закажани за 19 април, како дел од листата на партијата „Преродба“.

Информацијата Мрсески ја сподели преку социјалните мрежи, истакнувајќи дека ја прифаќа номинацијата со „голема чест и одговорност“. Воедно, им се заблагодари на партиското раководство за довербата, како и на лидерот Костадин Костадинов за поддршката и можноста да биде дел од кандидатската листа за 52-от состав на бугарското Народно собрание.

Мрсески е познат како водител на каналот „Б2 Канал Почетна Пресметка“, а исто така ја извршува и функцијата претседател на здружението „Југ“ со седиште во Прилеп.

Во својата објава, тој нагласува дека во изминатите години покажал лојалност и посветеност кон идеите на партијата. Доколку ја добие довербата од гласачите, најави дека ќе продолжи да се залага за заштита на бугарските интереси, како и за правата на Бугарите кои живеат надвор од Бугарија.

Уникатен маникир што го истакнува Вашиот стил – нови дизајни во салонот „Ласер и убавина“ во Прилеп

Совршено негуваните раце и впечатливиот маникир се еден од најубавите начини да се изрази личниот стил. Токму затоа, салонот за убавина „Ласер и убавина“ во Прилеп повторно претставува нови модерни дизајни кои ги освојуваат љубителките на убавината.

Смела црвена нијанса, надополнета со елегантни златни уметнички контури, кои создаваат впечаток на софистицираност и луксуз, модерна комбинација на топли тонови, дополнета со животински принт, кој е еден од најпопуларните трендови во маникирот во последните сезони…. изборот е ваш.

Од салонот велат дека секој дизајн е изработен со максимална прецизност и професионални материјали, што овозможува долготраен и беспрекорен изглед на ноктите.

„Нашата цел е секоја клиентка да добие маникир кој ќе го истакне нејзиниот карактер и стил“, велат од „Ласер и убавина“.

Доколку сакате и Вие да ги разубавите Вашите раце со модерен и уникатен маникир, можете да го резервирате Вашиот термин на: 070 287 842, или посетете ги во самиот центар на градот, на бул. „Гоце Делчев“, во зградите спроти „Палма шоп“ (влез 1, стан 7)

Седлоски го објави списокот: Ерера и Мусовски дебитанти, се враќаат Дориев и Николов – можеме ли да ја срушиме Данска?

Селекторот на А репрезентацијата, Гоце Седлоски го соопшти списокот на фудбалери кои се во комбинација за претстојните бараж натпревари за пласман на Светскиот шампионат.

Предводникот на националниот тим на располагање ќе има 28 играчи, а меѓу нив се тројца кои за прв пат ќе го носат дресот на македонската репрезентација, дефанзивецот на Борац Бања Лука, Себастијан Ерера, стоперот на тетовска Шкендија, Имран Фетаи и напаѓачот на Сиетл, Дени Мусовски. Во составот има и фудбалери кои по извесна пауза повторно се дел од најдобрата селекција и тоа Бобан Николов од Вардар, Љупче Дориев кој настапува во првенството на Узбекистан и Егзон Бејтулаи од Дрита.

Гоце Седлоски – селектор на македонската А репрезентација:

„Баражот против Данска за пласман на Светско првенство е натпревар кој носи голема тежина, но и огромен мотив за сите нас. Времето за подготовка е многу кратко, нецели два дена. Токму затоа, го задржавме костурот на тимот кој настапуваше во претходниот квалификациски циклус. Тоа е група фудбалери кои добро се познаваат, имаат изградено хемија и веќе знаат што значи да се игра ваков натпревар. Секако, направивме и одредени освежувања таму каде што сметавме дека е потребно. На списокот има тројца дебитанти, Фетаи, Ерера и Мусовски. Веруваме дека со формата и квалитетот што го покажуваат заслужија шанса и дека можат да донесат дополнителна енергија во тимот. Во составот се враќаат и Дориев, Николов и Бејтулаи, фудбалери кои добро го познаваат системот и атмосферата во репрезентацијата и кои во минатото знаеле да дадат важен придонес“.

„Свесни сме дека Данска е топ репрезентација и дека ја има улогата на фаворит, особено затоа што натпреварот се игра во Копенхаген, но, ние имаме јасна идеја, голема мотивација и верба во фудбалерите. Наш фокус е исклучиво на тоа како ние ќе изгледаме на теренот и како ќе одговориме на предизвикот“.