дома блог страница 148

Никола Станишиќ со еуфорија, овации и аплаузи дочекан во неговата општина Ѓорче Петров: Прв го пречека градоначалникот Александар Стојковски

Годинешниот победник во најпопуларното регионално музичко телент шоу „Ѕвездите на Гранд“, нашиот Никола Станишиќ вчера, (петок 11 јули 2025) околу 19 часот се врати во Скопје. Први го дочекаа неговите сограѓани од скопската општина Ѓорче Петров, а оној кој прв го пречека беше градоначалникот Александар Стојковски.

По средечното добредојде исполнето со прегратки и честитки, градоначалникот на Ѓорче приреди мал прием во просториите на општината, каде на победникот му беше врачен скромен подарок за спомен и сеќавање.

Врамен рачно изработен грб на Ѓорче Петров, како симбол на општината во која „Гранд“(е) победникот живее.

По кусиот разговор Никола заедно со екипата и градоначалникот Стојковски тргнаа кон паркот во Ѓорче каде околу веќе поставената сцена беше собран мноштво народ, воглавно од неговите сограѓани кои едвај чекаа да го видат и поздрават нивниот сожител кој ја направи Македонија повторно горда.

Новинарот и водител Антонио Димитриевски им се обрати на собраните и ја најави идната македонска музичка ѕвезда, по што Никола Станишиќ со победничката статуетка в раце се појави на бината.

Следуваа овации, аплаузи и општа еуфорија од неколкуилјадната маса луѓе кои го скандираа неговото име. По кусотиоо обраќање кон нив и едно две прашања од модераторот на настанот, Никола го започна своето музичко шоу изведувајќи ги песните кои ги пееше и на своите појавувања воп „Ѕвездите на Гранд“.

Репертоарот составен од познати македонски фолк и поп хитови дополнително ја разнежни публиката, чии телефони постојано фотографираа и снимаа.

Особено еуфорични беа најмладите, па стотици од нив не можеа да дочекаат да се фотографираат со својот нов идол, за на крајот многумина и самите да му се придружат на сцената.

Никола видно возбуден и емотивно расположен им се заблагодаруваше на сите по ред, ветувајќи дека нема тука да застане и дека ќе направи се да ги донесе сите свои колеги од годинешното натпреварување на „Ѕведите на Гранд“ на голем заеднички концерт во Скопје, заедно со неговата менторка, балканската фолк дива Цеца Ражнатовиќ.

Особено ги разнежни сетилата на присутните, кога специјално и се заблагодари на жената без која не би бил ништо од ова што е денес – неговата мајка, која беше во публиката меѓу присутните, а тој ја замол да не плаче, иако таа не можеше да ги задржи и скрие солзите.

По завршувањето на настапот победникот се фотографираше со мноштвото обожаватели, по што замина во своето Волково, каде следуваше дополнителна фешта во негова чест.

ЗА МНОГУ ГОДИНИ: Денеска е Петровден – Честит именден Петар, Петре, Петра, Петранка…

Со овој празник завршува еден од четирите повеќедневни пости во годината, кој е врзан за празникот на Апостолите. Денес црквата ги слави двајцата врховни апостоли Петар и Павле. А и историски нивниот празник се утврди пред празникот посветен на 12-те, т.е. на сите апостоли.

Апостолот Петар се прославува како образец на цврстата и искрена вера, а Павле како оној кој најмогу се потрудил во проповедањето на распнатиот и воскреснат Исус Христос. Инаку тие, како и сите останати апостоли, имаат свои посебни празници во текот на богослужбеното годишно време.

По примањето на Светиот Дух апостолите се растуриле по светот за да ја проповедаат светата Христова вера. На тој план меѓу нив најповеќе се истакнале светите апостоли Петар и Павле. На иконите, светите апостоли Петар и Павле се претставени заедно, Петар со клучеви од рајот, а Павле со меч, симбол на сопствената смрт.

Именден празнуваат: Петар (Камен, Каменко), Петре, Петра, Петранка, Петруна.

На година од полнолетство: Најпознатите прилепски рокери ќе слават 17 години постоење

Фото: Филип Ѓорѓиоски

Најпознатите прилепски рокери од бендот The Hounds традиционално во својот роден град летово ќе го прослават својот 17.роденден.

Концертот ќе се случи средината на август, а деталите од бендот ќе ги откријат наскоро.

“Невозможно е да го опшеме сонот што го живееме. 17 години Хаундс”, напишаа од бендот на социјалните мрежи, кои во меѓувреме имаат богата агенда на свирки низ целата држава.

Публиката во Прилеп со нетрпение ги очекува деталите за концертот, а ние сме секако тука навремено да ве информираме.

Пелагониските градоначалници во проверка на градежните работи на автопатот Прилеп-Битола (ФОТО)

Денес, на 11 јули 2025 година, Бехтел ЕНКА кој го гради новиот автопат дел од коридор 10д кој ги поврзува Прилеп, Могила и Битола, во должина од 41 км, беше домаќин на градоначалниците на трите општини: Прилеп, Битола и Могила.

Делница 4 претставува стратешка делница од автопатот, со вкупна должина од 41 километар. Со нејзината изградба значително ќе се намалат времињата на патување и ќе се обезбеди побезбеден, понадежен и поефикасен транспортен правец – подобро поврзувајќи ги семејствата, бизнисите и заедниците во регионот, но и поттикнувајќи нови инвестиции и развој на туризмот.

Оваа делница вклучува 10 моста, 16 надвозници и 6 подвозници, и бара над 5 милиони кубни метри ископ и речиси 4 милиони кубни метри насипен материјал. Во моментот, градежните активности активно се спроведуваат на околу 10 километри од трасата, со работни фронтови кои напредуваат кон Прилеп и Битола.

Проектот вработува повеќе од 600 лица, при што над 55% од тимот доаѓа од локалните заедници. Дополнително, 90% од моментално ангажираните подизведувачи се компании од домашниот пазар. Со над 50.000 реализирани часови обука, Bechtel-ENKA потврдува дека сите вклучени работници се обучени за безбедност и технички вештини.

Како дел од ангажманот со заедницата, компанијата реализираше програма за безбедност во сообраќајот со над 500 ученици од основните училишта во регионот, а исто така активно учествува и спонзорира локални спортски настани, како што се маратони и кошаркарски турнири.

Во соработка со општините, полицијата и жителите, се преземаат мерки за минимизирање на секојдневните нарушувања, а со земјоделците се работи на обезбедување непречен пристап до земјоделските површини.

„Имавме можност да го посетиме и работниот камп каде што се сместени работниците, каде што се извршуваат сите подготвителни активности за се ова да изгледа вака. Навистина респектабилна бројка на луѓе, тимови, опрема, механизација, од кои и ние можеме да добиеме нови сознанија. Оваа делница, дел од Коридорот 10, Прилеп – Битола, значи многу за развој на Пелагонија и воопшто за нашата држава, за Македонија. Ова е една област која години била запоставувана, а сега има исклучителна можност за понатамошен развој во делот на стопанството, економијата, туризмот, протокот на луѓе и стоки. На 15 км од Битола е нашиот европски сосед Грција и ако на ова се надоврзе она што јавното претпријатие го планира од Могила со некои 17 км нов спој со границата со Република Грција, уште повеќе ја зголемува вредноста на овој автопат. Ако на ова се надоврзе делницата од 24 км која ја имавме од Градско – Фариш, нова перспектива за регионот, огромен развој, задржување на младите луѓе, проширување на стопанство, нови можности за инвестиции посебно во индустриските зони“, рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.

Посетата беше искористена и за да се упати благодарност до сите институции кои го поддржуваат проектот, вклучително и полицијата, противпожарните служби, како и Инженерискиот баталјон на Армијата и Единицата за отстранување на неексплодирани средства, кои ја расчистуваа трасата од експлозивни остатоци од Првата светска војна.

Особена благодарност беше упатена до градоначалниците на Прилеп, Битола и Могила и нивните општински тимови за континуираната поддршка и партнерство во текот на изградбата на овој значаен инфраструктурен проект.

Ретка можност за гледање фудбал во лето: Во недела меѓународен натпревар на ГРАДСКИ во Прилеп

Во недела, 13. јули, со почеток од 17:30часот, на Градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп, ќе се одигра пријателски натпревар помеѓу екипите на БРЕРА од Струмица и австрискиот нисколигаш ФАВ АЦ од Виена.

Клубот од Австрија го предводи поранешниот репрезентативец и голгетер на Македонија од Прилеп, Илчо Наумоски, кој имаше желба неговиот тим првично да одигра пријателски натпревар против Победа, но таа варијанта отпадна.

Одлична прилика за вљубениците во фудбалот од градот под Марковите Кули, да уживаат во еден натпревар што е реткост во летниот период.

Oпштина Прилеп објави јавен повик за времено ангажирање на 30 лица за заштита и превенција од пожари

Се повикуваат сите невработени лица евидентирани во АВРМ кои се заинтересирани да се вклучат во мерката 6.2 – Јавни работи за заштита и
превенција од пожари и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување), заради зголемување на вработливоста преку работно
ангажирање на невработените лица за заштита и превенција од пожари и заштита и оплеменување на животната средина на локално ниво
(пошумување), да се пријават во Агенција за вработување на РСМ- Центар за вработување Прилеп.

Работното ангажирање на невработените лица ќе биде реализирано за период до најмногу 5 (пет) месеци. За кандидатите кои ќе бидат избрани и
работно ангажирани се предвидува да им биде исплатен износ од 24.000 денари месечно со вклучено осигурување за инвалидност и телесно
оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест и данок на личен доход. (средства обезбедени од Буџет на АВРСМ – Потсметка активни програми и мерки)

Заинтересираните лица, повеќе информации може да добијат на следниот линк: https://www.prilep.gov.mk/32016-2/

Битолчани се степале за местоположба на тезга, едниот завршил со yбоди од нож

-На 10.07.2025 полициски службеници од СВР Битола на ул.„Генерал Васко Карангелески” во комплекс „Нов Пазар” во Битола го лишиле од слобода К.С.(42) од Битола. Имено, истиот ден Ј.С. (70) од Битола во СВР Битола пријавил дека настанала расправија околу местоположба на тезга со А.Б. (55) од Битола, кој физички го нападнал.

Подоцна, според пријавеното, дошол и К.С. (син на Ј.С.) и со остар предмет му нанел повреди на А.Б.. Со возило на Итна медицинска помош Битола А.Б. бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

СВР Битола поднесе кривична пријава против К.С. за сторено кривично дело „обид за убиство“ по член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена – информираат од СВР Битола.

Денот што ќе промени се’ во Прилеп! Над градот, под ѕвездите – се раѓа култот наречен TERASA Pub Club

Во срцето на градот, токму таму каде што пулсира ноќниот живот, се раѓа нова приказна. TERASA Pub Club – локација што не е само уште едно ново место, туку целосно ново искуство.

Сместен високо, над Ресторан Порта, TERASA ќе биде вашето ново омилено бегство. Вкус на минатото и звук на иднината – ова е клуб кој го оживува духот на ЕКС ЈУ музиката, со живи свирки, вистински бендови, и емоции кои не се забораваат. Кога ноќта ќе падне над Марковите Кули, тука ќе започнува новата ера на урбана забава.

Ова не е само локал.
Ова е движење.
Ова е култ.
Ова е територија за оние што знаат што значи вистинска музика, вистинска атмосфера и вистински момент.

📅 Среда, 16.07.2025 – не ја испуштајте вечерта за која ќе се зборува со недели.
Откриј ја TERASA Pub Club.

Погледни! Слушни! Почувствувај!
И дознај зошто сите ќе зборуваат само за едно место во Прилеп.

Не пропуштајте го отварањето на ТЕRASA, новата приказна на прилепската Стара чаршија, чии страници ќе ги пишуваме заедно!

Резервирајте навреме на тел.бр.070-304-967

И во време на забрана, дрвокрадците не мируваат! На две локации во Прилеп запленети возила натоварени со бесправно сечено огревно дрво (ФОТО)

На 09.07.2025 година, за време на важечката забрана за движење во шума поради опасност од пожари, Шумската полиција од Прилеп откри и спречи два случаи на бесправна сеча и транспорт на огревно дрво.

Во 18:00 часот, на местото викано Пештерица, беа затекнати и одземени 3 просторни метри зелени дабови дрва и еден шпедитер. Во 23:00 часот, на местото викано Студенец, беа откриени уште два обиди за транспорт: едно комбе „Форд Транзит“ натоварено со 4 просторни метри букови дрва и едно комбе „Форд Галакси“ со 2 просторни метри букови дрва.

Во двата случаи, сторителите се дале во бегство, а шумската полиција ги одзеде возилата и дрвата, кои се предадени на Подружницата „Црн Бор“ – Прилеп.

-Апелираме граѓаните да ја почитуваат забраната за движење во шума и да ги пријавуваат сите забележани нелегални активности. Шумската полиција продолжува со засилен надзор и контроли на терен – велат од Шумската полиција.

Денес се празнуват Светите маченици Кир и Јован

Пренос на моштите на светите маченици Кир и Јован

Се празнуваат на 31 јануари. Под тој датум е опишано нивното житие и страдање. На 28 јуни се празнува преносот на нивните мошти од Канопос во Манутин и многубројните чуда што се случија притоа. Александрискиот патријарх Св. Кирил истрајно се молеше на Бога да го уништи идолското нечестие во Манутин, кај што имаше идолски храм и владееше демонска сила. Тогаш на патријархот му се јави ангел Божји и му рече дека Манутин ќе биде очистен од нечестието ако тој ги пренесе таму моштите на Светите Кир и Јован.

Патријархот веднаш го направи тоа: ги пренесе чесните мошти на мачениците во Манутин и изгради таму црква, којашто им ја посвети на Светите Кир и Јован. Од моштите на овие маченици се исцели од шкрофул Амониј, синот на александрискиот градоначалник Јулијан; некој Теодор од слепило; Исидор од Мајум се исцели од раскапување на црниот дроб; една жена Теодора од отруеност; некој Евгениј од водена болест. Сето тоа се случи во 412 година.