дома блог страница 147

Драма во Кавадарци: Тинејџер нападнал полицаец кој сакал да приведе бегалец од затвор

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 18-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.

На 2 мај, во куќа на улицата „Димката А. Габерот“ во Кавадарци, двајца инспектори од МВР преземале службено дејствие – фаќање побегнат затвореник од КПУ Гевгелија, кој бил роднина на сега осомничениот.

Затвореникот давал отпор при обидот да биде лишен од слобода за доизвршување на затворската казна, во што сега осомничениот го поддржал, се нафрлил врз еден од полициските службеници, го влечел и го гребел, нанесувајќи му телесни повреди.

Затвореникот успеал да се ослободи и да побегне, но подоцна бил фатен и вратен во затворот. Осомничениот исто така избегал во прв момент, но бил лишен од слобода, а по предлог на јавниот обвинител, Основниот суд во Кавадарци му определи притвор во траење од осум дена.

Над 250 деца се причестија во храмот Св. Петка во Прилеп на Велигденската литургија, која се отслужи во дворот на црквата (ФОТО/ВИДЕО)

И оваа година како минатата, традиционално по втор пат се отслужи Божествена Воскресна Литургија во храмот на Св. Маченица Петка Римјанка во Прилеп.

Во храмот посветен на преподобната наша мајка Света Петка Прилеп во кој зедоа учество, влегоа и нас останатите возрасни ни го донесоа духовниот Рај, Царството Небесно овде на земјата повеќе од 250 младенци (деца) со нивните гласни молитви, кои со сиот свој глас викаа : Христос Воскресна, Навистина Воскресна – пишува на својот ФБ, чтец Андреј Иваноски.

-Солзи радосни се покажаа кај секого од нас и никој не остана рамнодушен на таквата глетка. Свештеникот кога застана пред нив и им го проповедаше словото за воскресението на нашиот Господ и Спасител, младенците со големо внимание го слушаа и учествуваа, духовно јадејќи од спасоносното слово. По втор пат во нашиот град се случи оваа торжествена тајна, на Царството Небесно преку молитвите на децата, Господ да благослови сите да го почувствуваме делчето од духовниот Рај, нашата вечна татковина. И на крајот се причестија сите над 250 деца. Овој настан е пример за тоа како црквата внимателно и со љубов преку благодатта и застапништвото на Светиот Дух, го полага во душите наши уште од најмала возраст духот на вистината, на премудроста и на спасението.

hdr

Голема благодарност до старешината на храмот света Петка, протоереј Љупче Петрески, кој несебично се вложи и го направи ова големо торжество заедно со свештенослужителите на храмот заедно со одборот, кој ми ја даде честа да и јас преку певницата да земам дел и да го почувствувам духовниот Рај. Се надевам дека ваквото празнување на Празникот над празниците ќе прерасне во секојдневие, односно не само еднаш во годината туку и на секоја неделна воскресна богослужба. Слава на Бога во висините и на земјата мир, меѓу луѓето добра волја.
Христос Воскресна, Навистина Воскресна. За многу години
– напиша Иваноски.

hdr

Сведоштво на Ерусалимскиот Патријарх Диодор I за тоа како се појавува Благодатниот оган на Христовиот гроб

Патријархот ерусалимски Диодор 1-ви (1981-2000) 19 години по ред го прими Светиот Оган додека беше поглавар на својата месна црква.

Во интервју ги сподели деталите за чудото:

„Кога ќе се изгаснат сите светла, јас се грбувам и влегувам во гроб

Оттаму, во темнината, си го наоѓам патот до внатрешниот дел… Таму клечам со свет страв и… Читам одредени молитви кои ни се пренесени низ векови и чекам. Понекогаш чекањето трае неколку минути, но најчесто се случува чудо веднаш по читањето на молитвите. Од длабочината на каменот врз кој лежеше Телото Христово, излегува неопислива Светлина. По правило, има сина нијанса, но бојата може да се промени…

Секоја година се појавува поинаку. Понекогаш ја покрива само плочата со ковчег, понекогаш ја исполнува кувуклија (собата) со светлина, така што луѓето стојат надвор… види дека малата соба е исполнета со светлина.

Оваа светлина не гори. Во сите 16 години од мојата патријаршија во Ерусалим, никогаш не сум ја изгорел брадата кога ја примав Светлината…
На одредено место, оваа Светлина се издига нагоре, формирајќи столб чиј пламен има различна природа, и така можам да ги запалам моите свеќи…

Ова чудо… го прави Воскресението Христово толку реално и живо за нас, како да се случило пред само неколку години…
Живеам во Ерусалим од 1939 година, откако дојдов во градот на 15 години. Сите овие години бев присутен на службата за доаѓањето на Светата Светлина и сведочев на ова чудо 61 пат.

За мене, нема прашање дали верувам во чудо или не. Знам дека е ВИСТИНА.

За многу години! Илјадници прилепчани ги исполнија четирите црковни храмови во градот – Христос Воскресна! (ФОТО)

Илјадници прилепчани синоќа ги исполнија до последно место четирите црковни храмови во градот.

Со среќниот поздрав “Христос Воскресна, навистина Воскресна”, си посакаа здравје, среќа и мир во сечиј дом.

За многу години!

Велигденска честитка од црковниот храм Св. Петка: Христовата воскресенска светлина да Ви исплете благослов и дар од љубов, мир и добро здравје

Почитувани,

верници, ктитори, помагачи и украсувачи, односно сите оние кои на било каков начин дале несебичен придонес во полза на храмот и неговото благолепие, драги наши верни прилепчани, со Вашите семејства, храмот „Св. Преп. Мчца. Петка Римјанка“, претставуван од в.д. старешината протоереј Љупче Петрески заедно со црковното настојателство и вработените, од срце ви го честитаат Празникот над празниците и ви посакуваат овој најголем ден – Велигден да го поминете во мир и духовна благосостојба, а неговата радост да ја споделите со своите ближни и сите луѓе исполнети со добра волја, радост и вера во подобро утре!

Возљубени, можеби единственото искуство подлабоко од откривањето на празен гроб на некој близок е средбата со истата личност која воскреснала од мртвите. Денес го славиме она што беше надвор од човечката имагинација, имено, воскресението од мртвите. Воскресението на Исус Христос ја означува Неговата победа над гревот и смртта. Преку Неговите страдања, крсна смрт и воскресението, во единство со Отецот и Светиот Дух, Исус Христос се покажа како Спасител на светот и Искупител на човештвото.

Секој од нас, некој помалку, некој повеќе, живеел под сенката на страдањата, доживувајќи осаменост, неправда, очај, тага, болка, загуба … Мнозина носат рани од тага, вина, страв, горчина, неизвесност, но сепак, соединувајќи ги нашите рани со Воскреснатиот, ни е достапна преобразувачката благодат на исцелувањето, простувањето и помирувањето. Без оглед на нашите маки во животот, имаме причина да се радуваме и надеваме на Него.

Возљубени прилепчани,
огинот на воскресенската радост нека гори во вашите срца и нека ја разбуди надежта дека Божјата љубов пронаоѓа решение за сите човечки потешкотии и излез од секаква криза.

Сакам да искажам особена благодарност до браќата свештеници, чтеците, певците, членовите на црковниот хор, донаторите, украсителите и сите верни чеда кои на било каков начин го помагаат храмот а особена благодарност до вработените и членовите на одборот при нашиот храм „Св. Петка“, кои несебично се вложуваат себе си, не само при организацијата за достоинственото и торжествено дочекување на Велигденските празници, ами и во целокупниот „живот“ на нашиот храм!

Со посредството на благословот од нашиот епархиски архиереј Неговото Високопреосвештенство митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски, и водени од љубовта према Христа и Неговата Црква убеден сум дека и во иднина успешно ќе одговориме на сите предизвици кои ќе се исправат пред нас! Ви благодарам од срце! Да сте ми здрави, живи и од Бога благословени!
Христовата воскресенска светлина да Ви исплете благослов и дар од љубов, мир и добро здравје. Во Вашите домови да влезе Христос Господ и да ги благослови Вашите семејства. Христовата светлина да Ве осени и огинот на Воскресенската радост нека гори во Вашите срца!

Христос Воскресна!

Навистина воскресна!

Честит и благословен Велигден!

Со почит
в. д. старешина протоереј Љупче Петрески со црковното настојателство и вработените при храм „Св. Петка“ на Велигден 2024-то лето Господово

“ХРИСТОС ВОСКРЕСНА – НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА”: Донеси Боже мир и спокој на овие наши простори и покажи ни го вистинскиот пат!

Денеска е најголемиот ден за православните Христијани. Христос Воскресна од мртвите и од земјата премина во вечниот небесен живот.

На овој ден подајте си рака, заборавете на се што било меѓу вас и ближните, чествувајте го името Божјо и поминете го денот во мир и благодет.

Бог нека ја благослови вашата празнична трпеза и нека го стопли вашиот дом со неговото присуство.

Подарете љубов, како што Господ Исус Христос ширел љубов и својата саможрва го спасил човештвото од гревови.

Божјата рака нека биде над сите, нека донесе мир на овие наши простори и нека ни го покаже вистинскиот пат.

“ХРИСТОС ВОСКРЕСНА – НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА”

Велески најдобар кога е најпотребно! Капитенот со феноменална партија! Куманово падна во Прилеп!

Ракометарите на РК Прилеп ја добија битката со директниот дуел за опстанок во Супер лигата. Во спортската сала на СОУ “Ристе Ристески-Ричко” вечерва беше поразен Куманово со 27:24 (14:13 на полувремето).

Во тврд натпревар, во кои речиси цели 50-тина минути се играше гол за гол, домаќините главно водеа со еден до два гола разлика, но Куманово покажа дека е сериозна екипа, па во еден наврат во второто полувреме направи серија од 3:0 и водеше со 17:19. Прилеп брзо израмни, а резултатот беше во егал се до последните минути, кога се разбрани Иван Ангелески.

На осум минути пред крајот предноста на Прилеп беше 23:21 и избраниците на Мојсов веќе започнаа упешно да го трасираат патот до посакуваниот триумф.

Прилеп во последните две кола ќе се соочи со Вардар Неготино на гостински терен и со Еурофарм Пелистер 2 на домашен терен.

Денис Шабановиќ беше најдобар стрелец кај прилепчани, кој забележа 8 погодоци. Христи Бикоски и Владан Кастратович по четири пати беа прецизни, а клучни беа и двата погодоци на капитенот Филип Велески.

ВМРО-ДПМНЕ ги разобличи Венко и Бочварски: Ова е вистината за патот Прилеп-Градско (ВИДЕО)

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и носителот на изборната единица 4 на СДСМ и коалицијата Венко Филипче, возеа по патот од Градско кон Прилеп, односно по првата делница Градско – Дреново, каде работите според нив биле завршени 90%.

Но, од ВМРО-ДПМНЕ објавија сосема различна перспектива на патот Прилеп-Градско од онаа на Филипче и Бочварски. Дали ова е реалната вистина за овој експресен патен правец, кој според поранешните изјави на министерот Бочварски требаше да биде завршен до јули 2023година?

Филипче се мајтапи? Патот Градско – Прилеп му се видел готов (ВИДЕО)

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во јули 2021 година при увид на изградбата на експресниот пат Градско – Прилеп, изјави дека „крајниот рок за завршување е јули 2023 година, но неговите очекувања се дека патот ќе биде готов пред рокот.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и носителот на изборната единица 4 на СДСМ и коалицијата Венко Филипче, возеа по патот од Градско кон Прилеп, односно по првата делница Градско – Дреново, каде работите според нив се завршени над 90%.

„Експресниот пат Градско-Дреново, ова е првата фаза од клучка Градско од исклучување од главниот пат Коридор 10. Ова е Коридор 10Д. Сè уште е во градба, меѓутоа на оваа делница асфалтот е вграден со 98% од сите количини на асфалт“, вели Бочварски.

Ресорниот министер вели дека првата делница, којашто ја возат со Филипче е 91% завршена, а на втора делница работите се завршени до 80% поради комплексноста на теренот.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во јули 2021 година при увид на изградбата на експресниот пат Градско – Прилеп, изјави дека „крајниот рок за завршување е јули 2023 година, но неговите очекувања се дека патот ќе биде готов пред рокот.

Како што може да се заклучи, во месец мај 2024 година, ветувањата на Бочварски не се оствариле, и претставуваат уште една лага. Возењето по ова делница не претставува ништо друго туку уште еден предизборен маркетинг од страна на Филипче и Бочварски, затоа што секој краен рок за изградба на овој пат е пробиен и секоја изјава на Бочварски за завршување е следна година.

Она што треба да се напомени е фактот што ова делница започна да ја гради претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ и требаше да биди готова до 2020 година. Имено, најавите од тогашниот министер за транспорт и врски, а актуелен потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител во Изборната единица 2 Владо Мисајловски, изградбата на експресниот пат Градско – Прилеп, што се одвива во три фази, требаше целосно да заврши „за три до четири години“, односно во периодот 2019 – 2020 година.

ЧУДОТО ОДНОВО СЕ СЛУЧИ: Благодатниот оган слезе во Светиот Иcycoв гpoб во Ерусалим (ВИДЕО)

Во Храмот на Светиот гроб во Ерусалим, и оваа година се појави Благодатниот оган, едно од чудата во православието што секоја година се случува на Велика сабота пред Воскресението Христово – Велигден.

Вообичаено во Црквата на Светиот гроб и во нејзина близина во Ерусалим на овој ден се собираат илјадници православни верници, кои по слегувањето на Благодатниот оган го преземаат од рацете на ерусалимскиот патријарх и го пренесуваат понатаму.

Претставници на помесните православни цркви ќе го преземат Благодатниот оган од аеродромот во Тел Авив и ќе го пренесат во своите земји.

Се очекува Благодатниот оган вечерва да пристигне и во Македонија.