дома блог страница 145

БИДИ ПОЛИЦАЕЦ: Во тек оглас за прием на 150 нови полициски службеници

Министерството за внатрешни работи распишува конкурс за прием на униформирани полициски службеници.

-Да се биде полицаец е повик а не обична професија. Затоа придружи не се, прифати го својот повик, биди полицаец. Ако се одлучиш да го следиш својот повик, да го прифатиш предизвикот, те очекува едногодишен интензивен процес на образование, тренинг и обука.

Обучувачите и менторите кои се квалификувани експерти во своите области, ќе бидат секојдневно со тебе додека ги усвојуваш правните и другите теориски знаења, полициското делување и тактики и сите други практики со кои изобилува полициската обука. Обуката се одвива во Центарот за обука на министерството за внатрешни работи кој се стреми да биде еден од најдобрите и најелитни центри за обука во Европа. Центарот кој е со стекнати меѓународни акредитации ќе те подготви максимално професионално да ја извршуваш полициската професија. Преку следење на современите трендови, центарот постојано се унапредува за врвна професионална едукација и специјализации на вработените во безбедносните структури, со имплементација на најдобрите практики и меѓународни искуства од врвните европски и светски полициско безбедносни стандарди. Овде е вистинското место за сите млади и амбициозни луѓе со желба за личен професионален развој и напредок.

Затоа, пријави се и ти на огласот за нови полициски службеници. Биди полицаец. Успехот секогаш зависи само од тебе. Оствари го својот сон. Биди заштитник на семејството, најблиските, граѓаните и татковината. Биди борец против криминалот и чувар на редот. Биди дел од македонската полиција! Биди полицаец, соопштува МВР.

Врз основа на член 79 став 1 од Законот за внатрешни работи („Службен весник на Република Македонија“ бр.42/14, 116/14, 33/15, 5/16, 120/16, 127/16, 142/16, 190/16 и 21/18, „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 108/19 и 275/19, 110/21 и 89/22) и член 97 став 1 од Законот за полиција („Службен весник на Република Македонија” бр. 114/06, 6/09, 145/12, 41/14, 33/15, 31/16, 106/16, 120/16, 21/18 и 64/18, „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.294/21 и 89/22), а во врска со одредбите од Правилникот за начинот на спроведување на селекција и избор на кандидат за полицаец и начинот на работа на комисијата за избор на кандидат за полицаец („Службен весник на Република Македонија“ бр.8/15 и 130/16, „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.125/22), Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС

I. За засновање на работен однос на 150 извршители на работно место „Полицаец“ за работа во Министерството за внатрешни работи, и тоа:

1. во Сектор за внатрешни работи Скопје ———————————— 150 извршители.

1. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:

– да е државјанин на Република Северна Македонија;

– да е полнолетен, а да не наполнил 25 години живот ако за првпат заснова работен однос на работно место во Министерството за кое е предвидено средно образование;

– активно да го користи македонскиот јазик и неговото кирилско писмо;

– со безбедносна проверка да е утврдено дека не постои безбедносен ризик од вработување на кандидатот;

– да има завршено најмалку четиригодишно средно образование;

– да е здравствено и психофизички способен;

– со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност;

– да не е член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија и

– да има положено тест за интегритет.

2. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:

– потребна телесна висина од најмалку 170 см. (маж), односно 160 см. (жена)

– висока лична физичка подготвеност.

3. Заинтересираните кандидати задолжително да достават докази за исполнување на потребните услови за работното место, во оригинал или копија заверена на нотар и тоа:

– извод од матична книга на родените,

– диплома за завршено четиригодишно средно образование и

– две фотографии, со димензии 3,5 см х 4,5 см.

Кон пријавата, кандидатот задолжително доставува своерачно потпишана изјава со која потврдува дека истиот не е член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија.

Пријавата со потребната документација, кандидатот е должен да ја поднесе ЛИЧНО во едно од определените места за пријавување, и тоа:

– Сектор за внатрешни работи Скопје:

– Полициска станица од општа надлежност-Гази Баба,

– Полициска станица од општа надлежност-Бит Пазар и

– Полициска станица од општа надлежност-Карпош.

– Сектор за внатрешни работи Битола;

– Сектор за внатрешни работи Велес;

– Сектор за внатрешни работи Куманово;

– Сектор за внатрешни работи Тетово;

– Сектор за внатрешни работи Охрид;

– Сектор за внатрешни работи Струмица,

– Сектор за внатрешни работи Штип.

При поднесување на пријавата лицето го наведува бројот на организациската единица за работно место за кое се пријавува согласно точка I од огласот.

Кандидатот е должен при поднесување на потребните документи, со себе да носи лична карта или пасош за идентификација.

Потребната документација од точка 3, кандидатите ја доставуваат секој работен ден во определениот рок, во текот на работното време (08,00-16,00 часот).

4. При поднесување на пријава кандидатот потпишува изјава за доброволно пристапување кон селекција за избор на кандидат за полицаец со неможност за барање на отштета од Министерството во случај на повреда за време на спроведување на селекцијата.

5. Постапката за селекција на кандидатите ја спроведува Комисија за избор на кандидат за полицаец формирана од страна на министерот која го определува редоследот на фазите за селекција. Селекцијата се спроведува во следните фази:

– Административна селекција на поднесената документација (утврдување на навременост и потполност на поднесената документација, како и исполнетост на пропишаните услови);

– Проверка на моторички способности – моторичките способности на пријавените лица се утврдуваат преку изведување на следните вежби:

а) „Склекови“, се оценува бројот на правилно изведени склекови во интервал од 10 секунди. Минимален број на склекови за мажи е 9, а за жени е 6.

б) „Стомачни подигања“, се оценува бројот на правилно изведени стомачни подигања во интервал од 30 секунди. Минимален број на стомачни подигања за мажи е 16, а за жени е 12.

в) „Скок во далечина од место“, се мери должината на скокот од одразното место до доскочното место со петите на нозете. Минимална должина на скокот од одразното место до доскочното место изнесува 220 сантиметри за мажи и 160 сантиметри за жени. Скокот од далечина од место се изведува во два обиди, а во табеларниот преглед се бодира подобриот резултат.

г) „Спринт на 20 метри“, се мери времето од стартот до целната линија поставена на 20 метри. Минимално време за мажи изнесува 3,35 секунди, а за жени изнесува 3,50 секунди.

д) „Спринт на 100 метри“, се мери времето од стартот до целната линија поставена на 100 метри. Минимално време за мажи изнесува 15 секунди, а за жени изнесува 18 секунди.

ѓ) „Трчање на 1500 метри за мажи“, се мери времето од стартот до целната линија поставена на 1500 метри. Минимално време изнесува 5 минути и 25 секунди.

е) „Трчање на 800 метри за жени“ се мери времето од стартот до целната линија поставена на 800 метри. Минимално време изнесува 3 минути.

ж) Други физички проверки определени од страна на Комисијата.

Бодовите од проверка на моторички способности претставуваат збир од добиените бодови од сите поединечни вежби.

Доколку пријавеното лице не го исполни утврдениот минимум само на една од поединечните вежби, ќе се смета дека ја поминал фазата проверка на моторичките способности доколку кумулативниот збир на добиените бодови од останатите поединечни вежби изнесува најмалку 21.

– Психолошко тестирање (тест за интегритет и психолошки тест)

– Писмено тестирање (општо – образовен тест),

– Интервју (поединечен устен разговор со пријавеното лице),

– Безбедносна проверка и

– Здравствени прегледи (проверка на здравствените и психофизичките способности на кандидатите).

6. За пријавените кандидати се врши безбедносна проверка врз основа на нивна претходна писмена согласност. Доколку лицето ја одбива безбедносната проверка, се смета дека не ги исполнува условите за засновање на работен однос во Министерството.

7. Здравствените прегледи во постапката за селекција за проверка на здравствените и психофизичките способности на кандидатите се утврдуваат од страна на Здравствена комисија формирана од министерот за внатрешни работи.

8. При спроведување на селекцијата на пријавените лица им се овозможува под еднакви услови да ги демонстрираат своите способности, независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, верско уверување, имотна и општествена положба.

9. По спроведената постапка за селекција, избраните кандидати за полицаец склучуваат договор за основна обука за полицаец во времетраење од 1 (една) година, која ќе се спроведе во Центарот за обука во Министерството за внатрешни работи и на истата се упатуваат за 10% поголем број кандидати за полицаец од бројот на слободни места за кои е распишан овој оглас, односно во Центарот за обука ќе бидат упатени вкупно 165 кандидати.

10. По завршување на основната обука Министерството за внатрешни работи и кандидатот за полицаец, кој ја завршил основната обука за полицаец и кој врз основа на постигнатите резултати соодветно е внесен во ранг листата склучува Договор за вработување во Министерството, со кој кандидатот за полицаец се стекнува со статус „полицаец – приправник”.

Со договорот за вработување се уредуваат меѓусебните права и обврски и се утврдува дека полицаецот е должен да остане на работа во Министерството најмалку пет години сметано од денот на склучувањето на договорот за вработување. Во спротивно, истиот е должен да ги надомести трошоците направени за неговата обука зголемени за три пати.

11. Рокот за доставување на пријавите изнесува 15 (петнаесет) дена, сметано од наредниот ден од денот на објавување на јавниот оглас (не сметајќи го денот на самото објавување).

12. Ненавремената и непотполната документација нема да се разгледува.

Во Струга тешко да се најди фискална, ама во Прилеп УЈП направила “фиран” деновиве?

Прилепски угостители, особено од периферните делови на градот – познати како маалски кафулиња, деновиве биле мета на голема контрола и санкции од Управата за јавни приходи.

Според она што го предочуваат сопствениците на кафулињата, некои добиле и по два казнени налози во 4 дена.

Не е познато што точно контролирале инспекторите на УЈП, но она што ги револтира угостителите, е тоа што нашиот и неколку други градови, плаќаат за сите останати.

Како пример ја предочуваат Струга, каде секоја чест на исклучоците, но ретко каде ќе добиете фискална сметка.

Прилеп: Изгледа стан има купено, друго објаснување нема (ФОТО)

Шегата на страна, животните не се виновни за човечката негрижа… Оставени на 40 степени, без вода, нормално е дека ќе побараат засолниште и сенка, па дури и ќе влезат во станбени згради…

Ова е речиси редовна слика во повеќе населби во градот…

Коњановски и’ даде пехар на претседателката на Советот, Илиевска, за како што рече шампион во кочење на ЕУ проекти (ВИДЕО)

На вчерашната седница на Советот на општина Битола, каде се одлучуваше за донесување на ребалансот на буџетот, свое обраќање имаше и градоначалникот на општината, Тони Коњановски, кој во еден момент и’ додели пехар на претседателката на Советот, Габриела Илиевска.

Коњановски ја нарече Илиевска шампион за кочење на ЕУ проекти во изминатите четири години.

„Додека за некој камењата се камен на сопнување, за мене камењата се градежен материјал.Камењата ги спојувале вековите. Со камења е изградена Виа Игнација, со камења се градат мостови кои треба да не сплотуваат. Мислам дека велосипедската патека е многу позначајна од пронајдениот камен. Пехарот се доделува за исклучителен приодонес на Габриела Илиевска, шампион за кочење на ЕУ проекти во периодот 2021-2025 година“, рече Коњановски.

Ребалансот на буџетот беше донесен доцна синоќа со 17 гласа “ЗА”, против беа советниците од СДСМ, а советниците од ПОИНАКУ гласаа воздржано.

“Авто Контрол” со летно изненадување за сите кои ќе регистрираат возила

Изненадувањата за клиентите на Авто Контрол не престануваат. По доделените три скутери од наградната игра, број еден станицата за технички преглед подготви ново изненадување.

Во периодот од 10 јули до 31 август, сите корисници кои ќе ја извршат регистрацијата на своето возило добиваат:

🎁 Бесплатно патничко осигурување
📅 Со важност од 10 дена
👨‍👩‍👧‍👦 За до 4 патници

-Со оваа промоција, обезбедуваме дополнителна безбедност и сигурност за твоето патување, токму во месеците кога повеќето семејства тргнуваат на летен одмор.

👉 Безбедноста на патот започнува со правилна регистрација – доверете ни ја таа одговорност.

Нашата станица располага со современа опрема и стручен тим, кој гарантира брза, ефикасна и сигурна услуга – велат од “Авто Контрол”.

📍 На добро познатата адреса: Ул. Орде Чопела бр. 183, Прилеп

📞 За повеќе информации и закажување термин, јавете се на: 048 551 900

Ники Лауда од Битола: 29-годишен битолчанец возел со 197км/ч на место каде е дозволено 80

-На 14.07.2025 во 18.10 часот, на автопатот А1 Демир Капија – Миравци, во близина на првиот тунел, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода С.Р.(29) од Битола.

При радарска контрола во патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека тој управувал патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, со брзина од 197 километри на час на место каде брзината на движење е ограничена на 80 километри на час.

Известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против С.Р. ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување моторно возило“ – информираат од МВР.

(ФОТО/ВИДЕО) Победија на “Прочка”, а сега ги маѓепсаа сите присутни во Лесковац – дечките од ООУ “Кочо Рацин” – Рид, со мастрална изведба на карневал во Србија

Победниците од прилепскиот карневал ,,ПРОЧКА 2025,, го претставувааа нашиот град и држава на Интернационалниот карневал во Лесковац, Р.Србија, кој се одржа на 11. и 12.07. Во конкуренција на учесници од голем број европски држави, учениците и наставниците од ООУ ,,Кочо Рацин,, – Рид блеснаа во најдобро светло.

Со својата магична изведба на дефилето на детски маски, ги оставија членовите на жири комисијата и сите присутни без здив.

А дека се претставија во најдобро светло, доказ е специјалната покана од организаторот и директор на карневалот, да останат и да учествуваат на главното дефиле на маски наредниот ден.

-Браво за сите кои придонесоа да се реализира оваа идеја, а најголема благодарност до родителите, кои во голем број присуствуваа на настанот и без чија помош овој спектакуларен проект беше невозможно да се реализира – велат од училиштето.

Посебна благодарност упатуваме до Општина Прилеп за можноста да го претставуваме ПРИЛЕПСКИОТ КАРНЕВАЛ,, ПРОЧКА,, и нашиот прекрасен град.

Доцна синоќа изгласан ребалансот на буџетот во општина Битола – Следува реализација на голем број проекти во образованието, спортот, урбаниот развој…

Ребалансот на буџетот изгласан со 17 гласови „за“, против беа од СДСМ, а воздржани од Поинаку.

По ова советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата со заедничка фотографија, соопштија дека Советот го изгласа ребалансот, а координаторот на советничката група Бојан Бојкоски упати јавна благодарност до сите советници кои застанаа зад напредокот.

Велат дека следуваат конкретни инвестиции во образованието, спортот, урбаниот развој и квалитетот на живот во Битола.

Образование и спорт: Изградба на 3 типски спортски сали во: ОУ „Стив Наумов“, ОУ „Тодор Ангелевски“. ОУ „Даме Груев“ – подрачно училиште во Долно Оризари- Вредност: 144 милиони денари

Реконструкција и изградба на 9 училишни игралишта во: ОУ „Даме Груев“, ОУ „Климент Охридски“, ОУ „Трифун Пановски“, ОУ „Ѓорѓи Сугарев“, ОУ „Гоце Делчев“, ОУ „Гоце Делчев“ , игралиштето во „турското“ училиште, ОУ „Коле Канински“ – Буковски ливади, ОУ „Тодор Ангелевски“ – Горно Оризари, ОУ „Тодор Ангелевски“ – Вредност: 112 милиони денари.

Реконструкција на игралиштата во: Населба Стрелиште, Брусничка населба– тениско игралиште -Вредност: 28 милиони денари

Изградба на 6 нови паркинзи во Овчи пазар, Ат пазар, Ул. Браќа Џаферови, Поранешна касарна , Кај Хеликоптерот, Кај Кифлата- Вредност: 30 милиони денари – Над 150 нови паркинг места

Реконструкција и пренамена на објект во Буковски ливади во училиште -Вредност 30 милиони денари.

Изградба на атлетска патека на стадионот „Петар Милошевски“ – Вредност: 77 милиони денари

Битола оди напред, инвестициите не смеат и нема да застанат, стои во објавата.

https://www.facebook.com/photo/?fbid=10233936714431257&set=a.1567351715492

Заслужија ли нашите првоборци ваков третман? “Могилата на непобедените” од ден во ден станува срам за Прилеп (Фото галерија)

Заслужуваат ли нашите првоборци ваков третман? Заслужува ли нивното дело да се понижува на ваков начин?

Најрепрезентативниот парк на Прилеп – “Могилата на непобедените” изгледа на се, само не и на она на што сме навикнати од минатото.

Тука се наоѓаат посмртните останки на 462 борци од Прилеп, кои го дале својот живот во Народноослободителната борба. Еве како им враќаме за тоа ние како општество денеска….

Испокршени клупи, пешачки патеки кои пропаѓаат, тревници кои се наводнуваат откако ќе се исушат, речиси уништено осветлување, запустени фонтани, ѓубре насекаде…

Веќе неколку пати имаме зборувано и за живеалиштата од некогашната “Украсна градина”, куќарки каде живееја прекрасни украсни птици од сите краишта на светот. Денес птиците ги нема, а живеалиштата скапуваат, обраснати со трева, без никој да се потруди барем да ги исчисти…

Тука е и живеалиштето на ламата, кое уште повеќе го нагрдува паркот.

Во ништо подобра состојба не е ниту живеалиштето со пони коњчиња, кое наместо да биде убаво и чисто место за посета и за живеење на коњчињата, често е затрупано со измет и мириса на урина.

За потсетување, “Паркот на револуцијата” во минатото беше кампинг простор кој го користеа стотици гости кои доаѓаа на фестивалот на скарата и пивото – “Пиво Фест”.

Сета среќа па начекавме некоја донација и се направи ново детско игралиште, а со помош од стопанствениците се реновираа спортските игралишта.

Со се’ друго се чини некој треба ИТНО да се зафати да работи! Апел до надлежните да се врати стариот сјај на “Могилата”, паркот одново да прерасне во препознатлив бренд на Прилеп.

Од полноќ поскапување на нафтените деривати

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,20 % во однос на одлуката од 7.7.2025 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,470%, кај дизелот за 3,872%, кај екстра лесното масло за 3,097% и кај мазутот зголемувањето е за 3,483%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,2564%.

Од 15.7.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,50 (денари/литар);
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,50 (денари/литар);
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,50 (денари/литар);
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 71,00 (денари/литар);
Мазут М-1 НС 40,472 (денари/килограм).

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,063 ден/кг и сега ќе изнесува 40,472 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 15.7.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.