дома блог страница 144

МПЦ-ОА со вонредно соопштение до граѓаните и верниците: Ве повикуваме да излеземе масовно да гласаме!

„Почитувани верници и граѓани на Р Македонија,

Изборите се демократски чин преку кој ја изразуваме својата суверена волја. Секој изборен процес е важен, но овие избори се од суштинско значење, како за опстојот така и за сегашноста и иднината на народот и државата.

Изборите се можност кои ни се дадени за да учествуваме во креирањето на сопствената сегашност и иднина, а со тоа и иднината на поколенијата по нас. Слободната волја и правото на избор се дар од Бога дадени секому. Па, наша должност е да го искористиме и овојпат тоа право!

Затоа, почитувани верници на Македонската православна црква и сите граѓани, Ве повикуваме да излеземе масовно и да гласаме!

Бог да ја благослови Македонија!“, пишува во соопштението на Македонската православна црква – Охридкса архиепископија.

Стадионот во Битола блесна во полн сјај: Пуштени рефлекторите на „Петар Милошевски“ (ФОТО)

Стадионот „Петар Милошевски“ во Битола конечно блесна во полн сјај. Рефлекторите се завршени, а од вчера се пуштени и во употреба.

Фудбалскиот храм на Пелистер отсега ќе има одлично осветлување, а тоа може да се види од фотографиите кои ги објавија од општина Битола.

Ова е дополнителен мотив за фудбалските вљубеници во градот на конзулите, идната сезона да го бодрат својот миленик во што поголем број, особено сега кога Пелистер обезбеди влез во Првата фудбалска лига.

Денеска е Марковден: Еве кои обичаи и народни верувања се поврзани со овој празник

Свет апостол и евангелист Марко е христијански апостол и светец, сопатник и помошник на Апостол Петар, којшто во своето Прво послание го нарекува син свој, не син по тело туку по дух. Така го напиша Светото Евангелие, коешто го виде и го посведочи за вистинито и самиот апостол Петар.

Тој го постави Марко за епископ и го испрати на проповед во Мисир. Така тој беше првиот проповедник на Евангелието и првиот епископ во Мисир. Мисир беше сиот притиснат од густиот мрак на незнабоштвото, гатањето и злобата. Со Божја помош Свети Марко успеа да го посее семето на Христовата наука низ Ливија, Амоникија и Пентапол.

Славење и обичаи

Неговиот спомен се празнува на 8 мај/ 25 април и не се смета за тежок празник. Во Гевгелиско мажите работеле, а жените го држеле за празник. Се празнувал за заштита од град. Се верувало дека ако работат град ќе го отепа полето. Поради тоа никако не влегувале во бавчата или во лозјето. Во селото Гореме, Светиврачко, овој ден бил празник на селото. Над селото имало мала височинка што се викала Кукувица и тоа место се сметало за свето место што е под заштита на светиот евангелист Марко. Не се знае од кога, но најверојатно од заселувањето на селото на овој ден, на тоа место се давало курбан за тој светител. Курбаните се колеле денот пред празникот, односно на 7 мај.

Пред да се заколеле курбаните свештеникот читал соодветни молитви. Кога ќе ги заколеле курбаните биела камбаната и престанувал секаква работа: орање, сеење, копање и др. Сите курбани се готвеле во големи селски котли под ридот Кукувица. За тоа време жените готват храна како: оризарник, баница, погача и др. Околу четири часот попладнето ја товареле храната на коњи и целиот народ одел на ридот Кукувица.

Таму свештеникот светел вода и сите ги попрскувал со неа. Потоа ги кадел трпезите по што ја ставале храната. Мажите седнувале на софрите, а жените раздавале од храната. Откако ќе јаделе започнувале со ора и песни. На стемнување се враќале во селото каде што продолжувала веселбата до доцна во ноќта. Утрото на 8 мај, на денот на св. евангелист Марко, се служела божествена литургија, а потоа се правела веселба со ора и песни што траела цел ден. Во селото постои и легенда за Св. Марко.

Легендата раскажува дека во турско време на селаните им било забрането на Марковден да одат во месноста Кукувица, и им било наложено вода да светат во селото. На местото Кукувица Турците направиле касарни и тука престојувала војската. Секоја ноќ на начелникот му се јавувал белобрад старец со бела капа на главата и на неа крст, во рацете држел патерица и многу го мачел неговиот син. Начелникот загрижен за страдањата на својот син пошол кај еден старец во селото и му ја раскажал својата мака.

Овој веднаш се сетил дека тоа е светецот кој му се озмаздува затоа што забранил на неговиот ден да одат на местото Кукувица и да светат вода. Потоа повикале и свештеник кој му го кажал истото. Тогаш Турчинот го замолил свештеникот да свети вода на Кукувица и да ги попрска касарните и војниците со светена вода. „Се поклонувам пред тој ваш свет обред“, рекол Турчинот.

Оттогаш веќе син му ништо не го мачело. Потоа на селаните им дозволил на ридот Кукувица да го изведуваат обредот и да светат вода како и порано. А кога се приближил празникот Турчинот подарил три овни да ги заколат за курбан на празникот Св. Марко.

Друго народно верување

Според народното верување ако на Ѓурѓовден некој го дочекал утрото во постела или тој ден некој му предал сон – значело дека во текот на целата година ќе биде дремлив, а можеби и болен – тој треба да отспие и на Марковден, зошто така ќе се „излечи“ од поспаност и болест.

Ако не сте дремнале на Св. Ѓорѓи, немојте ни на Марковден зошто цела година ќе бидете троми и поспани.

Значи, ако не сте го преспале Ѓурѓовден, вечерва легнете во некое нормално време, за да се разбудите наутро наспани и весели, а ако сте го преспале Ѓурѓовден вечерва легнете кога сакате и слободно преспијте го и Марковден.

Македонска убавина! Стотици граѓани беа дел од традиционалната литија со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“ (ВИДЕО)

Вчера во Струга традиционално се одржа најмасовната Литија во Македонија со светите мошти на Светиот Великомаченик Георгиј, чудотворната икона на светецот, како и Крнинската икона на Богородица.

Моштите и чудотворните икони беа носени од угледни граѓани, предводени од локалното свештенство и братството и сестринството од Бигорски, манастирите во Рајчица и Пречиста, а напред дефилираше коњаник со симбол на мирот во рака и со воена облека, речиси идентична од древното време во Римската империја.

Една преубава македонска традиција, која плени со љубов и топлина.

Од денеска нови поевтини цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за цените на горивата кои се намалуваат од полноќ.

Согласно одлуката на РКЕ, бензините и екстра лесното масло за домаќинство поевтинуваат за 1,5 денари, додека цената на дизелот се намалува за еден денар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,829 ден/кг и сега ќе изнесува 45,832 ден/кг.

Ова се цените на горивата кои ќе важат од полноќ:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 88,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 74,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 45,832 (денари/килограм)

За победа во вториот круг избори за претседател потребни 362.864 гласови, a за успешност на изборите треба да излезат 725.727 гласачи

Во земјава денеска се одржува вториот круг од претседателските избори, на кои 1.814.317 граѓани со право глас ќе можат да се определат за еден од двајцата кандидати за шеф на државата – Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски, кои освоија најмногу гласови во првиот круг на 24 мај.

За Силјановска Давкова гласаа 363.085 избирачи, а за Пендаровски 180.499, што беше недоволно за избор на претседател.

Во вториот круг на гласање ќе биде избран кандидатот кој ќе добие мнозинство од гласовите, доколку на гласачките места излезат повеќе од 40 отсто од запишаните избирачи, односно 725.727 гласачи, како што е предвидено во Изборниот законик, а за него гласале 362.864 избирачи.

Доколку и во вториот круг ниту еден од двајцата кандидати не добил потребен број гласови, се повторува целата изборна постапка.

Претседателот на Републиката се избира на општи и непосредни избори, со тајно гласање, за време од пет години. За претседател на Републиката исто лице може да биде избрано најмногу два пати. Претседателот на Републиката мора да биде државјанин на Република Северна Македонија.

За претседател на Републиката може да биде избрано лице кое на денот на изборите наполнило најмалку 40 години живот. За претседател не може да биде избрано лице кое до денот на изборите не било жител на Република Северна Македонија најмалку десет години во последните 15 години. Изборот за претседател на Републиката се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател.

MВР ги известува граѓаните: Лични документи ќе можат да се подигнат и утре, на денот на изборите

Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре (среда 08.05.2024 година), Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.

Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат.

Крадци фатени на дело – пробале да пробијат врата каде се чува изборен материјал

Во Полициската станица Бит Пазар денеска било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот на Општина Чаир, каде што се чува изборен материјал, но откако биле забележани од полицискиот службеник, кој го обезбедува изборниот материјал, лицата го напуштиле местото.

– Не е причинета штета на капијата ни на изборниот материјал и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

“Керов Продукција” од Прилеп го издигна светот на свадбените церемонии на нови височини (ФОТО)

Керов продукција од Прилеп го издигна свадбениот свет на нови височини, поставувајќи ја сцената за паровите да имаат свадба од соништата.

Керов продукција, реномирана компанија за видео и фотографирање свадби, го зафати светот на свадбите со нивниот иновативен и креативен пристап да ја долови магијата на посебниот ден на брачните парови.

Нивниот уникатен стил и посветеност на деталите, им донесе репутација на една од најдобрите компании за снимање и производство на свадбени церемонии.

Со својата страст за раскажување приказни и способност да ја доловат вистинската суштина на љубовта на двојката, Керов продукција несомнено ги води патот во светски рамки.

Побарајте ги на телефонскиот број: 077 574 063 и направете го вистинскиот избор!

На Денот на полицијата СВР Битола ги отвори вратите за најмалите (ФОТО)

СВР Битола денеска 07.05.2024 по повод Денот на полицијата ги отвори вратите за најмалите посетители, децата од детската градинка „ Пролет” и учениците од основното училиште „Тодор Ангелевски” од Битола при што на истите им беше прикажана опремата, возилата и им беше одржано кратко предавање во делот на безбедноста на сообраќајот.

Предходно, раководството на СВР Битола заедно со своите колеги положија свежо цвеќе пред споменикот на бранителите во кругот на СВР Битола и споменикот „Анѓел” кај градскиот часовник.