дома блог страница 14

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: В.Ј. ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 5.963.476 ДЕНАРИ

В.Ј. од Куманово освои СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТОТ, вреден 5.963.476 денари.

Најпосакуваната ВЛТ добивка е освоена со играта „Вампајр најт“, на видеолотариските терминали кај деловниот соработник „Евротип“, на 11.03.2026 година, во Куманово.

Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија искрено му честита на добитникот и му посакува многу радост, исполнети соништа и незаборавни моменти.

Во периодот од 09.03.2026 до 15.032.2026 година, Видеолотарија Касинос Австрија исплати вкупно 12.052.751 денари кон играчите на ВЛТ терминалите низ Македонија, и тоа:

• 1 СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот – 5.963.476денари

• 3 МИЛИОНЕР џекпот добивки – вкупно 4.476.764 денари

• МИНИ џекпот добивки – 1.612.511денари

Видеолотарија Касинос Австрија повеќе од една деценија успешно работи во согласност со сите законски регулативи и меѓународни стандарди. Мината 2025 година беше година на рекорди, еуфорија и многу среќни ВЛТ добитници! Видеолотарија Касинос Австрија им исплати на играчите на ВЛТ импресивни 814.512.912 денари, односно повеќе од 13 милиони евра за џекпот добивки.

Минт Visa во чекор со вашите потреби – сега достапна и на Google Pay


РR текст

Плаќањето влегува во нова ера – побрзо, поедноставно и попаметно од кога било. Mint Visa кобрендираната картичка сега е достапна на Google Pay, носејќи ново ниво на удобност, брзина и сигурност во секојдневнитетрансакции.

Заборавете на физичките картички и паричници. Со само неколку чекори, вашиот мобилен телефон станува дигитален паричник, подготвен за плаќање во продавници, онлајн или каде било каде што има бесконтактен ПОС терминал. Едноставно отклучете го уредот и доближете го, плаќањето е завршено за неколку секунди.

Она што ја прави оваа услуга вистински чекор напред е безбедноста. Google Pay користи напредна токенизација – технологија што заменува чувствителни податоци со уникатен виртуелен код. Тоа значи дека вашите податоци остануваат заштитени, а секое плаќање е сигурно.

Активирањето е брзо и едноставно. Сè што ви е потребно е Android уред, инсталиран Google Wallet и вашата Минт Visa кобрендирана картичка.

Дополнително, користењето на Google Pay е целосно бесплатно, без скриени трошоци за додавање на картичката или за извршување плаќања. Вие добивате модерно решение без дополнителен финансиски товар.

Со оваа нова функционалност, Минт Кредит уште еднаш покажува дека е во чекор со современите навики на корисниците. Брзината, сигурноста и едноставноста повеќе не се луксуз – туку стандард.

Изберете паметно. Плаќајте дигитално со Минт Visa кобрендираната картичка.

За дополнителни информации контактирајте нѐ на 15 107, нашата веб страна, или во најблиската филијали до Вас.

Важно известување: Водата од овие чешми во околината на Прилеп не е исправна за употреба

Општина Прилеп ги известува граѓаните дека водата во населеното место: – Локален водоснабдителен систем Загорани – Ѕвездакоски, водата во Л.в.с Веселчани – двор и водата во Л.в.с.Канатларци – бензиска на основа на извршените испитувања и стручната анализа примерокот одговара за употреба, но количината на резидуален хлор во мрежата да се зголеми и да се движи во границите од 0,2-0,5мг/л.вода.

Исто така водата во Лок.в.с.Ореовец – јавна чешма сред село како и водата од Л.в.с. Плетвар – крајпатна Че и Јавна чешма не е здравствено исправна заради наод на бактерии од цревно потекло и не смее да се користи за пиење без претходно вриење од 10 минути. Неопходно е соодветно техничко решение за
објектот со можност за редовна дезинфекција на водата.

Водата во Л.в.с.Беловодица – двор не е здравствено исправна заради наод на зголемено присуство на органски материи и не смее да се користи за пиење без претходно вриење од 10 минути. Неопходно е соодветно техничко решение за објектот со можност за редовна дезинфекција на водата.

Додека водата од мерно место локален водоснабдителен систем Ерековци – двор не е здравствено исправна заради наод на бактериии не смее да се користи за пиење без претходно вриење од 10 минути. Водата мора редовно да се хлорира и количината на резидуален хлор во мрежата да се движи од 0,2-0,5 мг/л. вода.

Koлумбиецот Херера: “Македонија ми е како татковина”

Фудбалската репрезентација на Македонија по долго време повторно ќе има фудбалер кој е роден во странство, но ќе игра за дресот со државниот грб затоа што поседува македонски пасош.

31-годишниот дефанзивец Себастијан Херера доби деби-повик од селекторот Гоце Седлоски за баражот за СП 2026.

Се работи за играч кој настапува за Борац Бања Лука од БиХ и игра константно, а е лев бек.

” Благодарен сум му на селекторот Седлоски што ме повика во репрезентацијата и спремен сум со своите игри и залагање и однос кон дресот да го оправдам тоа. Македонија е моја втора татковина, таму израснав фудбалски, стекнав пријатели, ја запознав сопругата, научив јазик и обичаи. Знам дека од „странците“ се очекува да донесат повеќе квалитет на теренот, ама јас сум спремен за тој предизвик. Повикот за Македонија за мене е голема чест и гордост што ќе играм за националниот тим“, изјави Херера.

Што би рекол Пејо од Солунски патрдии: “Мириса на мискојна цел град” – Денешното мени во МЕНЗА Прилеп е нешто посебно

Ако денес сакате вкусен, топол и традиционален домашен ручек, вистинското место е МЕНЗА Прилеп. Секој ден свежи јадења со домашен вкус, по рецепти што сите ги сакаме – затоа многумина веќе велат дека моментално тука се јаде една од најдобрите домашни кујни во Прилеп.

Кај нас можете спокојно да седнете и да уживате во оброкот, но достапна е и нарачка за носење.

НА ДЕНЕШНОТО МЕНИ ЌЕ НАЈДЕТЕ:

🍲 Готвени јадења

👨‍🍳 Телешка чорба
👨‍🍳 Телешка јанија
👨‍🍳 Подварок со свинско месо
👨‍🍳 Свинско печено во сос од печурки
🆕 Ќофте во Италијана сос
🆕 Бечка шницла
👨‍🍳 Лазања

🍗 Пилешки специјалитети

🆕 Пилешки прсти
👨‍🍳 Пилешко во путер од кикирики 🥜
👨‍🍳 Пилешко во кари сос
👨‍🍳 Криспи пилешко
👨‍🍳 Печено пиле (1/2)

🌯 Бурито и сендвичи

🆕 Бурито свинско со цацики сос
👨‍🍳 Пилешко бурито
👨‍🍳 Посно бурито
👨‍🍳 Ладен сендвич со руска салата
👨‍🍳 Ладен сендвич со пилешка салата

🔥 Скара

👨‍🍳 Пилешки ражнич
👨‍🍳 Свински ражнич
👨‍🍳 Плескавица
👨‍🍳 Ловечка плескавица
👨‍🍳 Стек на скара
👨‍🍳 Домашен колбас

🌿 Посно мени

👨‍🍳 Ослич
👨‍🍳 Спанаќ
🆕 Шпагети Арабија
🆕 Рижото со печурки
👨‍🍳 Грав
👨‍🍳 Грав без масло

🥗 Салати

👨‍🍳 Цезар салата
👨‍🍳 Туна салата

🍚 Додатоци

👨‍🍳 Ориз
👨‍🍳 Пекарски компир
👨‍🍳 Вариво
👨‍🍳 Свежа салата

👉 МЕНЗА Прилеп – место каде домашниот вкус секогаш победува.

📞 Нарачки: 076-231-075

📍 Локација: ул. „Егејска“, наспроти Универзална сала, во поранешниот дуќан на Матадор.

Утре дечињата преку забава ќе учат за оралното здравје – Повелете под Градскиот Саат

Утре, четврток (19.03.), со почеток од 12 часот, на платот под Градскиот Саат, службата за детска и превентивна стоматологија од ЈЗУ “Општа болница со проширена дејност”-Прилеп организира хепенинг за промоција на оралното здравје, под мотото”ЧЕТКАЈ-БЛЕСКАЈ”.

Настанот е дел од одбележувањето на светскиот ден на оралното здравје. Истиот е масовно поддржан со учество на учениците од основните училишта, дечињата од градинките “Наша иднина” и приватните едукативни центри од градот.

Хепенингот има волонтерско-донаторски карактер благодарение на вработените во превентивните стоматолошки тимови, директорите, наставниците, децата, донаторите и општина Прилеп.

-Голема благодарност кон сите нив. ВЕ покануваме да се дружиме, забавуваме, да учиме и да уживаме.
Дојдете, научете се за вашето орално здравје и насмевнете се со нас
– велат организаторите.

Познат противникот на Матеј Чатлески – ракавиците ќе ги судри со искусен боксер од БиХ

Професионалниот боксер и редовен студент на “Факуктет за Електротехника и Информациски Технологии” при универзитетот “Кирил и Методиј” во Скопје, прилепчанецот Матеј Чатлески, на 28. март ќе настапи во градот Бор, Србија, каде ќе ги одмери силите со искусниот боксер Милош Јанјанин од Босна и Херцеговина.

Противникот Јанјанин е официјално одобрен од промоцијата “Balkan Boxing”, што гарантира квалитетен и сериозен меч за Чатлески.

Оваа борба ќе биде испитна борба во 4 рунди, важен тест за формата и подготвеноста на македонскиот професионалец, кој чекор по чекор ја гради својата кариера на професионалната сцена.

Настанот е во организација на промоцијата “Balkan Boxing”, а главен организатор е Ненад Боровчанин.

Официјален фајт кард:

Almir Memic (SRB) VS Iago Kiziria (GE) 6 r.
Miljan Djordjevic (SRB) VS Carlos Rivero (VEN) 6 r.
Marco Maric (SRB) VS Karoly Botos (HUN) 4r.
Matej Chatleski(MKD) VS Milos Janjanin (BiH) 4r.
Matija Radovic (MNE) VS Ivan Krivacevic(SRB) 4r.
Benjamin Poturak(BiH) VS Pal Olah (HUN) 4r.

Откажани се двете атрактивни борби на српските боксери Милош Јаничич и Јован Николич .

Љубителите на боксот ќе можат да ги проследат борбите во живо на Arena Fight TV.

Николоски: “Пристигна првиот авион од Братислава на охридскиот аеродром, нови туристи и нови можности”

Од денеска граѓаните ќе можат директно да летаат од охридскиот аеродром до Братислава, а веќе од 29 март од Охрид до Милано. Овие авиолинии значат нови туристи во Охрид и повеќе можности за зајакнување на економијата, напиша на својот фејсбук профил утрово вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Попладнево првиот авион од Братислава пристигна на Охридскиот аеродром “Апостол Павле”.

-Првиот лет од Братислава денеска пристигна на охридскиот аеродром. Нови туристи и нови можности за Охрид и охридскиот регион, напиша предмалку Николоски.

(ФОТО) Лоцирани од граѓани, а проблем за Прилеп – Работат ли службите?

Во голем број улици низ Прилеп можат да се забележат напуштени, хаварисани и неупотребливи возила кои со месеци, па дури и со години, стојат паркирани на тротоарите и јавните површини.

Овие автомобили не само што го нарушуваат изгледот на градот, туку претставуваат и сериозен безбедносен проблем, бидејќи пешаците – меѓу кои има деца, постари лица и родители со колички – често се принудени да се движат по коловозот.

Дополнително, велосипедистите и лицата со инвалидитет се соочуваат со уште поголеми потешкотии, бидејќи тротоарите кои треба да бидат безбедна пешачка зона се блокирани со нефункционални возила.

Граѓаните апелираат до надлежните институции, пред сè до Општина Прилеп и сообраќајната полиција при Министерство за внатрешни работи, да преземат мерки за отстранување на ваквите возила и да се воспостави ред на јавните површини.

80.000 – ВИ БЛАГОДАРИМЕ! Маркукуле продолжува да расте, нашата публика наша огромна мотивација

Почитувани читатели, пријатели и поддржувачи,

Со огромна благодарност и гордост ве известуваме дека нашата Фејсбук заедница од денеска брои над 80.000 следбеници!

Оваа бројка за нас не е само статистика – туку 80.000 причини да продолжиме уште посилно, пообјективно и поблиску до граѓаните!

Повеќе од една деценија www.markukule.mk е медиум кој секојдневно ја пренесува вистинската слика за случувањата во Прилеп и регионот – со вести, приказни, култура, спорт и информации кои се важни за заедницата.

🙏 Вашата доверба е нашата најголема мотивација!

Благодарение на вас, порталот прерасна во еден од најследените локални медиуми во Македонија.

📣 Отворени сме за нови соработки!

Доколку сте:

• компанија
• сопственик на мал бизнис
• угостителски објект
• продавница или бренд
• организатор на настани

👉 Markukule.mk е вистинското место каде вашиот бренд може да стигне до десетици илјади луѓе секојдневно.

Преку нашата платформа нудиме:

✔ промотивни објави
✔ спонзорирани текстови
✔ рекламирање на социјални мрежи
✔ промоција на настани и бизниси
✔ директна комуникација со локалната публика

📩 Побарајте не’ на: [email protected] 

или на тел.бр. 071 684 973

Уште еднаш – ОГРОМНА БЛАГОДАРНОСТ на сите 80.000 следбеници!

Продолжуваме заедно – уште посилно, уште погласно и уште поблиску до народот.

Вашиот портал – Markukule.mk