дома блог страница 137

На последниот ден од јули се празнува голем празник и важен ден за жените

Православната црква и верниците на, 30 јули, го слават празникот на Светата великомаченичка Марина, во народот позната како Огнена Марија, која е почитувана како борец за христијанската вера и заштитничка на жената.

Покрај православните, Огнената Марија ја почитуваат и католиците и оние од исламска вероисповед.

Денот на Светата маченичка Марина, во народот познат како Огнена Марија, се смета за многу почитуван празник, особено кај жените, па затоа е обичај на тој ден да не се работи физичка работа или работа на нива. Во црковниот календар 30 јули не е означен со „црвена буква“, но жените на тој ден од почит кон овој празник одбиваат дури и да закачат игла.

Св. Во фолклорот се зачувани примери на оган или молњи кои гореле жито, сено и домови на луѓе кои згрешиле работејќи на празникот Огнена Марија во жешките празнични денови.

Светата маченичка Марина е родена во Антиохија, се крстила на 12 години, а на рана возраст ја изгубила мајка си, а татко и кога дознал дека е христијанка ја избркал од дома. На пат од Антиохија го сретнала епархот Олимбриј, кој отишол да ги прогонува христијаните. Бидејќи таа го одбила понудениот брак и поради нејзината вера во Господ Исус Христос, гневниот епарх наредил да биде изложена на најлошите маки.

Народното верување вели дека Огнената Марија гори и казнува со оган и дека громот на овој свет ден е лош знак. Тоа може да значи дека претстои тешка и сушна година, а постарите тврдат дека ваквите ситуации укажувале на болест и сиромаштија.

Кај православните особена стравопочит предизвикува Огнената Марија (која, инаку, во народната традиција е позната како сестра на Илија Громовник и Света Пантелија). На тој ден (30 јули по нов календар или 17 по стар календар) никој не работи бидејќи се смета дека на тој ден секоја работа е неправилна и грешна, дека секој што ќе ја наруши волјата Божја на тој ден. денот не може да ја очекува неговата милост.

Некои православни семејства го одбележуваат споменот на Огнената Марија како слава за крштевање. Моштите на овој светител почиваат во манастирот Света Марина во Албанија, на планината Лонга над Охридското Езеро.

Добро утро со поглед кон Градскиот Саат во Прилеп и кафе за само 50 денари – перфектно место за уживање!

Сместен веднаш над Ресторан Порта, во строгиот центар на Прилеп, со прекрасен поглед кон Градскиот Саат, Terasa Pub Club е новото урбано катче кое ве кани на утринско будење со вкусно кафе по цена од само 50 денари, секој ден до 12:00 часот!

Но тоа не е сè – уживајте и во одличните промотивни пакети:

☕ Кафе + Добра Вода – 90 денари

☕ Кафе + Цевитана – 100 денари

☕ Кафе + Мохито Сода – 160 денари

Имаат решение и за пеколното време надвор!

Terasa Pub Club нуди избор од 30 различни видови пиво, совршено место за дневно или вечерно опуштање. Со модерен амбиент, поглед кон Градската Саат кула – ова е вистинското место за бегство од летните горештини.

Без разлика дали сакате утринска доза енергија или вечерен пијалак со пријатели – Terasa Pub Club ве чека со отворени врати.

Пиј, опушти се и уживај – високо над Прилеп, во срцето на градот.

„Ослободи ја ноќта – нурни се во забава!“ “Салида Аква Парк” вечева ве кани на нова журка и ноќно капење

Подготви се за нова ноќна авантура, журка под ѕвездите и вистинско летно освежување!

Забавата стартува вечерва со почеток од 20:00 часот во “Салида Аква Парк”, каде ви закажуваат нова забава со ноќно капење!

Од ди-џеј кабината ќе ве забавува DJ ANONYMOUS, а влезот е само 200 ден.

Повикај ја екипата, земете ги пешкирите и правец во “Салида Аква Парк” – вечерва уживаме во добро друштво, убава музика, водена авантура и забава до доцна во ноќта – што повеќе ти треба?

За сите останати кои сакаат да се разладуваат на жешкото сонце, аква паркот работи секој ден од 10 – 18 часот!

Уживајте во летото со “Салида Аква Парк”.

Мицкоски: Пензиите ќе пораснат за нови 2.000 денари – вкупно 7.000 денари повеќе за пензионерите!

Ветивме – исполнивме. И продолжуваме. На денешната владина седница донесовме одлука за ново зголемување на пензиите:
1.000 денари во септември 2025 (исплата на 1 октомври); 1.000 денари во март 2026 (исплата на 1 април), информира премиерот Христијан Мицкоски.

-Ова значи дека пензиите ќе пораснат за нови 2.000 денари, како продолжение на досегашното зголемување од 5.000 денари во првата година од мандатот на оваа влада. Вкупно 7.000 денари повеќе. Пензионерите го заслужуваат целото наше внимание, почит и поддршка. Нема да застанеме тука. Ова е само дел од политиката на грижа, правичност и одговорност за која се обврзавме и која што посветено ја спроведуваме, порача премиерот.

Ослободување од работа за бремените жени и лица постари од 60 години до сабота, препорача Владата

Имајќи го предвид кумулативниот ефект на продолжениот топлотен бран, Владата ја усвои информацијата и издаде препораки до работодавачите кои важат од 23.07 до 26.07, со кои се препорачува ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 години, информираа од Владата од каде велат дека со оваа мерка се овозможува и работа од далечина, флексибилно и двократно работно време каде што е тоа изводливо.

Претходно, Министерството за здравство ја информира јавноста дека согласно најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), топлотниот бран со температури над 40°C ќе продолжи до 26 јули 2025 година.

„Имајќи го предвид кумулативниот ефект на продолжената изложеност на високи температури врз здравјето на ранливите категории на население, Владата, на предлог на Министерството за здравство усвои дополнителни препораки за работодавачите, кои ќе важат во периодот од 23 до 26 јули 2025 година:Се препорачува ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 години. Каде што е можно, да се овозможи работа од далечина, флексибилно или двократно работно време.Овие препораки не важат за вработените во критичната инфраструктура, како што се здравството, полицијата, армијата, транспортот, енергетиката и јавните комунални претпријатија“, се наведува во соопштението од Министерството.

Дополнително, Владата потсетува на веќе важечките мерки од акцискиот план, а тоа се одложување на работниот процес од 11:00 до 17:00 часот за работници изложени на директна топлина, обврска за обезбедување микроклиматски услови за работа – простории со температура до 25°C, освен каде што природата на работата не дозволува поинаку, континуирано информирање на јавноста преку институциите, активирање на интерните протоколи за работа во вонредни услови во сите здравствени установи, домови за стари лица и образовни институции.

Сите останати институции опфатени со Акцискиот план се повикуваат да продолжат со спроведување на своите обврски и активности.

Истовремено Министерството за здравство апелира населението да се придржува до постоечките препораки за самозаштита а тоа се престојување во разладени простории, особено од 11 до 17 часот, внесување доволно течности, избегнувајќи алкохол и засладени пијалоци, носење лесна и светла облека, користење заштита за глава и очи, избегнување физичка активност во најтоплите часови.

Понатаму при симптоми како вртоглавица, главоболка, гадење или забрзан пулс – веднаш да се побара медицинска помош да се седи во разладени простории (до 25°C) на работното место и во домот.

Досега олку голем ОГЛАС за вработување немало! Вкупно ќе се вработат 124 лица – 22 доктори, медицински сестри, персонал…

Добивме согласност за вработување на хонорарците од Министерството за финансии за сите 124 лица кои беа на договор, истакна на денешната прес конференција директорот на прилепската болница, Д-р Кире Јоноски.

Според најавата, огласите за вработување на медицинскиот персонал ќе започнат од утре (23.07.), при што болницата во Прилеп ќе добие:

-21 доктор
-1 стоматолог
-49 медицински сестри
– дополнителен медицински пероснал

Ова е најголем досега оглас од постоењето на болницата во Прилеп, a дополнително со претходните 8 специјализанти и доктори чии договори беа трансформирани, бројката на нововработени доктори во неполна година ќе биде 30, што е навистина голема бројка.

“Ако претходно имавме вкупно 120, 30 доктори за неполна година е навистина голема бројка. Значи освен што вложуваме во апаратура, вложуваме и во човечки кадар. Можеби сегашноста не ние добра, не е розова, но со тие 30 доктори имаме иднина”, истакна Јоноски.

Јоноски додаде дека покрај претходно вработените 8 специјализанти, се очекува за скоро време Министерството да даде зелено светло и за нови 10 специјализанти.

“Значи прилепската болница, со поддршка од Владата и Министерството може да се каже дека во најголем дел полека го решава проблемот со персонал, ние градиме иднина. За разлика од претходно кога ја начекавме болницата и финансиски и кадарно во незавидна состојба, ние ги градиме темелите за успешна болница во иднина. За ренгенолози е потребна 4-годишна специјализација, а за другите области 6 години. Значи не може ништо да се направи преку ноќ. Максимум што можеме да направиме е да ги вработуме младите доктори, 21 нов доктор, тоа е огромна бројка, кои во иднина ќе станат специјализанти”, рече Д-р Јоноски.

 

Тинејџерка од Прилеп со мопед прегазила 81-годишен сограѓанин

-На 21.07.2025 во 18.50 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на ул.„Нада Циривири” во Прилеп, патничко возило „опел’ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 19-годишната Е.И. од Прилеп, удрило во пешакот М.Ѓ.(81) од Прилеп. Во несреќата, пешакот М.Ѓ. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Прилеп – информираат од МВР.

После 32 години прилепската болница доби нов ЕХО-апарат за доенчиња – Уште еден резултат на одличното менаџирање во изминатата година (ФОТО)

Одличното менаџирање во прилепската болница во изминатата година дава огромни резултати. Голем број фирми и организации во изминатиот период со скапи донации придонесоа за значително подобрување на здравствените услуги, но и за воведување на нови услуги кои досега не им беа на располагање на граѓаните од Прилеп и соседните општини. Најновата донација е од шведската хуманитарната организација “HAND TILL HAND” која денеска во болницата ја предаде Претседателката на организацијата, Г-ѓа Марија Росенберг.

Станува збор за ултрасонографски ЕХО апарат наменет за скенирање на целиот мускулно-скелетен систем, за потребите на одделението за ортопедија.

“Со овој апарат ќе се овозможи скрининг за рано откривање на развојно пореметување на колковите кај доенчињата уште од двомесечна возраст на детето, по што следуваат контроли на 4, 6, 9 и 12 месеци.

Овој метод за првпат е воведен во медицинската пракса во Австрија од страна на Проф. Рајнхард Граф во 1983 година, а потоа и во некои други европски земји. Во нашата здравствена установа овој скрининг метод, прв почнал да го практикува Примариус Д-р Трајче Бошкоски во 1989год., само 6 години подоцна од воведувањето во европската медицинска пракса.

Во 1993 година, во рамките на ортопедско-трауматолошкото одделение при општа болница “Борка Талески” – Прилеп, поточно во ортопедската амбуланта при ова одделение, почнал со работа кабинет за детска ортопедија со ЕХО-кабинет за детски колкови, со нов ЕХО-апарат што бил јапонска донација, а кој се користеше до денес, или вкупно 32 години.

Во последните три години, реализирани се вкупно 3525 ЕХО-прегледи на колкови кај доенчиња, или околу 100 прегледи месечно.

Денес, со новиот ЕХО-апарат донација од, ќе продолжиме со постојаната пракса за следење на развојното пореметување на колковите во доенечка возраст, како за општина Прилеп, така и за соседните општини и други околни општини, преку закажани термини од страна на матичните доктори преку “Мој Термин”, истакна Д-р Кире Јоноски, специјалист ортопед и директор на прилепската болница.

 

Патриотско Ропотово организира спектакуларен пречек на Илинденската коњаница: Maкедонска песна, оро… секој е поканет!

Патриотско Ропотово и оваа година традиционално, организира спектакуларен пречек на Илинденската коњаница. Пристигнувањето на коњаниците ќе биде на 30.07., кога со почеток од 18 часот на спортското игралиште ќе има и музичка програма.

Ќе настапат одличните “ОК Бенд”, кои со убава македонска песна ќе им посакаат безбедно да стигнат во славно Крушево, на одбележувањето на 122-годишнината од Илинденското востание.

Организаторите ги повикуваат сите жители од соседните населени места, како и од околните градови, да дојдат во што поголем број. Заедно да ги пречекаме коњаниците, да им честитаме за храброста и упорноста која ги краси секоја година, и достојно да одбележиме 122 години од славните илинденски борби за слободна и независна Македонија.

А каков беше пречекот минатата година, погледнете во продолжение:

_cuva
_cuva

Kaвадарчанец возел со 2,92 промили алкохол и предизвикал сообраќајка

На 21.07.2025 во 21.15 часот на улица „7 Септември“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Р.С.(29) од Кавадарци. При преземање мерки во врска со претходно случена сообраќајна незгода во која учествувал тој со патничко возило „фолксваген“ со кавадаречки регистарски ознаки и патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.К.(31) од Кавадарци, било утврдено дека управувал возило по дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,92 промили алкохол во крвта. Р.С. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.