дома блог страница 135

Со оружје им се заканувал на работници кои работеле на куќа: Жител на прилепско Крушеани заврши со лисици

На 14.05.2024, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Д.Г.(49) од с.Крушеани, општина Кривогаштани, затоа што со огнено оружје се заканувал на Х.Д. (21) од Прилеп и други работници кои биле работно ангажирани преку фирма и изведувале градежни работи на куќа во с. Крушеани.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

Миле Талевски “лапнал” 10.637 евра на име за патни трошоци во 2023 година

Собранието лани  за патни трошоци на пратениците потрошило повеќе од  366.000 евра, објави агенцијата  Мета.мк.

Според податоците, пратеникот од СДСМ од Прилеп бил еден од најдобро платените во 2023. година и на име патни трошоци наплатил 10.637 евра.

Истиот пратеник ќе ги претставува прилепчани и во следниот состав на Собранието, што значи дека покрај зголемената плата од 78 %, ќе добива и нови патни трошоци.

И покрај трите катастрофални порази на СДСМ во Прилеп, по се изгледа дека овој пратеник својата кариера ќе ја памети по тоа што бил наградуван за поразите од своите сопартијци.

Во текстот на “МЕТА” и за другите пратеници кои наплатиле високи патни трошоци.

Tрагедија: Македонски адвокат утрово починал во суд додека чекал судење

Македонски адвокат утрово починал во суд, додека чекал судење.

Трагичната вест ја соопшти адвокатот Јанаки Митровски.

-Бев сведок на исклучително непријатна ситуација. Чекајки судење на прв спрат во скопскиот граѓански суд во девет наутро, одеднаш се слушна силен тресок, и колега адвокат падна на земја пред мои очи. Притрчавме повеќе луѓе, го полија со вода но колегата помодре на ликот и не даваше значи на живот. Друг колега не можеше да му најде пулс. Викнаа брза помош која, секоја чест, дојде за шест минути, но за жал не успеаа да го реанимираат и човекот си почина на работното место. Лесна му земја, напиша тој.

Митровски понатаму напиша:

„Навистина сакам да алармирам, мимо сите гнусни стереотипи околу адвокатурата, дека се работи за исклучително стресна професија која секојдневно зема данок. Баталете ги предрасудите дека отвараш канцеларија и пари врнат, реалноста е дијаметрално спротивна и адвокатскиот леб е многу горчлив. Воедно сакам и да апелирам на постарите колеги и колешки( починатиот колега имаше 68-70 години) дека нема потреба да се работи до смрт. Лично немам никаква намера да работам адвокатура после моите педесет и две-три години. Премногу се вознемирив, и сеуште сум, вечна му слава на колегата и сочуство до семејството. П.С. Меѓу другото од овие причини сум реактивен кога нереализирани и искомплексирани бубалици со џуџест раст ми ја сатанизираат професијата, без два дена пракса. Бујрум, нека отворат канцеларија ЕДНА година, ќе правиме муабет“.

Жител на прилепско Канатларци пронашол три неексплодирани експлозивни направи во својот двор

На 15.05.2024 во ОВР Прилеп, М.Н.(56) од с.Канатларци пријавил дека во дворното место во с.Канатларци пронашол три неексплодирани експлозивни направи.

Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола безбедно ги подигнал, при што било констатирано дека станува збор за една артилериска граната од 105 мм, една минофарлачка граната од 75мм и една рачна бомба кои потекнувале од Првата светска војна – информираат од МВР.

Од мала занаетчиска работилница, до самиот врв! Авто Контрол слави 10 години постоење! Ретроспектива на една успешна бизнис приказна! (Фото/Видео)

Од мала занаетчиска работилница до една од најреспектираните компании во својата област. Компаниајта “АВТО КОНТРОЛ” од Прилеп деновиве прослави 10 години постоење, еден вреден јубилеј кој го одбележаа бројни успеси, бројни примери за општествена одговорност и илјадници задоволни клиенти.

Се започна на 14 мај 2014 година со големо отварање, кога Љупчо Перканоски и неговата сопруга Даниела ја започнаа мисијата да изградат современа станица за технички преглед, каде денеска на едно место можете да ги добиете сите услуги.

За жал, судбината не дозволи, Љупче да се израдува на овој голем јубилеј заедно со своите вработени и соработници, но веројатно таму од високо гледа и е среќен на целиот успех кој го постигна.

-Во мај 2014 година нашиот заеднички сон беше да создадеме компанија која ќе го достигне врвот од областа на Станиците за технички преглед. И успеавме! Но, животот е непредвидлива игра. Од една стана е судбината, а од друга се луѓето. Само тука победник нема. Нека овој ден е празник во чест на мојот сопруг Љупчо, за неговата неизмерна енергија и посветеност кон автомобилизмот. Сакам да изразам огромна благодарност до нашите вработени, соработници, клиенти и пријатели, продожуваме да чекориме на патот од успехот, рече Даниела Перканоска на затворањето на петтиот по ред Македонски оф-роуд 4×4, кој викендов се одржа во Крушево, притоа изразувајќи огромна благодарност до сите инволвирани актери во оваа успешна 10-годишнина бизнис приказна.

И имаат на што да бидат горди! Денеска “АВТО КОНТРОЛ” е компанија сионим за трудољубивост, посветеност, професионалност, компанија со задоволни вработени, најсовремени услови и единствена во регионот каде се достапни сите услуги, од технички преглед на вашето возило, до целосен сервис и извршување на најсофистицирани автомеханичарски зафати.

Со еден збор, “АВТО КОНТРОЛ” е ваш верен партнер во сите временски услови!

Она што вреди да се потенцира е општествената одговорност на компанијата, и посветеноста да се искористи секоја прилика да се возврати довербата кон заедницата. Тука Љупче и Даниела беа лидери и пример за секој стопанственик КАКО ТРЕБА! Донираа и помагаа во секоја прилика, од спортски клубови, здруженија, културни манифестации, медиуми, здравство… Нивната филантропија немаше граници низ годините, а ништо поразлично не е ниту денеска. Особено важен сегмент во нивното делување беше посветеноста за подигнување на свеста за сообраќајната култура, и зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

На иницијатива на “АВТО КОНТРОЛ” во изминатите години се реализирани низа работилници, предавања, настани… сето со една цел – унапредување на сообраќајната култура и подигнување на свеста за важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи.

“Авто Контрол” месец мај го посветува на своите соработници и клиенти со подароци при секој извршен технички преглед на возилото.

“На нашите клиенти им благодариме за довербата и лојалноста што ни ја покажувате секој ден. Вашата поддршка е наша инспирација за напредок и подобрување. Грижата за нашите клиенти отсекогаш ни била приоритет и тоа е една од нашите особини за континуиран успех и напредок, за што нашите клиенти не’ наградуваат со долгогодишна доверба и лојалност. Благодарност за честитките, продолжуваме по истиот пат”, истакна Даниела Перканоска, генерален менаџер на Авто Контрол Станица за технички преглед.

За одбележување и е престижното признание кое Перканоска го доби во 2022 година од Aгенцијата “Maрли”, како една од 20-те најуспешни жени менаџерки во Македонија, што е од огромно значење, особено ако се земе во предвид за жена борец, мајка на две деца, која верува во способноста и рамноправноста на жените, и се вложува за успехот на припадничките од понежниот пол.

“Јас успехот не го барам, туку за него работам” – рече тогаш Перканоска.

Тимот на Маркукуле упатува искрени честитки за постигнатите успеси и десетгодишниот јубилеј на “Авто Контрол”. Нека им биде и повеќе од успешена и следната декада!

Златен медал за роботика, за гимназијалецот Иван Јованоски од Прилеп


(Иван Јованоски – на фотографијата трет од десно)

Од 22 до 25 април 2024 година на Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје се одржа натпреварот „Robomac Junior“ во организација на ФЕИТ и Институтот за електроника (ИЕЕЕ) во кој учествуваа 54 ученици од четврта година од 26 средни училишта од Македонија, поделени во 2 категории и во тимови по тројца ученици од различни училишта.

На натпреварот од гимназијата “Мирче Ацев” од Прилеп учествуваа Иван Јованоски и Никола Василески – ученици во четврта година под менторство на професорката Анкица Стеваноска Јанческа.

Учениците се натпреваруваа во две категории.

Во категоријата АВТОНОМНА МОБИЛНА РОБОТИКА – ученикот Иван Јованоски освои златен медал.

Учесниците во оваа категорија се натпреваруваа во програмирање, управување и паметна навигација на мобилни Arduino роботи, со цел роботите самостојно и најбрзо да решат зададени задачи (избегнување препреки, следење патека, паметно паркирање).

Во категоријата ПАМЕТНА ЕЛЕКТРОНИКА ЗА АВТОНОМНИ ВОЗИЛА – се натпреваруваше ученикот Никола Василески кој доби сертификат.

Учесниците во оваа категорија се натпреваруваа во развој на алгоритам за извршување на специфична задача на вградливи компјутерски системи, електронски сензори, електрични мотори, драјвери за нив и имплементирање на алгоритмот во соодветен програмски јазик за вградлива Arduino платформа.

Освен натпреварувањето, овој настан имаше и едукативен карактер бидејќи професори и експерти одржаа предавања за основните принципи на роботиката, вештачката интелегенција и електрониката.

ФОТО/feit.ukim.edu.mk

Ореовчани се кренаа на нозе! Започнуваат со секојдневни протести – велат дека “Бехтел и Енка” ги загрозуваат природните извори на вода во Прилеп

Кулминира револтот на жителите од елитното прилепско село Ореовец и од неколку други околни села. Тие од денеска започнуваат со секојдневни блокади од 8 до 16 часот на главниот пат кон селото, кој е и пат до новите рудници на „Бехтел и Енка“ за ископ на градежен материјал за изградба на патиштата од Коридорите 8 и 10Д. Велат, на овој досегашен еко-предел, каде се наоѓаат и единствените четири природни градски изори на вода, му се заканува невиден екоцид, а и луксузните куќи и викендици веќе трпат штети од секојдневните минирања и силните детонации – oбјави “АЛФА ТВ”.

„Направија спореден, паралелен пат со нашиот пат, возат и по нашиот, и по нивниот пат. Ни го искршија патот…Немаат никакви дозволи. Си зеле некои приватни ниви под кирија на пет години, на десет. Втора работа, ни минираат на 200 метри од куќите наши. Концесијата им е земена на 20 години, а селото се развива. Значи, тие ни ја загрозуваат околината. Водата почнува да тече матна, животните, змиите од планината слегоа долу в село, бидејќи им го расчистија теренот и ја исекоа шумата“, – изјави Рубин Рујаноски, сопственик на куќа во с. Оревоец.

„Никакви работи во врска со изградба на пат не се отпочнати. Ние колку што знаеме ни експропријација на земјиште не е направена, а веќе се копаат нови рудници за тампон. Тампон можеме да им препорачаме да си земат на само километар одовде, од Рудникот „Сивец“, – кажа Ѓорѓи Ѓорѓиески, член на Комитетот за заштита на природното и културно наследство на Македонија.

Ореовчани поддршка добија и од градоначалникот Борче Јовчески.

Ова е втор протест на револтираните мештани кои уште пред десетина дена испратиле и писма до „Бехтел и Енка“ и до ЈПДП со барање ископувањата да престанат. Бидејќи одговор се’ уште не добиле, си ангажирале и адвокат со цел правдата да ја бараат на суд.

Од ЈПДП пак, уште минатата недела, одговарајќи на нашите прашања, се правдаа дека се’ било законски и дека ископите ќе продолжат се’ до завршувањето на изградбата на патиштата од двата коридори.

Каролина Дурло/ТВ АЛФА

Maeстрални! Прилепскиот бенд “Тhe Doctors”, го освоија првото место на Државниот натпревар (ВИДЕО)

На 14.05., бендот при СОУ “Ѓорче Петров” Прилеп, ,,The Doctors” учествуваше на државен натпревар, кој беше организиран од страна на ЗДРУЖЕНИЕТО НА МУЗИЧКИ ПЕДАГОЗИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, а истиот се одржа во Кичево.

Дечките освоија 89 поени од можни 100, со што се закитија со ПРВОТО место.

Им честитаме на учениците за постигнатиот резултат, со желби за уште многу освоени награди и убави песни во иднина.

Слушнете ги во продолжение:

Промовиран најновиот роман на Билјана Тинтоска – “Симфонија”

“Симфонија” е насловот на новиот роман од писателката Билјана Тинтоска, кој беше промовиран на 14 мај во СОУ “Ѓорче Петров”.

Промотор на четвртиот по ред роман на Тинтоска беше Габриела Стојаноска Станоеска, а модератор Лидија Ристеска.

Романот е различен од другите. Говори за тоа како човекот се справува со болката заради загубата на блиските и како ја споделува радоста со другите. Романот крик за болката, но и достоинственото носење на сопствениот крст, но и химна на смислата на животот и љубовта.

Романот беше промовиран пред преполна сала и атмосфера полна со љубов.

Честитки за професорката Тинтоска!

ФОТО/Трене Тренески

Хуманитарна забава во “Кафе Пауза” за манастирот Св. Недела во Стровија: Дајте свој придонес за едно од најубавите духовни места во околината на Прилеп

Управата на манастирот Св. Недела кај село Стровија, во соработка со кафе “Пауза” од Прилеп, во петок (17.05) организираат хуманитарна забава, на која ќе се соберат средства за потребите на манастирот.

Забавата ќе започне во 21ч, во омиленото кафуле во населба “Точила”, а за музиката ќе се погрижат од дуото “Леонид бенд”.

Резервирајте на време на телефонскиот број: 078 242 671, забавувајте се и дадете свој придонес во развој на ова прекрасно духовно место.

Нека е напомош на сите!