дома блог страница 133

Ѓорѓи Божинов именуван за генерален секретар на кабинетот на Претседателката Силјановска Давкова, новинарот Момировски ќе биде негов заменик

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова за генерален секретар на својот кабинет го именувала Ѓорѓи Божинов, пратник кој работел во Министерството за земјоделство, а за негов заменик новинарот Горан Момировски.

Од функциите се разрешени генералниот секретар Миле Бошњаковски и неговите заменици Билјана Радева и Тоше Зафиров, кои беа ангажирани во мандатот на доскорешниот претседател Стево Пендаровски.

Божинов е дипломиран правник со речиси тридецениско искуство во областа на правото во земјоделскиот сектор, јавни набавки, програмите за финансиска поддршка и легислативата на Европската унија во овие области. Тој во кабинетот доаѓа од раководна позиција во Министерството за земјоделие.

Момировски пак, е долгогодишен новинар, соработник на Сиљановска во нејзината претседателскa кампањa за изборите во 2019 година.

Освен првите луѓе во кабиентот, претседателката во наредниот период треба да именува и свои советници од областа на безбедноста, меѓународните односи, комуникациите. Имиња не се споменуваат, но се највува дека овие позиции ќе ги заземе дел од академската фела, блиска до Сиљановска.

“Утре може да бидеш и ти” – претстава во изведба на учениците од ООУ “Кочо Рацин” Прилеп, која треба да ја погледнете заедно со вашите деца (ВИДЕО)

Во понеделникот, 13.05. 2024, ученици од ООУ “Кочо Рацин” Прилеп, ја одиграа премиерата на драмската изведба ,,УТРЕ МОЖЕШ ДА БИДЕШ И ТИ”, иницијатива која се реализираше во рамките на проектот ,,Промоција на безбедна училишна средина“, кој пак e поддржан од Фондацијата ПЕСТАЛОЦИ, а е спроведуван под менторство на КоалицијаСЕГА, МЦГО, МЕЃАШИ и СМАРТАП.

Претстава која вреди да ја погледнете заедно со вашите деца:

Прилепските гимназијалци на самиот врв на државниот натпревар по географија

На 26.04 во просториите на Природно научниот факултет во Скопје, се одржа државниот натпревар по географија, на кој учествуваа и ученици од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп кои ги постигнаа следните резултати:

Под менторство на проф. Виолета Проскоска Велкоска:

Втора година:

Софија Настоска – I место
Ивана Атанасоска – II место

Прва година:

Андреј Вршкоски – прва награда
Марија Апостолоска – втора награда
Ивона Топчиоска и Ивана Итова – успешно учество

Под менторство на проф. Александра Ристевска:

Прва година:

Ненад Талески – прва награда
Ева Јашмакоска – втора награда
Тамара Бабаноска – пофалница

Гимназијата „Мирче Ацев“ има традиција на успеси по географија. Тоа го докажуваат и овие ученици со своите ментори.

БРАВО за учениците и за менторите!

Денеска е Св. великомаченичка Ирина

Пенелопа така се викаше пред да се крсти, беше ќерка на некој мал цар, чија престолнина беше некојси балкански град Магедон. Родителите и беа незнабошци.

Во христијанската вера ја воведе некој учител Апелијан, а потоа неа и нејзините дворски дами ги крсти свети Тимотеј, ученикот на апостол Павле.

Света Ирина во срцето се одлучи да живее девствен живот. Кога татко и слушна за тоа, се разлути и сакаше да ја стави на маки, но таа на чудесен начин го обрати во Христовата вера. Подоцна претрпе многу тешки измачувања од неколку цареви. Царот Савориј дури и ја умртви, но Бог повторно ја оживеа.

Нејзината проповед и чудата што Бог ги правеше преку неа приведоа многу незнабошци во Христовата вера. Најпосле, таа самата легна во гроб и му кажа на Апелијан да го затвори гробот. Кога по четири дена го отворија гробот, таа не беше внатре.

Така Бог ја прослави оваа голема маченичка и светителка.

“Наместо инфлуенсерки на гратис одмор, нема да биде поголема реклама ако однесете 10 деца од социјално загрозени семејства?”

Фејсбук статус на Доктор Бојан Трајковски:

-Гледам во последно време нешто е тренд туристичкиве агенции да носат инфлуенцери на одмор веројатно со цел реклама на аранжманите кои ги имаат! Зарем нема да е поголема реклама ако носите на пример 10 деца од социјално загрозени семејства место инфлуенцерите кои одат на одморот! (Без навреда кон нив 💖)

Никој повеќе не го игра орото на ДУИ: Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управниот суд синоќа ги одби како неосновани сите седум тужби од коалицијата „Европски фронт“ против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за прегласување на парламентарните избори 2024.

Со одлуките на Управниот суд се потврдуваат решенијата на ДИК за прегласување во шест избирачки места во петтата изборна единица и едно во шестата изборна единица.

Според Изборниот законик, доколку одлуката за прегласување на едно избирачко место може да влијае на конечните резулатите од изборите, ДИК ќе организира повторно гласање 14 дена од одржувањето на изборите, односно на 22 мај.

Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024. За сите беа оформени предмети и закажани во текот на вчерашниот ден.

НОВ ОПОЖАРЕН АВТОМОБИЛ ВО ПРИЛЕП: Во пожарот зафатено и товарно возило

На 18.05.2024 во 01.40 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во Прилеп било опожарено патничко возило „цитроен“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на З.Ѓ.(58) од Прилеп.

Од пожарот било зафатено и товарно возило „форд“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема.

Увид бил извршен – информираат од СВР Битола.

УЈП со важно потсетување за граѓаните

Управата за јавни приходи ги потсетува граѓаните да направат увид во Годишните даночни пријави (ДЛД ГДП), кои веќе се поставени на системот а се однесуваат за остварени приходи во 2023 година. Секој кој е регистриран на системот ППД – (ujp.gov.mk) има обврска во својот кориснички профил, најдоцна до 31.05.2024 година, да ја потврди или доколку истата не ја прикажува точната слика за износот на остварен доход и платени даноци, да ја  коригира пријавата!

По истекот на овој законски рок, потврдените и Годишните даночни пријави кои не се потврдени, ниту се коригирани ќе се сметаат за конечни, додека коригираните даночни пријави ќе треба да се одобрат од страна на службено лице од Управата за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри коригираната даночна пријава, Управата за јавни приходи ќе донесе решение за утврдување на данокот на личен доход за 2023 година.

Кај обврзниците во чија ДЛД  ГДП се појавува обврска за доплата на данок, по истекот на рокот за потврдување и коригирање, ќе се генерира налог за доплата со фолио број и истиот ќе биде содржан на третата страна во печатењето на даночна пријава(PDF документот). Обврзниците  во чија ГДП се појавува повеќе платен данок, имаат можност во самата пријава  да искажат барање за враќање на данокот.

Управата за јавни приходи, апелира до граѓаните кои оствариле доход во земјава или странство во вид на пари, хартии од вредност, натура или друг вид на доход и се уште не се регистрирани на системот е – Даночни услуги, за да ги исполнат своите обврски за пријавување и плаќање на данок, истото да го сторат во најкраток можен рок.

За дополнителни информации околу исполнувањето на обврските за пријавување на доход , плаќање и поврат на данок можете да се обратите на [email protected].

Утре, бесплатен влез во музејските институции ширум државата

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден на музеите, 18 Мај, датум кој музејските институции низ светот со разновидни активности го одбележуваат од 1977 година.

На овој ден, музеите во земјава традиционално ги отвораат своите врати и овозможуваат бесплатен влез за посетителите кои можат да ги видат актуелните изложби и да се запознаат со движното културно богатство.

Музеите, освен својот придонес како платформа за размена на идеи и знаења, имаат значајна улога во образованието и се афирматори на темите што денес силно го засегаат светот, а кои чекаат да бидат истражени и споделени.

Музејските институции ги поттикнуваат идните генерации на креативен, динамичен и интересен начин да се осврнат на комплексните општествени предизвици на денешницата, да се информираат за причините и последиците од човековото влијание врз природата и да развијат критичко размислување и лична одговорност неопходна за градење одржливо општество.

Меѓународниот ден на музеите традиционално се одбележува секоја година на 18 мај со цел промоција на значењето на музејските институции во современото општество. Денот посветен на музеите е востановен од Меѓународниот совет на музеите – ИКОМ со седиште во Париз.

Прилепчанка останала без пари: Лажен инспектор и’ рекол дека нејзината внука прегазила дете

На 16.05.2024 во 12.30 часот во ОВР Прилеп, 76 – годишна жена од Прилеп пријавила дека била измамена од едно машко лице за сума од 380.000 денари.

Според пријавеното, на 15.05.2024 лицето телефонски ѝ се јавило и, претставувајќи се како полициски инспектор, ѝ кажало дека нејзината внука во сообраќајна несреќа во Охрид удрила дете-мигрант.

Како што е пријавено, тој, исто така, откако ѝ кажал дека родителите на детето барале пари, а доколку не им даде нејзината внука ќе одела во затвор 10 години, таа се согласила и следната вечер во нејзиниот дом дошло женско лице на кое му ги дала парите.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од МВР.