дома блог страница 130

Ќе се чешла ли работата на сите обвинители? Падна и член на Советот на јавни обвинители, и Мемети осомничен за поткупот со врховниот судија Георгиев

Синоќа, по наредба на судија на претходна постапка направен е претрес во Тетово во домот на Иџет Мемети членот на советот на обвинители , и претрес во службените простории на Советот на јавни обвинители.

Сомнежот е дека истиoт заедно со осомничениот судија Наке Горгиев имал влијание злоупотребувајќи ја позицијата член на Советот на јавни обвинители во случајот барање на мито за олеснителни околности за екс градоначалник кој е во притвор.

Иџет Мемети важи за близок до политичка партија од албанскиот политички блок, и беше во два мандати народен правобранител. Тој е и поранешен министер за правда, уставен судија, државен советник во Владата и член на Државната изборна комисија.

Во текот на денот се очекува какви мерки ќе бидат определени против Мемети.

На повидок можност за инвестиции: Коњановски потпиша протокол за соработка со турската индустриска зона “Тире”

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски и Претседателот на Индустриската зона „Тире“ и потпретседател на Стопанската комора на Измир, Метин Акташ, потпишаа протокол за соработка помеѓу зоните „Жабени“ и „Тире“ . Ваквата соработка значи зајакнување на деловните односи помеѓу зоните, како и промовирање, проширување и подобрување на економската соработка преку трговија и инвестиции меѓу нивните соодветни деловни заедници.

Страните меѓусебно ќе помагаат и ќе придонесат кон поттикнување и проширување на комерцијалните и трговските врски меѓу претприемачите од двете земји, ќе помагаат во склучувањето на билатерални заеднички инвестициски шеми и нивно учество во трети земји. Таквата помош ќе се прошири и на консултантски услуги, а индустриските зони меѓусебно ќе си помагаат и во организацијата и учеството на национални изложби, меѓународни трговски саеми, специјализирани изложби, економски и технички саеми, информативно биро, симпозиуми, конференции или слични настани што се одржуваат во нивните зони со цел да се подобри и прошири економската соработка.

Потпишаниот документ, има за цел да ја зајакне воспоставената добра соработка помеѓу Битола и Измир, за што потврдува и првата инвестиција од Измир, односно Турската компанија за производство на лифтови „ARLIFT“, која заедно со бизнис партнери од Битола, одлучи да инвестира во Индустриската зона „Жабени“, после презентацијата на инвестициските можности, од страна на директорот на зоната, Владо Талевски, во ноември минатата година.

Градоначалникот на општина Битола, за време на посетата на Турција, се сретна и со градоначалникот на Измир, Џемил Тугај и градоначалникот на Тире, Хајати Окуроглу, со кои беа разменети искуства од досегашното работење, а беа претставени и идните планови за економски напредок на градовите.

Покрај градоначалникот на општина Битола, делегацијата од Пелагонискиот регион, која ја посети Турција, ја сочинуваа и градоначалниците на Прилеп и Новаци, како и претседателите на Стопанските комори од Битола и Прилеп, директорот на индустриската зона „Жабени“ и други претставници на деловната заедница.

Најпознатиот спортски новинар Романо открива: Столе Димитриевски се сели во поранешниот шпански гигант

Најпознатиот спортски новинар Фабрицио Романо пишува дека македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски е пред трансфер во Валенсија.

Според информацијата тој ќе потпише договор до јуни 2028 година.

Некогашниот шпански гигант се одлучил за нашиот најдобар голман, поради се поизвесното заминување на Грузиецот Мамардашвили, кој е пред трансфер во Њукасл или Атлетико Мадрид.

Maкедонскиот пливачки маратонец Евгениј Поп Ацев примен во меѓународната „Куќа на славните“ – Признанието го доби во Мексико

Maкедонскиот пливачки маратонец, Евгениј Поп Ацев викендов на 18-ти мај доби големо признание откако беше примен во меѓународната пливачка „Куќа на славните“.

Признанието Поп Ацев го доби во мексиканскиот град Какунг. Низ кариерата Поп Ацев забележа големи успеси на маратонските трки, па сосема заслужено доби место во елитното друштво.

Во професионалната кариера тој од 2007 до 2014 година настапи на 106 настани од светската класа.

rbt

Судскиот совет му го одзема имунитетот на врховниот судија Георгиев и одобри негов притвор

Судскиот совет на Република Северна Македонија на итната седница на полноќ му го одзема имунитетот на врховниот судија Наќе Георгиев со што го одобри неговиот притвор, а го оддалечи и од вршење на судиската функција.

Како што соопштија од Судскиот совет, на 487-та итна седница одржана на ден 21 мај 2024 година, Советот расправаше и одлучуваше по барање на Основен кривичен суд Скопје за одземање на имунитет на судија и за одобрување на притвор на судија.

-Судскиот совет, го одзема имунитетот на судија на Врховниот суд на РСМ, заради непречено водење на кривичната постапка. Го одобри барањето за одобрување на притвор на судија на Врховниот суд на РСМ поднесено од судија на претходна постапка на Основниот кривичен суд Скопје и времено го оддалечи од вршење на судиската функција судијата на Врховниот суд на РСМ, до правосилно завршување на кривичната постапка, се наведува во соопштението.

Георгиев вчера беше уапсен за примање примање награда за против законито влијание, а како што соопшти полицијата, бил лишен од слобода додека го вршел кривичното дело.

Цаци сака да биде Претседател на СДСМ

Размислувам да се кандидирам за претседателка на СДСМ, но конечната одлука ќе ја донесам откако ќе биде започната постапката, изјави актуелната министерка за одбрана Славјанка Петровска за Фокус.

Покрај неа, како што пишува најновиот број на неделникот „Фокус“, како можни претседателски кандидати на СДСМ се споменуваат и Зоран Заев, Стево Пендаровски, Оливер Спасовски, Венко Филипче…

Анета и Спасен кренаа и старо и младо на оро во прилепско Ново Лагово (ФОТО/ВИДЕО)

Вчера (19.мај), во прилепско Ново Лагово се одбележаа 5-години од осветувањето на црквата Св. Петка.

Во храмот ќе се служеше света литургија, а потоа следуваше богата музичка програма за која се погрижија естрадните пејачи Спасен Силјаноски и Анета Љумаковска, заедно со oркестарот “Маестрал”.

Голем број прилепчани уживаа во убавото време, ечеше песна и се виеше убаво македонско оро.

Да им живее традицијата уште многу, многу години!

Овој прекрасен црковен храм беше осветен на 19.05.2019 година, а со чинот на осветувањето тогаш чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско-пелагониски господин Петар.

Темелите на црквата во ова населено место беа поставени и осветени во 2001 година.

Maтуранти за мерак: Цела генерација во еден глас ја пее “Заветна” (ВИДЕО)

Слушнете како матурантите од ОСУ “Мирко Милески” Кичево во еден глас заедно со “Инструментал бенд” ја пееја ,,Заветна”…

Честито матура дечки!

Ова се новите цени на горивата, oд полноќ поевтинуваат сите деривати

Горивата од полноќ ќе се продаваат по пониска цена, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Цената на ЕУРОСУПЕР 95 ќе се намали за 1,5 денари, и од утре ќе се продава по 83 денари по литар. Цената на ЕУРОСУПЕР 98 од утре ќе се изнесува 85,5 денари, што е намалување за 1 денар. За 1 денар ќе има намалување на цената на ЕУРОДИЗЕЛ и ќе се продава по 73 денари по литар.

Намалување има и кај екстра лесното масло за домаќинство за 1 денар и ќе се продава по 72,5 денари, а мазутот поевтинува за 0,3 денари и ќе се продава по 42,6 денари по килограм.

Фатени на дело: Двајца млади прилепчани краделе на плац од фирма, а потоа нападнале и полициски службеник

На 19.05.2024 во 22.00 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Б.С.(27) и Д.Д.(22), двајцата од Прилеп.

Тие биле затекнати при извршување на „тешка кражба“ од плац на правно лице од Прилеп.

Притоа, тие физички нападнале полициски службеник кој не бил на работа, а го пријавил настанот.

Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава – информираат од СВР Битола.