дома блог страница 124

Ова што се случува со нашата младина е страшно! Малолетници нападнати од врсници во Градски парк во Битола, еден од нив се заканил со нож

На 27.05.2024 во СВР Битола, Е.М. (40) од Битола пријавила дека во Градскиот парк во Битола, нејзиниот малолетен син и неговите другари биле физички нападнати од неколку малоленици кои ги познавале, при што еден од нив со остар премет се заканил на нејзиниот син.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот – информираат од СВР Битола.

Oригинална идеја! Битолските матуранти со Југото на Мими отидоа на прослава, а патем раскажаа еден куп згоди и незгоди (ВИДЕО)

Познатиот водител, музичар, композитор, аранжер, аудио техничар… Мими Маркоски, или дечко кој го бива за се’ како што ќе кажат битолчани, отсекогаш имам брилијантни идеи, а изминатиот период стана посебно популарен со емисијата “Југото на Мими”.

За тие малкумина кои не знаат, се работи за емисија каде се промовираат урбани ликови од Битола и регионот, а епизодите имаат огромна публика на јутјуб.

Во најновата епизода Мими ги повика матурантите од битолските средни училишта, да ја искористат можноста и со неговото Југо да отидат на матурските прослави.

Дотерани, погодени, битолските матуранти се расприкажаа како го поминале четиригодишното средно образование, раскажаа за многу згоди и незгоди, како и за периодот кога наставата се одвиваше онлајн.

Проследете во продолжение:

Прилеп или Еурофарм Пелистер?! Сабота е ден за одлука, нека биде полна сала во “Ричко”

Плеј-аут разигрувањето во ракометната Супер лига никогаш не било поинтересно и понеизвесно. Во сабота на 1. јуни се игра последното коло, а РК Прилеп и втората екипа Еурофарм Пелистер ќе одлучуваат за првото место.

И двете екипи влегуваат во последниот натпревар со ист број бодови – по 33. Прилепчани како своја предност ќе го имаат домашниот терен и сигурно полна сала во “Ристе Ристески – Ричко”.

Не постои простор за калкулации, па победата ќе биде императив за прилепчани. Не само да се обезбеди првото место и сигурен опстанок во елиатата, туку и поради опасноста Куманово да победи на гости кај Мулти Есенс и да им го загрози на прилепчани дури и второто место на табелата.

Натпреварот РК Прилеп – Еурофарм Пелистер 2 се игра со почеток од 16:00 часот.

37 години подоцна Драган Бјелогрлиќ заигра со Светлана Бојковиќ – сцена како од “Бољи живот” која ќе предизвика носталгија кај илјадници (ВИДЕО)

Серијата „Бољи живот“ беше премиерно прикажана во 1987 година, а и денес се реприза на повеќе балкански телевизии.

Важи за една од најдобри серии во регионот, а ликовите на Ема Попадиќ и Гига Моравац, кои маестрално ги играат Светлана Бојковиќ и Марко Николиќ, нема некој на кој не им беа драги.

Приказната во серијата го пренесуваше животот на семејството Попадиќ, Ема и Гига, како и нивните деца, а сцената која деновиве ги освои социјалните мрежи, предизвика носталгија кај повозрасната публика.

Младиот актер Алексеј Бјелогрлиќ, син на познатиот продуцент и актер Драган Бјелогрлиќ, го снимил својот татко како игра со глумицата Светлана Бојковиќ.

Ова снимка ги потсети многумина на сцена од серијата, каде Драган Бјелогрлиќ (во серијата Боба) беше син на Светлана Бојковиќ (во серијата Ема).

И тоа се случи: Ахмети во опозиција по 16 години (ФОТО)

Првиот човек на интегративците од Мала Речица, Али Ахмети, на денешната Конститутивна седница за првпат по 16 години седна на опозициско место во Собранието.

Ахмети е во опозиција со нивниот доскорешен коалициски партнер СДСМ. Партијата на Ахмети, ДУИ досега само еднаш беше во опозиција од 2006 до 2008 година кога ВМРО-ДПМНЕ формираше Влада со тогаш неговиот лут опонент, ДПА.

Над 1400 пушки од Балканските војни пронајдени во касарните во Битола

На 27.05.2024 во СВР Битола било пријавено дека во 14.30 часот во објект на Противпожарната единица, лоциран во Старата касарна, биле пронајдени 1.408 пушки со потекло од Балканските војни.

Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола безбедно ги подигнал пушките за понатамошна постапка.

Девојката од прилепско Лажани и настината беше најдобра на сцената: Еве како се пласираше во големото финале на “Ѕвездите на Гранд”

Мелиса Зијадиќ, 18-годишната девојка од прилепско Лажани, и болна успеа да се пласира во финалето на балканското шоу “Ѕвездите на Гранд”

Mладата пејачка за која навива цел Прилеп, и овој пат со својот талент ги освои симпатиите во „Ѕвездите на Гранд“.

Таа настапи во дуел со Антонија Черкез и бидејќи имаа еднаков број гласови ги одмерија „силите“ и во акапела пеење.

Мелиса избра македонска народна песна и за нијанса беше подобра така што се пласираше директно во полуфиналето.

Шармантната млада дама од прилепското село Лажани беше пресреќна, а и Цеца не го криеше воодушевувањето.

Ѓорѓе Давид имаше убав коментар и на Мелиса и’ порача дека Македонија може да се гордее со неа, истакнувајќи дека гласал за неа бидејќи пеела многу потежок програм од кандидатката со која што настапуваше во дуелот, но и затоа што ова било најголем напредок за неа досега во шоуто.

Изведбите на Мелиса можете да ги погледнете ТУКА

Повеќе улици во Прилеп, утре 6 часа ќе имаат прекин на електричната енергија

Регионалниот центар за управување со кризи Прилеп информира по добиено известување од ЕВН дека утре (среда), 29.05.2024год, од 09 до 15 часот, корисниците на следните улици во општина Прилеп ќе имаат прекин на електрична енергија:

“Велешка”, “Ѓорѓи Абаџиев”, “Дабнички Завој”, “Васил Главинов”, “Кобаш”, “Сремски Фронт”, “Авала”, “Богомила” и “Дојранска”.

На 30 јуни СДСМ ќе избира наследник на Таче на внатрепартиски избори

Извршниот одбор на СДСМ на вчерашната седница донесе Одлука за распишување вонредни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ на 30 јуни 2024 година (недела), по повлекувањето на Димитар Ковачевски од функцијата.

-Согласно роковите во Статутот на партијата ќе има доволен период за подготовка на кандидатурите и програмите, претставување на кандидатите пред членството и активна регистрација, стои во соопштението од партијата.

Воедно, се наведува дека на седница којашто ќе се одржи в четврток, 30 мај 2024 година, Централниот одбор на СДСМ треба да го усвои Правилникот за критериумите, начинот и роковникот за спроведување на постапката на највисоко демократско ниво од страна на Централната изборна комисија.

Пред одржување на седницата прашан дали ќе се кандидира за нов мандат за претседател на партијата, Ковачевски отсечно одговори дека нема да се кандидира.

Фатмир Битиќи кој исто така поднесе оставка од потпретседателската функција во СДСМ, прашан дали планира да поднесе кандидатура за челната позција, вели, дека е се уште рано за тоа.

-Се уште е рано, сметам дека секој еден социјалдемократ денеска е фокусиран во иднината на социјалдемократијата. Тоа е најбитно, а за функциите, секако, членството одлучува кој е најдобриот избор, вели Битиќи.

И Петре Шилегов, смета дека е се уште рано да се разговара за кандидатура и оти приоритет е како да се запрат, како што вели, ретроградните процеси кои се веќе започнати во општетството.

– Мислам дека е се уште прерано воопшто да се разговара за тие процеси. Моето лично размислување е дека СДСМ во периодот кој следи треба да се врати кон корените на сопствените политики, повторно да стане привлечно тело за прогресивниот дел од македонската јавност затоа што некои процеси кои се веќе започнати во нашто општество се и тоа како ретроградни и т, и тоа како можат да ја вратат државата назад. СДСМ како и секогаш мора да биде исправен пред тие предизвици со цел да го спречиме ретрпградниот процес во македонското општетство, вели Шилегов

На новинарско прашање и спикерот на Собранието и член на СДСМ Јован Митрески, пред седницата изјави дека нема намера да се кандидира за претседател на партијата.

Славјанка Петровска и Јован Деспотовски веќе потврдија дека планираат да поднесат кандидатура, а во медиумите како можни кандидати за претседател на СДСМ се спомнуваат и Венко Филипче и Стефан Богоев.

На седницата на 22 мај Димитар Ковачевски и формално поднесе оставка од лидерската позиција. Извршниот одбор на СДСМ ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на јуни во транспарентна и демократска постапка.

Е вака се оди на матура! Ученик во земјоделско училиште пристигна на прославата со вистинска “лимузина” (ВИДЕО)

Матурант од земјоделското училиште во Брчко, Босна и Херцеговина, го привлече вниманието на целиот Балкан.

На матурската прслава одлучил да дојде на посебен начин, односно со трактор.

Како што пишуваат медиумите во Босна, се работи за Мурис Фуско, кој во тракторот седел облечен во елегантно одело со црвена кравата.