Постојат викенди што минуваат незабележливо… и постојат оние што се паметат по атмосферата, по музиката и по луѓето со кои сте ги споделиле. Викенди кога времето застанува барем на момент, а секоја нота носи емоција повеќе. Токму такво доживување ве очекува во Ресторан Порта – место каде што добрата храна, пријатниот амбиент и внимателно избраната музика создаваат совршен спој.
Овој викенд не е обичен. Тој носи две вечери исполнети со искрена емоција, македонски мелос и музика што се слуша со срце.
🎶 Во петок (20.03.), сцената им припаѓа на маестралните Лидија Паскова и Ване Биков од ОРИЕНТАЛ бенд – вечер исполнета со безвременски македонски песни, топлина и ритам што допира до душа.
🎤 Сабота е резервирана за енергијата што ги спојува луѓето – Група МАРИФЕТ, состав кој секоја дружба ја претвора во вистинска прослава, со музика што се пее и се памети.
✨ Дозволете си викенд што ќе го раскажувате. Соберете ги пријателите, резервирајте ја вашата маса и бидете дел од приказната во Порта.
Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија на денешната седница го избра Епископот Велички г. Никола за Митрополит Австралиско-новозеландски.
Новоизбраниот Митрополит Никола е роден во 1974 година во Скопје. Дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во Скопје. Остварува двогодишен студиски престој на Катедрата по византологија на Карловиот универзитет во Прага, каде се образува во областа на средновековната литература.
Замонашен е во манастирот „Свето Преображение“ во Зрзе во 1998 година. Истата година е ракоположен во ѓаконски чин, а идната година во свештенички чин. Ракопроизведен е во игуменско достоинство во 2006 година и поставен е за старешина на манастирот „Свети Никола“ во Мариово. Од почетокот на 2008 година активно се посветува на ревитализацијата на овој манастирски комплекс, се прават редица конзерваторско-реставраторски зафати во црквата, се обновува богослужбениот и духовниот поредок, се развива манастирската економија.
Во 2008 година на Богословскиот факултет на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Софија го одбрани магистерскиот труд „Придонесот на руското духовништво за црковниот живот во Македонија во 20-иот век“, кој е објавен на македонски и руски јазик. Докторант е на истиот факултет.
Во 2012 година е ракопроизведен во чин архимандрит.
Во 2023 година е избран за викарен архијереј на Преспанско-пелагониската епархија, со титулата епископ Велички, а во 2024 година во соборниот храм „Свети великомаченик Димитриј“ во Битола е ракоположен во епископски чин.
Објавува текстови и учествува на научни собири и конференции во Македонија и вон државата на теми од областа на средновековна и понова црковна историја, агиографија и црковна книжевност. Член е на повеќе значајни архиепископски и епархиски црковни тела и органи.
Австралиско-новозеландска епархија е една од 15-те епархии на Македонската православна црква. Таа е една од четирите епархии надвор од Македонија и има јурисдикција за териториите на Австралија, Нов Зеланд и териториите околу нив. Од 1995 година администратор на епархијата е Митрополитот Преспанско-пелагониски Петар.
По повод Светскиот ден на Таи Чи и Чи Гонг (World Tai Chi and Qigong Day), во просториите на Школата за трудници при ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ во Прилеп се одржа настанот „Спокојни почетоци“, во организација на УНФПА, Амбасадата на Народна Република Кина во Скопје и Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари, во соработка со болницата.
Настанот беше посветен на унапредување на здравјето и благосостојбата на бремените жени, со акцент на Таи Чи како безбедна и ефикасна практика за време на бременоста. Идните мајки и нивните партнери имаа можност да се запознаат со придобивките од оваа древна техника, која ги обединува нежното движење, правилното дишење и менталната релаксација.
Трудниците имаа можност да се запознаат со придобивките од оваа древна техника преку стручни предавања и практична сесија водена од сертифициран инструктор, како и да добијат едукативни материјали за примена на здрави навики и во домашни услови.
-Како Одделение за гинекологија и акушерство, остануваме посветени на воведување современи и сеопфатни пристапи за грижа за здравјето на жените, со цел да обезбедиме најдобар можен почеток за секое ново семејство, вели Д-р Билјана Кржеска, началник на прилепска гинекологија.
Во Домот на културата Марко Цепенков во Прилеп се одржа едукативен и разигран хепенинг посветен на оралното здравје, под мотото „ЧЕТКАЈ-БЛЕСКАЈ“, а во организација на ЈЗУ „Општа болница со проширена дејност“ – Прилеп.
Настанот, кој беше дел од одбележувањето на Светски ден на оралното здравје, обедини голем број ученици од основните училишта, дечињата од градинките „Наша иднина“, како и учесници од приватните едукативни центри. Со заедничка енергија и ентузијазам, тие испратија силна порака за важноста на редовната грижа за забите и оралната хигиена.
Посебен белег на настанот даде богатата и креативна програма, во која настапија учениците од Германски јазичен центар ERFOLG, како и ученици од основните училишта и други организации, кои преку музика, игра и едукативни содржини го збогатија настанот.
Во својот поздравен говор, д-р Јулијана Стевананџија истакна дека оралното здравје не е само прашање на естетика, туку суштински дел од целокупното здравје и благосостојба на човекот. Таа нагласи дека грижата за оралната хигиена кај децата претставува инвестиција во нивната иднина, овозможувајќи им здрав развој, самодоверба и поквалитетен живот.
„Здравата насмевка не е само одраз на убавината, туку и огледало на грижата што им ја посветуваме на најмладите“, порача таа, изразувајќи голема благодарност до сите кои придонесоа за реализација на настанот.
Хепенингот имаше волонтерско-донаторски карактер и беше реализиран со поддршка од превентивните стоматолошки тимови, наставниците, директорите, родителите и општина Прилеп, како и бројни општествено одговорни компании и организации. Посебна благодарност беше упатена и до Институт за јавно здравје на Република Македонија, со чија поддршка за првпат беше промовиран нов едукативен флаер за орално здравје.
Со позитивна енергија, насмевки и силна едукативна порака, настанот „ЧЕТКАЈ-БЛЕСКАЈ“ уште еднаш потврди дека грижата за здравјето започнува од најмала возраст – со четка, навика и знаење. Организаторите изразија надеж дека оваа иницијатива ќе прерасне во традиција, која секоја година ќе ги обединува најмладите во името на здравата насмевка.
-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против З.С.(59) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 22.02.2026 во својот дом, пријавениот се обидел со остар предмет да ја нападне неговата сопруга, информираат од МВР.
-На 18.03.2026 во 06:50 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на крстосница од ул.„Пере Тошев“ и ул.„Димче Антулески“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.К.(22) и електричен тротинет, управуван од М.Д.(41), двајцата од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Д., констатирани во Општа болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп, информираат од МВР.
Ако се следат цените на суровата нафта на светските берзи, веројатно во понеделник ќе не чека ново и тоа значително поскапување на горивата. Цената на суровата нафта на светските берзи утрово надмина 117 долари за барел што е највисока цена на пролетта во 2022.
Во моментов цените на горивата се 86,5 денари за литар бензин и 92 денари за еден литар дизел.
Компанијата ОКТА минатата недела им одобри попуст на своите добавувачи од 2 денари по литар па бензинските пумпи кои го купуваат ова гориво нудат цени кои се 2 денари пониски од максималните.
Но тоа веројатно нема да значи многу кога во понеделник ќе се носи новата цена, особено ако трендот на силен раст на цената на суровата нафта продолжи со ист интензитет.
Во таков случај веќе од вторник би можеле да возиме дизел кој ќе надминува 100 денари за литар.
Владата најави дека планира намалување на стапката на ДДВ од 18 на 8% но до овој момент мерки се уште нема.
Собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади го проследи Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување на натамошна постапка во Собранието. Со измените, по скратена постапка, се предлага зголемување на сите пензии за 1.000 денари од 1 март годинава.
Пратеничката Ангелинка Петкова од ВМРО – ДПМНЕ посочи дека тоа е четврто изменување на законот, а пензионерите да добија зголемување од 7.000 денари во неполни две години.
– Со овие законски измени се предвидува четвртото покачување на сите пензии од 1.000 денари за сите пензионери кои го оствариле правото на пензија до 28 февруари 2026 година, од 1 март да добијат дополнтелни 1.000 денари. Со овие законски измени Владата на Република Македонија ја оствари својата стратешка цел да го подобри стандардот на сите пензионери и овој бенефит од 7.000 денари вкупно покачување на пензиите досега ќе го почуствуваа над 320.000 пензионери, рече Петкова.
Новото законско решение, според пратеничката Имрлије Салиу-Фетаи од движењето БЕСА, има за цел подобрување на стандардот за пензионерите.
– Со овие законски измени како што ветивме и ги реализиравме тие ветувања. Сега сме во последната фаза на реализирање на зголемување на пензиите за 7.000 денари. Претходните фази резултираа со зголемување двапати од по 2.500 денари, сега имаме второ линеарно зголемување за 1.000 денари за сите категории на пензионери. Факт кој има големо значење кај пензионерите и ќе има придобивки за намалување на сиромаштијата, рече Салиу – Фетаи.
Се уредува просторот зад зградата на СВР Битола, односно парцелата која беше неорганизирана земјена површина – информираат од Општина Битола.
Партерното уредување со бехатон плочки е на површина од околу 800 м2, а проектот вклучува и решение на канализацијата, односно преку собирни одводни решетки, насобраната атмосферска вода ќе се одведува од партнерната површина.
Вкупната сума за реализација на овој проект е околу 2,3 милиони денари, a изведувач на работите е ЈП „Нискоградба“.
Општина Битола ќе продолжи со уредување и на други простори од каде што беа отстранети гаражи и ќе се направат нови паркинг простори како што се кај „Овчи Пазар“, кај „Ат Пазар“, кај местото викано „Хеликоптерот“, кај „Кифлата“ и локацијата каде што беше поранешен финансов во близина на „Дрвен Пазар“ – стои во соопштението од општината.
Денеска четврток (19.03.), со почеток од 12 часот, во Домот на културата “Марко Цепенков”, службата за детска и превентивна стоматологија од ЈЗУ “Општа болница со проширена дејност”-Прилеп организира хепенинг за промоција на оралното здравје, под мотото”ЧЕТКАЈ-БЛЕСКАЈ”.
Настанот првично беше закажан да се одржи на платото под Градскиот Саат, но поради временските прилики истиот ќе се одржи во Домот на културата.
Настанот е дел од одбележувањето на светскиот ден на оралното здравје. Истиот е масовно поддржан со учество на учениците од основните училишта, дечињата од градинките “Наша иднина” и приватните едукативни центри од градот.
Хепенингот има волонтерско-донаторски карактер благодарение на вработените во превентивните стоматолошки тимови, директорите, наставниците, децата, донаторите и општина Прилеп.
-Голема благодарност кон сите нив. ВЕ покануваме да се дружиме, забавуваме, да учиме и да уживаме.
Дојдете, научете се за вашето орално здравје и насмевнете се со нас – велат организаторите.