дома блог страница 106

Проверете и реагирајте навреме! Ова е планот за поставување “лежечки полицајци” во Прилеп, во тек е увид

Поставување на технички средства за забавување на сообраќајот на улици во Општина Прилеп во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во Република Северна Македонија

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект (ЕИП) при Министерството за транспорт со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Прилеп аплицираше со проект за Поставување на технички средства за забавување на сообраќајот на улици во Општина Прилеп.

Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка  за Проектот, беше подготвен документ “Контролна Листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.

Документот “Контролна Листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” е ставен на јавен увид на 24.07.2025 година официјалните веб страници на:

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.

Единица за Имплементација на Проект за поврзување на локални патишта

Министерството за транспорт

ПРЕЗЕМИ образец-за-коментари

ПРЕЗЕМИ Известување-за-јавен-увид

ПРЕЗЕМИ Контролна Листа на ПУЖССА – општина Прилеп

Приведени возачи од Битола и ресенско, управувале возила со 1,87 и 1,86 промили алкохол во организмот

На 25.07.2025 во 00.08 часот на крстосница составена од ул.„Филип Втори Македонски” и ул.„Баталјон Стив Наумов” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Р.К.(44) од Битола. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „ровер” со битолски регистарски ознаки, кое го управувал Р.К., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,87 промили алкохол во крвта.

На 25.07.2025 во 00.15 часот на ул.„Борис Кидрич” во Ресен полициски службеници од ОВР Ресен го лишиле од слобода Н.Т.(44) од с.Јанковец,ресенско. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило„хјундаи” со ресенски регистарски ознаки, кое го управувал Н.Т., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,86 промили алкохол во крвта.

Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.

Огромно спортско признание! “Про Бокс Македонија” стана полноправна членка на CISBB – Меѓународната организација за развој на боксот

Здружението за професионален бокс PRO BOX MACEDONIA стана членка на CISBB – WBC – Меѓународната организација за развој на боксот на земјите од ЗНД, словенските и балтичките држави.

Здружение за професионален бокс Про Бокс Македонија – PBM, кое е и полноправна членка на Европската боксерска унија (EBU), официјално стана дел од CISBB – Меѓународна организација за развој на боксот на земјите од ЗНД, словенските и балтичките држави, под покровителство на Светскиот боксерски совет (WBC).

Со овој значаен чекор, “Про Бокс Македонија” се приклучува кон меѓународна мрежа која ги обединува земјите од Заедницата на независни држави (ЗНД), словенските и балтичките држави, со цел заеднички развој и промоција на професионалниот бокс. ЗНД е регионална организација формирана по распадот на СССР и ги опфаќа Русија, Белорусија, Казахстан, Узбекистан, Киргистан, Таџикистан, Ерменија, како и земји со посебен статус како Молдавија и Азербејџан.

„Членството во CISBB е големо признание за нашата работа и поттик за понатамошен развој. Веруваме дека ова партнерство ќе донесе нови можности за македонските боксери и подобра интеграција на нашата земја во европската и светската боксерска сцена,“ изјавија од “Про Бокс Македонија”.

CISBB, како меѓународна јавна организација под покровителство на WBC, обезбедува силна платформа за развој на боксот преку регионални шампионати, рејтинзи и организирање настани со високи стандарди.

Седлоски прави чуда на клупата на Вардар: “Заслужено победивме, но нè чека реванш”

Тренерот на Вардар, Гоце Седлоски, оцени дека триумфот над Лозана синоќа во Скопје е апсолутно заслужен, но посочи дека неговиот тим за една недела го очекува реванш и оти противникот сè уште ја има фаворитската улога.

„Тоа што го најавивме дека ќе има добар меч го остваривме. Мислам дека заслужено победивме. Најавивме дека ќе играме офанзивен фудбал и тоа го остваривме на теренот.Единствено не сум задоволен од тоа како влеговме во првите десетина минути во второто полувреме, но не треба да се заборави дека имавме тежок ривал од Швајцарија со голем буџет“, рече Седлоски по натпреварот.

Вардар до победата во рамки на првиот натпревар од 2 квалификациско коло во Конференциската лига дојде со головите на Мато (45+2) и Омерагиќ (78), додека голот за Лозана го постигна Диаките (58).

„Тука не застануваме. Лозана и натаму ја има улогата на фаворит, но ние ќе работиме ќе се подготвуваме да ја оствариме целта и во реваншот. Благодарност и до публиката која беше наш 12. играч. Постојано не бодреа и ние им подаривме триумф“, додаде Седлоски.

Реваншот во Лозана е закажан за 31 јули со почеток во 20:15 часот.

Бидете дел од големата забава! Свечено отварање на KAZZINO MOZZART во Прилеп – Андријана Петрушовска, диџеј, многу забава и изненадувања

Големо отворање на KAZZINO MOZZART во Прилеп!

Настапува Андријана Петрушовска со бендот и DJ Пуци, а ве очекуваат и бројни изненадувања!

KAZZINO MOZZART, вашето ново омилено место за забава и најголеми добивки во градот!

📅 Бидете дел од свеченото отворање на клубот во Прилеп, на 30 јули (среда) од 20 часот.

🤑 Ве очекуваат многу ваучери за игра, лотарија (15 х 1.000 MKD), бројни изненадувања и локални џекпот добивки до 5.000 MKD!

🎤 За забавата и одличната атмосфера ќе се погрижи Андријана Петрушовска со бендот и DJ Пуци, а ќе има и бесплатни пијалоци и закуска.

Дојдете да прославиме заедно, уживајте во играта и забавата и освојте големи добивки.

📌 Ве чекаме во Kazzino Mozzart, веднаш до ресторан Македонска Куќа.

(ФОТО/ВИДЕО) Вистинско чудо! После 14 неуспешни ин витро обиди, на 47 години стана мајка благодарение на “Плодност”

Жена на 47-годишна возраст, по 14 нуспешни ин витро обиди, конечно стана мајка благодарение на болницата и тимот во болницата “Плодност” во Битола.

-На 47 години по 14 НЕУСПЕШНИ ИВФ ОБИДИ ВО СТРАНСТВО И СО ПОСЛЕДНА НАДЕЖ ВО “ПЛОДНОСТ”, ДЕНЕС СТАНА МАЈКА НА ПРЕКРАСНО ДЕВОЈЧЕ. После долга и макотрпна борба со неплодност и точно 14 неуспешни ин витро обиди во Турција, Чешка и Белгија, оваа пациентка на 47 години дојде кај нас со последна надеж. Успешното ин витро кај нас денес ѝ го подари најголемото богатство, здраво женско новороденче. Некои чуда се прават со знаење, истрајност и вера. Ова е едно од нив. Здраво и живо да е, да расте со љубов и среќа – напишаа од болницата на социјалните мрежи.

Бране од Куманово во Америка го промовира Прилеп (ФОТО)

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, кој преку програмата “Аmerican Council for young political leaders” на американската амбасада, e во посета на САД, се фотографираше во Зоолошката градина Space Farms Zoo & Museum во Њу Џерси, како што пишува, со сенаторот Паркер Спејс и поранешниот долгогодишен сенатор Стивен Орохо.

Она што паѓа во прв поглед е логото на општина Прилеп на пакетчињата кои Американците ги држат во раце на фотографијата, истите оние ќеси со промотивен материјал за Прилеп со кои се пречекуваат гости во општината, се наградуваат поединци, граѓани, организации…, или градоначалникот на општината ги носи со себе при работни посети во земјата и странство.

Убав потег на пратеникот од Куманово, кој важи за еден од првите гласноговорници на владеачката партија.

Сепак, граѓаните коментираат на социјалните мрежи, како овој промотивен материјал се нашол во САД, ако се има во предвид дека станува збор за собраниска делегација, а не општинска…

13 премиери за неполни 11 месеци во Битолскиот театар, најновата „Рибарски караници“ ќе се одигра вечерва на Ротинското езеро

По повод премиерата на комедијата под ѕвездено небо, „Рибарски караници“ на 25. јули, петок, на Ротинското езеро, се Битолскиот театар одржа прес конференција. Се работи за 13.премиера за сезоната 2024/ 2025 година. Овој текст се поставува по трет пат на сцената на Битолскиот театар.

„За прв пат во 1957, со одиграни 25 претстави, вкупно публика 6897, по втор пат во 1992 со 36 одиграни претстави, 14000 вкупен број на публика. Наш предизвик е да ги надминеме овие бројки, во овој состав и време да биде една од актуелните претстави кои ќе може битолската публика да ги погледне. Магијата која ја нуди ова езеро, самиот национален парк Пелистер, за нас беше предизвик да направиме претстава која ќе биде малку поразлична од се она што досега сме го правеле. НТБ за прв пат во својата историја покрај Хераклеја, Охридско лето, Стоби, каде сме играле на отворено, поставуваме претстава која е на ваква автентична локација“, информираше директорот Васко Мавровски.

Претставата е во режија на Јован Ристовски, и во истата играат: Никола Стефанов, Јулијана Мирчевска, Никола Пројчевски, Соња Ошавкова, Петар Горко, Марија Цветановска, Леонида Гулевска, Валентин Дамчевски, Елена Моше, Живко Борисовски, Петар Спировски, Александар Димитровски, Илина Чоревска, Катерина Аневска – Дранговска и Марија Стефановска.

„Имавме пријатели, колеги кои гледаа дел од пробите, и нивниот впечаток е дека освен комичната приказна која се раскажува, има нешто што луѓето ќе го забележат. Сите актери храбро влегоа во овој процес каде од тој комичен аспект на текстот, претставуваат и карактери кај кои ќе видиме и негативни особини. Ова е храбра претстава и иако е како театарски жанр комедија, е и сатира во некои сцени. Ликовите без разлика што се случува меѓу нив, на крај наоѓаат едно меѓусебно човечко разбирање кое треба да покаже дека таа љубов и емпатија меѓу народот недостасува“, рече Ристовски.

„Ова ми е трета премиера во НТБ, чувството е преубаво. Имавме забавен процес на работа“, истакна Марија Цветановска.

Драматург на претставата е Билјана Крајчевска.

„Текстот е доста интересен кој иако е пишуван одамна, како да е напишан во денешно време, иако ние го избегнуваме оној дел на класните разлики, се фокусираме на љубовта, човечноста, недоразбирањата, корупцијата, моќта и слично. Режисерот заедно со актерите го направија препевот на овој текст, и се зборува на дијалекти од западна, источна, југозападна Македонија“, рече Крајчевска.

Сценографијата е на Валентин Светозарев, костими Андреј Ѓоргиевски, композитор на музика Александар Димовски, светло мајстор Игор Мицевски, инспициент Оливер Петровски, суфлер Гордана Михајловска, продуцент Димитар Михајловски.

„Предизвикот беше голем да се прифати да се биде продуцент на претставата, мислам дека овој ми е најдобар проект досега што го имам направено, работевме напорно изминатите месец и половина и претставата навистина вреди да се погледне“, додава Михајловски.

Битолскиот театар со поддршка од Општина Битола, го реконструираше патот кој води до езерото, туристичка атракција на која за прв пат ќе се одигра театарска претстава. Уште еден доказ дека театарот го менува светот.

Под отворено небо, крај езерото, се сретнуваат љубовта, смеата и јазикот на Карло Голдони во прекрасната комедија. Следната изведба е на 26. Јули, сабота од 20 часот. Досега 17.000 гледачи од јануари до јуни ги погледнале претставите на Битолскиот театар.

Претставата „Рибарски караници“, на 22.09 ќе биде изведена на сцената на Битолскиот театар.

Фотографии: Ивона Кочов

Николоски: До 2029 година ќе имаме комплетно поврзување со автопат и експресен пат од Ќафасан до Деве Баир

Нашата амбиција е не подоцна од 2029 година на Коридорот 8 да имаме поврзување со автопат и експресен пат граница со граница или од граничниот премин Ќафасан до граничниот премин Деве Баир со Бугарија, истакна во вечерашното гостување во емисијата “Јади бурек”, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој детално го елаборираше планот на Владата и Министерството за транспорт во однос на транспортните коридори.

„Охрид-Кичево до крај на следната година ќе го завршиме со крак до Струга, Требеништа – Ќафасан не можеме да го работиме поради забрана од УНЕСКО. Со ЕБОР ја работиме спојката Кичево – Букојчани од 11км. Таму очекувам во понеделник да излезе барањето за доставување финансиски понуди и рокот е до 10 октомври да стигнат понудите, а рокот на завршување е 3 години. Букојчани-Гостивар или популарната Стража, веќе многу интензивно ја работи Бехтел со тоа што таму спасивме 250 милиони евра на државата. Гостивар-Тетово го почнавме, тој реално се завршува брзо, но има многу население од двете страни и не сакаме да го закочиме сообраќајот туку ќе оди паралелно со Букојчани-Гостивар. Значи за три години отсега и тој би требало да се заврши. Тетово-Скопје има автопат, Скопје-Обиколница-Куманово има автопат, за експресен пат Куманово-Страцин сега бараме пари од ЕУ, а Страцин-Крива Паланка го пуштивме во јануари годинава, а во моментов работиме на целосна реконструкција на граничниот премин Деве Баир со Бугарија“, истакна Николоски.

Се согласувате ли? Просечната нето-плата во мај изнесувала 45.796 денари

Просечната исплатена нето-плата во мај годинава изнесувала 45 796 денари што е 11 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).

Како што информира ДЗС, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 23.9 %, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 15.1 % и Образование за 14.4 %.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 13.5 %, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 5.4 % и Рударство и вадење на камен за 5.1 %.

Просечната бруто-плата, пак, по вработен во мај 2025 година изнесувала 68 859 денари.