дома блог страница 103

Евгениј Поп Ацев е петтиот Македонец што го преплива Ла Манш

Македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев стана петтиот Македонец што го преплива каналот Ла Манш.

– Огромни честитки до Евгениј Поп Ацев од Македонија, кој денес го заврши своето пливање во Каналот за неверојатно време од 9 часа и 43 минути. Евгениј е 3-кратен светски шампион и е примен во Меѓународната сала на славните за маратонско пливање. Има учествувано на 107 натпревари од светска класа во кариерата што траеше од 2007 до 2021 година. Неверојатно пливање Евгениј…..и благодарност до целиот екипаж на бродот, се вели во информацијата на Асоцијацијата на пливање преку каналот Ла Манш.

Пред Поп Ацев од македонските пливачи Ла Манш го препливаа: Нико Нестор, Атина Бојаџи, Томи Стефановски и Игор Димовски.

Домаќините и црковниот одбор при манастирот Св. Никола кај Прилепец, ги покануваат сите верници за празникот Голема Богородица

Некогаш беше природна воздушна бања, а денес спокоен бисер во прегратките на планината

Манастирот Св. Никола во прилепското село Прилепец е едно од најубавите светилишта во околината на Прилеп. Сместен на 10тина километри од градот, манастирот претставува духовно светилиште кое мами со мирот и спокојот кој го нуди.

До манастирот се пристигнува брзо и лесно по асфалтиран пат. Низ годините манастирот постојано се обновуваше и осовременуваше, за денеска да биде едно прекрасно место каде може да поминете прекрасен ден со вашето семејство, да преспиете и да уживате во прекрасната природа и чист воздух.

Во време на Втората светска војна манастирот бил засолниште на партизаните. За тоа сведочи и споменичното обележје, кое е малку десно од манастирот, а е посветено на деветмина загинати партизани, кои се бореле против бугарските окупатори во 1942 година.

Во конакот има 15 соби, а за празници е полно. Така ќе биде и оваа година за празникот Успение на Пресвета Богородица, за кога домаќините и црковниот одбор ги покануваат сите верници, на ден 27.08.2024 вечерта и 28.08.2024 дентa, на масовен собир и свечена литургија.

Вечерната литургија започнува во 19:00ч, а утринската во 08:00ч.

Веднаш потоа ќе има дружба со жива музика, заедно со “Алетенегро Бенд”

Портите на манастирот ќе бидат отворени за сите добронамерници кои ќе дојдат да запалат свеќа, да се помолат за здравје и да уживаат во празничниот ден.

Нека е за многу години празникот и напомош!

Мало место, но со големо срце! Оваа среда Кривогаштани ќе приреди “БЕЛА НОЌ” за паметење – LOCKDOWN, DJ STECCHY и TOНИ ЗЕН

Кривогаштани е мало место со големо срце, кое ова лето се претвори во вистинска точка на младинска енергија и забава. Благодарение на младите членови на Здружението на млади „Урбано Гнездо“, кои стојат зад организацијата на „Урбано Лето“ – манифестација која ја спојува урбаната култура со руралниот дух.

„Нашата цел беше да покажеме дека и малите места можат да создадат големи моменти, оваа манифестација од два дена (17.8 и 27.8) претставува ренесанса на културниот живот во Кривогаштани. Кривогаштани има потенцијал да биде културна точка, а Урбано Лето е само почеток“ – рекоја организаторите.

Првиот дел од манифестацијата, кој се одржа на 17 август, помина одлично – со многу дружење, филмска магија и незаборавна забава. Посетителите уживаа во проекцијата под отворено небо на култниот филм „500 Days of Summer“, а вечерта продолжи со опуштена журка со локален DJ под ѕвезденото небо.

На 27. август ќе има прекрасна “БЕЛА НОЌ” со дечките од прилепскиот бенд LOCKDOWN, DJ STECCHY и големата музичка ѕвезда TOНИ ЗЕН.

Резервирајте навреме маси во четирите локали кои го поддржаа настанот: @coffe_wakeup, @kafe_cao, @coffeebar.tokyo и @caffebareksploziv.

Кој го бидува, го бидува за се’ – Terasa го положи испитот и за приватна забава, можете и вие да добиете ваков третман (Фото галерија)

Во Прилеп велат: “Кого го бидува, го бидува за се”, a пример за тоа е тимот во Pub Club Terasa, локалот кој воведе нови стандарди во прилепската чаршија и донесе нова свежина преку прекрасно уреден простор, со фантастичен поглед кон Градската Саат кула и одлична викенд програма.

А дека ги бидува за за се’ покажаа изминатиот викенд, кога ја организираа и првата приватна забава, што на нивно огромно задоволство ги воодушеви сите присутни.

Гостите уживаа во софистицирано уредениот простор на Terasa, а богами и во изборот на пијалоци и богатиот кетеринг, нешто што ретко било каде се гледа.

Сите присутни се согласија дека го положија испитот и веќе се резервираат термини за следни случувања. Aко и вие сакате ваков третман, тогаш јавете се и договорете се на телефонскиот број: 070-304-967

Секако, тимот на Pub Club Terasa мисли на сите, па во никој случај нема да изостанат забавите во викендите. Ветуваат богата есен, со многу музика и многу музички имиња.

Нам ни останува да ги следиме и секогаш навреме да си резервираме.

За црвено-бела боја и со велoсипеди до Новаци – Победа го загуби првиот натпревар, но овие момци ги освоија симпатиите на сите (ФОТО)

Кога е Победа во прашање, ќе поместиме и планини, велат најтврдокорните навивачи, оние кои и кога е најтешко не му завртиле грб на својот фудбалски миленик.

Група навивачи викендов со велосипеди од Прилеп пристигнаа во Новаци за да ги бодрат фудбалерите на Победа. Клубот кој во моментов се соочува со сериозна финансиска криза, на теренот излезе со младинци, просек 18 години и за жал го загуби првиот натпревар од новата сезона во Втората лига.

Тоа не беше причина за овие верни навивачи да не ги бодрат младите момци, и да им покажат дека и кога е најтешко има некој кој стои зад нив.

Секоја чест момци!

Поради протест на вработените, прилепчани два дена нема да имаат градски превоз

Поради протест на возачите, сите три линии на Јавниот градски превоз Прилеп нема да сообраќаат до среда 27.08.2025 година, информираат од Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање, под чија надлежност е градскиот превоз.

Засега нема информации зошто е протестот на возачите и зошто прилепчани два дена ќе останат без градски превоз.

https://www.facebook.com/story.php?story_fbid=1334953071665825&id=100054534336339&rdid=L5EFUt1QbR41wE5b#

ГОРАН КРСТЕВСКИ ОД ПРИЛЕП Е НОВИОТ МИЛИОНЕР СО ОСВОЕНИ 1.574.742 ДЕНАРИ!

На видеолотариските терминали во Прилеп, нашиот среќен играч Горан Крстевски го освои Милионер Џекпотот во вредност од 1.574.742 денари!

Оваа добивка ја освои на 10.08.2025 година, а тој вели дека среќата, често е на негова страна.

Тимот на Видеолотарија од срце му честита на големата добивка и му посакува уште повеќе радост, исполнети соништа и незаборавни моменти!

Добивката Милионер џекпотот е освоена на видеолотариските терминали кај нашиот деловен соработник Евротип во Прилеп.

Во периодот од 18.08.2025 до 24.08.2025, играчите на видеолотариските терминали поделија вкупно 10.265.600 денари!

• 5 добитници на Милионер Џекпот освоија заедно 7.898.230 денари

• Играчите освоија и Мини Џекпот добивки во вредност од 2.367.370 денари

Од полноќ нови цени на горивата во Македонија

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,64 % во однос на одлуката од 18.8.2025 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,985%, кај дизелот за 1,915%, кај екстра лесното масло за 1,244% и кај мазутот намалувањето е за 1,246%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1230%.

Од 26.8.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 38,265 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,378 ден/кг и сега ќе изнесува 38,265 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 26.8.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Николоски најави набавка на нови локомотиви и репарација на постоечките – ќе се купуваат и нови патнички возови

Започнуваме со реконструкција на пругата Скопје-Јегунове-Тетово-Гостивар– Кичево. За две години би имале избран изведувач и за две, две и пол години после изборот целосно ќе ја реконструираме пругата, вели вицепремиерот Александар Николоски во интервју за ТВ Сител.

-Добивме грант од ЕУ од 5,3 милиони евра за изработка на еколошка студија, физибилити студија и подготовка на тендерска докумeнтaција. Почнува во септември и по сите европски правила трае 18 месеци што значи дека ние за 18 месеци би ги имале студиите и после 18 месеци да ги објавиме тендерите. Некаде за две години би имале избран изведувач и за две, две и пол години целосно да ја реконструирамe пругата Скопје-Јегунове-Тетово-Гостивар – Кичево. Понатаму да се стави електрификација и да се стави модерни системи за сообраќај до 120 километри на час, истакна вицепремиерот.

Во однос на набавка на нови патнички возови тој додаде:

-Владата донесе одлука за соработка меѓу МЖ Транспорт и ЕБРД со цел репарација на 11 постојани локомотиви, дел електрични, дел дизел и сите се за карго транспорт како и набавка на 2 нови локомотиви и со една флота од 13 локомотиви товарниот сообраќај го решаваме. Кога ќе стигнеме некаде пред две години пред завршување на пругите ќе започнеме и набавка на нови возови затоа што отприлика набавката трае шест месеци и добавувачеите бараат отприлка година дена да ги достават возовите и треба одреден период да се обучи кадар за новите возови, истакна вицепремиерот Николоски .

Храмот „Св. Петка“ во Прилеп – ЦВЕТЕН БИСЕР И ДУХОВНО-КУЛТУРНО СВЕТИЛИШТЕ ВО СРЦЕТО НА ПЕЛАГОНИЈА (Фото галерија)

Повелете во храмот „Св. Петка“ во Прилеп – место каде духовноста, архитектурата и природната убавина се спојуваат во единствена хармонија. Иако релативно нов, храмот веќе се вбројува меѓу најубаво уредените православни храмови во Македонија.

Со својата впечатлива архитектура, прекрасно уредено двориште исполнето со стотици ружи, разновидно цвеќе и ретки украсни зимзелени и листопадни дрвја и растенија, храмот оправдано го носи епитетот „ЦВЕТЕН“. Храмот, кој плени со својата убавина, за кратко време прерасна во духовна и културна оаза за прилепчани и сите добронамерници.

ХРАМОТ „СВ. ПЕТКА“ – РИЗНИЦА НА ДУХОВНО БОГАТСТВО И СВЕТИ МОШТИ

Верниците можат да се поклонат пред свети мошти од некои од најпочитуваните светители:

– СВ. НИКОЛА Мирликиски Чудотворец – патрон и закрилник на Прилеп и еден од најпочитуваните светители во целиот христијански свет
– СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ – патронот на МПЦ-ОА и закрилникот на Македонија
– СВ. ХРИСТОФОР – маченик за Христа од III-от век, патрон на ветеринарскиот еснаф во Прилеп
– СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН – чудотворец кој важи за еден од најпочитуваните светители во православието
– СВ. НЕКТАРИЈ ЕГИНСКИ – големиот исцелител, особено за оние што страдаат од канцер и други серизни болести и важи за еден од највозљубените светители на православието,
– СВ. СПИРИДОН – неговите чудoтвoрни мoшти на oстрoвoт Крф и дeн-дeнeс гo прoславуваат Бoга сo мнoгутe чуда,
– СВ. ФИЛАРЕТ МОСКОВСКИ и други.

ПОСЕБНИ СВЕТИ РЕЛИКВИИ КОИ ПРЕТСТАВУВААТ РЕДОК БЛАГОСЛОВ

– ЧЕСТИЦА ОД МАМВРИСКИОТ ДАБ, вградена во икона на Света Троица, каде Пресветата Троица му се јавила на праотецот Авраам. Се проценува дека Мамврискиот даб односно честицата е стара повеќе од 3800 години а според некои верувања дури и 5000 год.
НАЈВАЖНА СВЕТА РЕЛИКВИЈА
– Посебно богатство на храмот е и ЧЕСТИЦА ОД ЖИВОТВОРНИОТ КРСТ НА КОЈ БИЛ РАСПНАТ НАШИОТ СПАСИТЕЛ ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС, вградена во уникатна ѕвезда во икона на која се насликани Светиот цар Константин Велики и неговата мајка царицата Елена, која го пронашла светиот Крст.
 ВПЕЧАТЛИВА АРХИТЕКТУРА
Храмот претставува архитектонски бисер кој импресионира со својата грандиозна форма и внимание кон деталите.
 ПРЕКРАСНО ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДЕНО ДВОРИШТЕ
Идеално за фотографирање, размислување и уживање во мирот меѓу стотиците цвеќиња и ружи.
 ПАРКИНГ И ПРИСТАПНОСТ
Обезбеден е простран приватен паркинг, погоден и за автобуси и туристички групи, со што храмот е лесно достапен за сите.
 ЦРКОВЕН ХОР „СВ. ПЕТКА“
Со своето возвишено црковно пеење, хорот редовно ги збогатува неделните и празничните богослужби, давајќи дополнителна убавина на литургиите.
 ОСВЕЖУВАЊЕ СО КАФЕ И ЧАЈ
Посетителите можат да се освежат со кафе или чај во дворот, опкружени со цвеќе и тивка духовна музика што нежно се слуша преку целиот ден.
 ДУХОВНИ И КУЛТУРНО-УМЕТНИЧКИ НАСТАНИ
На платото пред храмот и во самата црква често се одржуваат концерти на духовна, класична и етно музика, промоции, детски активности и други културно-образовни настани, со вклучување на младите од прилепските училишта.
ЛОКАЦИЈА
Храмот се наоѓа во нас. Точила – Прилеп,
Храмот „Св. Петка“ е нов духовен светилник на картата на македонските свети места. Место каде луѓето доаѓаат не само да се помолат, туку и да се сретнат, да се смират, да се восхитат на убавината на Божјото и човековото дело.
 Во продолжение ви споделуваме галерија со фотографии – дел од секојдневниот живот и убавината на нашиот храм.
 Посетете го храмот и доживејте ја убавината, духовноста и спокојот што ги зрачи