дома блог страница 10

Мицкоски: Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%

Премиерот Христијан Мицкоски одржа прес коференција по одржаната вонредната Владина седница којa се одржа вчера на пладне.

– Се соочуваме со предизвик што навистина е голем. Не сме ние исклучок од кризата што се случува која е наметната поради настаните и воените конфликти на Блискиот Исток, изјави Мицкоски.

Како што истакна Мицкоски дека врз основа на движењата на светските берзи, се очекува бензините од 95 и 98 октани да поскапат за околу 6,5 денари по литар, додека дизелот би можел да достигне зголемување од 10,5 денари по литар.

„Очекуваме цената на бензините од 86,5 и 88,5 денари да се зголеми на 93 и 95 денари, а дизелот од 92 на 102,5 денари по литар“, посочи Мицкоски.

Како одговор на ова, Владата донела одлука за намалување на данокот на додадена вредност за бензините и дизелот од 18 на 10 проценти, со цел да се ублажи ударот врз граѓаните.

„Со оваа мерка очекуваме цената на бензините да остане речиси непроменета, додека дизелот да поскапи за околу 3 до 3,5 денари по литар, наместо за повеќе од 10 денари“, истакна премиерот.

Дополнително, Владата води разговори со компанијата ОКТА за зголемување на попустот кој го дава кон трговците, што би можело да влијае на дополнително намалување на цените.

„Доколку се постигне договор, очекуваме цените да бидат и до 3 денари пониски од максималните утврдени од Регулаторната комисија“, рече Мицкоски.

Тој нагласи дека со овие мерки граѓаните би заштедиле околу 200.000 евра дневно, односно приближно 1,5 милиони евра неделно, имајќи ја предвид просечната потрошувачка на гориво во земјата.

„Ова е одлука со која директно го штитиме стандардот на граѓаните во услови на глобална енергетска криза“, додаде премиерот.

Според него, Македонија има најниски цени на горивата во регионот.

Некогашниот двократен македонски шампион, на колена во Големо Коњари

Во населеното место Големо Коњари денеска се одигра локалното дерби помеѓу двата второлигаши, гордоста на жителите од ова населено место ФК Големо Коњари и прилепска Победа.

Победи поискусната екипа – Големо Коњари со 2:0, а стрелец на двата погодоци беше Беким Алимоски. Не смее да не им се честита на децата од Победа, кои и покрај поразите, на терен даваат цело срце за црвено-белите бои и се борат клубот да го одржат во натпреварувачки ритам.

Она што остави огромен впечаток беше посетеноста на натпреварот. Околу теренот и на монтажните трибини, присутни беа околу 1000 гледачи, што само по себе кажува колку прилепчани и жителите на околните населени места го сакаат фудбалот.

Oд резултатски карактер средбата помеѓу двете екипи нема ништо да промени на табелата. И покрај триумфот Големо Коњари останува на последната позиција со 7 освоени бода, а Победа има 11.

Во наредното коло Големо Коњари гостува кај Кожуф, а Победа го дочекува Детонит.

Без сала, со 4.000 евра поддршка од Министерството, толку! Пораз дома на МЕГА БАСКЕТ

Екипата на Соколи 1933 од Штип забележа голема победа на гостувањето кај Мега Баскет во Прилеп, и се искачи на првото место од ТОП 8 сегментот во Првата кошаркарска лига.

Крајниот резултат во салата во “Добре Јованоски” беше 88 – 106, неочекуван за домашната публика, но се чини реален според моменталните можности на клубот од Прилеп.

Екипата тренира и игра во училишна сала, доби само 4.000 евра поддршка од министерството, изостанува поголема поддршка од бизнис секторот и од локалните власти….

Сепак дечките се за секоја пофалба, и во едни такви услови играат плеј-оф за пласман во Супер лига, се борат и се трудат на секој натпревар да донесат радост.

Да се надеваме дека следната сезона многу работи ќе се подобрат, и Прилеп конечно после долги години ќе гледа елитна кошарка на домашен терен.

Од Прилеп се и се одговорни за секоја перфектна организација на настан, прослава, забава…, а кога ќе видиш што сè имаат, ќе ти стане јасно зошто се број еден

Ако планирате свадба, роденден, корпоративен настан или приватна забава, време е да работите со тим кој знае како се прави вистинска организација. Party Hub Event од Прилеп е синоним за професионалност, квалитет и беспрекорна реализација – од идеја до последен детаљ.

Со богато искуство и опрема од највисок ранг, тие се меѓу ретките (ако не и единствени) во регионот кои нудат комплетна кетеринг и ивент опрема на едно место.

Што добивате со Party Hub Event?

✅ Професионални шатори (5×5, 6×6, 8×5, 12×6, 18×6)
✅ Елегантни маси и столови
✅ Коктел маси со чаршафи
✅ Професионално озвучување и модерно осветлување
✅ Грејни тела на плин – идеални за брзо загревање на шатори и затворени простори, и пред се’ проверени и безбедни

Транспортот и монтажата се нивна обврска, па вам ви останува само да уживате во настанот.

Она што е најважно, нивното досегашно резиме е богато со успешно реализирани задачи. Зад себе имаат организација и поддршка на сериозни настани како:

✔️ Градската слава Св. Никола во Прилеп

✔️ Air Flow Festival

✔️ Street Food Festival Прилеп

✔️ European Youth Olympic Festival (EYOF) Skopje 2025

✔️ Бројни свадби, прослави и корпоративни настани

Секој од нив е доказ за нивниот врвен професионализам и посветеност.

Со еден збор – НАЈДОБРИ во регионот!

Ако сакате вашиот настан да изгледа професионално, да биде организиран до совршенство и да остави впечаток што се памети – изборот е јасен.

Резервирајте навреме на телефонските броеви:

078 242 241
072 277 521

и следете ги Party Hub Event на нивните страни на ФЕЈСБУК и ИНСТАГРАМ, затоа што на секого барем еднаш во животот ќе му бидат потребни.

Направете го вашиот настан незаборавен со Party Hub Event!

Лазаров по ремито со Австрија: Презадоволен сум, момците покажаа карактер!

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, изрази задоволство од настапот на неговите избраници по ремито против Австрија во пријателскиот натпревар.

„Честитки за момците. Го дадоа максимумот од своите можности во пријателски натпревар против сериозна селекција како Австрија која ја елиминира Србија на Европското првенство. Иако имавме плус четири во 46 минута, а на крајот одигравме реми презадоволен сум од прикажаното. Играчи што имаат мала минутажа во своите клубови покажаа карактер и борба. Треба многу претпазливо да влеземе во бараж дуелот за СП. Се надевам дека ќе го дочекаме во добра кондиција и ентузијазам за борба за Македонија за ново учество на СП. Очекувам поголема минутажа на сите репрезентативци во своите клубови во периодот што следува за доброто на македонскиот ракомет“, изјави Лазаров.

Прилепчанец претепал oбезбедувач во казино

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против О.Б.(40) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

На 28.12.2025 во казино во Прилеп, пријавениот физички нападнал едно лице од обезбедување на казиното и му нанел тешки телесни повреди.

Три медали за борачките на 7-ми Мај од Прилеп на силен меѓународен натпревар во Стара Загора (ФОТО)

Прилепскиот боречки клуб “7-ми Мај Златна рака” настапи на силен Mеѓународен турнир во Стара Загора, Бугарија oд каде се враќа со добри резултати.

Девојките освоија две трети и едно второ место. Резултати поединечно:

-Викторија Стојаноска во категорија до 50 кг. освои 3 место,

-Ангела Трајкоска до 60 кг. го освои 3 место, иако тоа не е нејзина категорија,

-Тамара Цветкоска до 60 кг. се зкити со сребрен медал, откако во финалето загуби со тесна разлика.

Девојките беа предводени од тренерите Стојанчо Тушески и Андреј Андоноски, кои истакнаа дека и покрај добрите резултати, мора да се работи уште поинтензивно, затоа што за прилепчани сега претстои и Европското првенство до 20 години.

Утре големото дерби на отпаднатите во трета лига Големо Коњари – Победа

Утре (недела), 22.03. со почеток од 14:30 часот на стадионот во с. Големо Коњари, ќе се одигра локалното дерби помеѓу двата второлигаши на дното од Втората лига, прилепска Победа и домаќинот ФК Големо Коњари.

Според најавите, се очекуваат над 500 гледачи, како вљубеници во фудбалот од населеното место, така и од градот, а домаќинот за “дербито” со Победа има обезбедено и монтажни трибини.

Во првиот натпревар есеноска, црвено-белите триумфираа со 1:0 на “Гоце Делчев” во Прилеп, па Големо Коњари ќе сака да возврати за тој пораз, но сега против младинците од Победа.

Владата утре во 12 часот ќе носи вонредни мерки за горивата

Владата константно ја следи состојбата со цените на светските нафтени берзи и за утре во 12 часот најавува седница на која ќе се донесат мерки со кои ќе се ублажи ценовниот скок на горивата.

-Цените на светските нафтени берзи растат, што се очекува дополнително да се одрази на домашната цена на горивата. Иако на бензинските станици во земјава има убедливо најевтини горива во споредба со регионот се очекува во понеделник да има дополнителен раст на цените на дизелот и на бенизините. Заради тоа Владата утре во 12 часот ќе има седница на која ќе се донесат вонредни мерки за борба против високите цени на бензините со кои ќе се ублажи ценовниот скок, брифираат од Владата.

Од 18 март годинава на бензинските пумпи на ОКТА, Пуцко Петрол, Макпетрол и Лукоил се точи гориво поевтино за два денара од максималната цена што ја определува Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за нафтените деривати. Поевтинувањето на горивата доаѓа откако ОКТА им понуди за два денара пониски цени на трговците со нафтени деривати и веќе почна да им испорачува гориво по пониски цени.

На 13 март министерката за енергетика Сања Божиновска и директорот на ОКТА Димитриос Пасхос на прес-конференција најавија дека до крајот на март ОКТА за два денара ги намалува цените на дизелот и на бензините за трговците што набавуваат горива од компанијата овозможувајќи им на тој начин на трговците на големо и мало оваа придобивка да ја рефлектираат во крајните цени за потрошувачите. Пасхос, тогаш рече дека останува на трговците на големо и мало самостојно да ги утврдуваат продажните цени во согласност со своите комерцијални политики и пазарни услови.

Со последните две корекции на цената на горивата во земјава што ги донесе РКЕ цената на дизелот се зголеми за 21 денар, а на бензините за 12 денари по литар. Причина за поскапувањата на горивата кај нас и глобално, се случувањата на Блискиот Исток.

Пожарникар од Прилеп добил струен удap додека гаснел пожap во куќа на ул. “Дебарца”

-На 20.03.2026 во 16:40 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека настанал пожар на ул.„Дебарца” во Прилеп, при што зафатени биле куќа и помошна просторија, сопственост на Д.Р. од Прилеп. Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Прилеп, при што пожарникарот З.Г. (53) од с.Крушеани,прилепско, бил повреден од струен удар и бил пренесен во Градска болница Прилеп за укажување на помош. Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп – информираат од СВР Битола.