A, Прилеп? Во Штип се лажирале бројките за новозapaзени од Koвид-19 ?

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип Иван Јорданов преку статус на Фејсбук прашува зошто граѓаните на Штип денес добија неточна и задоцнета информација за бројот на новозapaзени?

-ЗОШТО граѓаните на Штип денес добија неточна и задоцнета информација за бројот на новозаболени? Во интерес на јавното здравје должни сме да ги информираме граѓаните за следново:

– Во денешна контактна емисија за регионален медиум, директорот на Клиничката болница Штип, потврди дека денес во Штип се евидентирани 14 новозаболени пациенти.
Неколку часа подоцна, на официјалната страна на Министерство за Здравство е објавен податок од само еден новозаболен во последните 24 часа.

– До нас стигаат информации дека во градот се појавени повеќе кластери на заразени со кopoна виpyc. Бројката на зapaзени на дневна основа веќе брои над десетици лица и истата континуирано расте. Бидејќи властите се неодговорни кон јавното здравје ги прашуваме.

– Зошто упорно ја сокриваат реалната слика за состојбата во град Штип играјќи си со здравјето на граѓаните? Зошто власта води политичка кампања во услови на висок здравствен ризик за граѓаните?, прашува Јорданов.





Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.