Aсад до руските пратеници: “После ракетниот напад Сиријците повеќе не се плашат од НАТО”

Според руските пратеници, сирискиот претседател ги пофали советските системи за воздушна одбрана, што му помогна на Дамаск да отфрли 71 западен ракетен систем – пренесува “Спутник”.

Според гувернерот Комаров, за време на состанокот со руските пратеници, Асад го означил ракетниот напад на Западот врз Сирија како “агресија”.

Како што соопшти пратеникот на руската државна Дума Сергеј Железник, Дамаск го пофали оружјето на СССР направено во 1970-тите, кои беа искористени за одвраќање на ракетниот напад, спроведен од САД и нејзините сојузници.

“Според гледиштата на претседателот, нападот беше агресија и ја делиме оваа позиција. Тој високо го ценел руското оружје, кое покажа надмоќ над оружјето на агресорите”, рекол Железник.

“Од 90-тите години гледавме во американските филмови дека руското оружје е далеку назад зад американското, но сега видовме кое оружје е навистина назад, рекол Асад според рускиот пратеник.

Саблин, друг пратеник, цитирајќи го исто така Асад, рекол дека откако сириската воздушна одбрана покажала ефикасност, граѓаните на оваа арапска држава “повеќе не се плашат од НАТО”.

Асад, исто така, изјавил дека нападот на САД-Велика Британија и Франција не само што ги “консолидирал народите на Русија и Сирија, туку и на сите држави, кои се водени од нормите на меѓународното право”, додал во цитирањето рускиот пратеник Саблин.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.