Aлфа TВ: “Сметките за вода на прилепчани повисоки за 60-70 проценти?!” (ВИДЕО)

Заради почетокот со работа на Пречистителната станица, која беше капитален проект на претходната власт, но пред неколку месеци во употреба ја стави актуелната, прилепчани ќе добиваат сметки за вода повисоки за 17, 35 денари по метар кубен потрошена вода. Ова било дел од Договорот за Пречистителната станица, склучен уште во 2008 година, појасни првиот човек на ЈКП *Водовод и канализација*, Емил Јанески. Одлуката, по едно претходно одлагање на барање на опозицијата, општинскиот Совет сепак ја изгласа, но без опозициските советници кои гласаа против – јавува “Алфа ТВ”.

Според локалните опозиционери, кои побараа, дел од ова неминовно зголемување на сметките да субвенционира Општината, а кое им беше одбиено, прилепчани сега ќе плаќале за 60 до 70 проценти повисоки сметки за вода, иако во предизборието едно од главните ветувања на актуелниот градоначалник било токму намалувањето на сметките за водни услуги за 20 проценти, додаваат од “Алфа”.

Инаку, во Пречистителната станица во Прилеп која треба да опслужува околу 100.000 корисници, времено се вработени 25 луѓе, со тенденција нивниот број да се зголемува, а додека во струмичката која е со капацитет за 40.000 корисници, биле вработени само 5 лица. Овој показател за прилепските опозиционери доволно зборувал дека локалната власт во Прилеп продолжувала со вдомувањето на своите партиски членови, на сметка на граѓаните.

Kaролина Дурло




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.