Aлен Исламовиќ ги обедини сите генерации на едно место – Повеќе од два часа пееше хитови и крена на нозе илјадна публика (ФОТО+ВИДЕО)

121212121

Зад нас е втората фестивалска вечер на “Пиво Фест 2017”. Прилеп синоќа беше прекрасен, како и секогаш кога е во прашање фестивалот на скарата и пивото. На сцената настапија популарниот реге изведувач Дон Минот заедно со “Conquering Lion”, следуваа “Нокаут”, а забавата кулминираше кога на сцената застана балканската мега ѕвезда Ален Исламовиќ.

Екс вокалот на “Дивље јагоде” и “Бијело Дугме” одржа концерт кој може да се нарече лекција за пеење и музика. Неуморно, повеќе од два часа, забавуваше публика од 8 до 88 години. Хит по хит, се редеа, а публиката уживаше и пееше на цел глас.

DSC_0191

DSC_0188

DSC_0185

Во продолжение уживајте во најдобрите моменти од концертот на Ален Исламовиќ на “Пиво Фест” во Прилеп:

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.