Aнастасија Петреска од Прилеп освои прво место на Државниот натпревар и ја одбрани титулата државен првак (Видео)

Во организација на Здружението на музички и балетски педагози, од 26-28 мај во просториите на ОМБУ “Лазо Мицев Рале” – Кавадарци, се одржа 58-ми Државен натпревар за основно музичко образование.

На натпреварот настапи и младата пијанистка од Прилеп, Анастасија Петреска, која ја одбрани титулата ДРЖАВЕН ПРВАК и освои ПРВО МЕСТО во својата категорија.

Во продолжение проследете го нејзиниот прекрасен настап:

Пред извесно време Анастасија освои прво место на Интернационалниот натпревар “Моцарт” во Хрватска и прва награда на седмиот (онлајн) интернационален музички натпревар SIMC ( Slobomir International music competition), кој се одржа во Бјелина, Босна и Херцеговина.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.