Се чувствувам излажано од ЕУ, бидејќи не го испорачаа тоа што ни ветија. Преспанскиот договор, освен за пријателство со Грција, го потпишавме за интеграција во ЕУ. Од 2001 имаме Договор за стабилизација и асоцијација, веднаш по Словенија, а пред Хрватска. Од 2005 имаме статус на земја кандидат и имаме 12 позитивни препорака, истакна премиерот Зоран Заев во интервју за српски Танјуг.
Рече дека земјава повеќе од 16 години чека преговори и дека фрустрацијата кај граѓаните на Македонија е голема.
-Ние држевме лекции и за европски манири, преку Охридскиот рамковен договор, Преспанскиот Договор. Нашите внатрешни договори може да послужат како лекција за многу мултиетнички заедници во развиени земји на ЕУ, кажа Заев.
Вели дека после 12 позитивни препораки за започнување на членството во ЕУ и исполнување на сите препораки за реформи, не е евроски некој и понатмау да блокира.
-Се надевам дека ЕУ брзо ќе дојде до решение за Северна Македонија, Албанија, како и за Србија и Црна Гора. Нека се отворат кластерите и да се затвори тоа што е решено. Нашите граѓани губат надеж, но не постои алтернатива, сите мислиме на ЕУ, кажа Заев.
Рече дека додека чекаме на ЕУ, треба регионално да се поврзиме и европеизираме за подобро да се служи на сите граѓани.