3богyм Mapиja!

Глумицата Риалда Кадриќ, попозната по улогата на Марија од хит серијата “Жикина династија”, ненадејно починала синоќа во 57. година од нејзиниот живот во Атина.

Веста за нејзината cмpт ја објави нејзиниот пријател Душан на Фејсбук, кој оваа информација ја потврдил за српски “Kурир”.

Својата популарност ја стекна со само 13 години, глумејќи во серијалот “Луди години”. Марија Тодоровиќ, подоцна Павловиќ играше во 8 епизоди. Одигра уште неколку помали улоги, а од почетокот на 90-те години престанала да се занимава со глума.

Во Велика Британија прво работела како новинарка и репортерка, а потоа успешно се занимавала и со психотерапија.

Последниот филм кој го снимила била драмата “Чудна ноќ”, која е објавена во 1990 година.








Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.