Од мал бизнис до најсовремен салон за автоделови во Македонија. “Матадор” е единственото место каде ќе најдете буквално се’ за вашите возила. Во изминатите 22 години постоење оваа компанија стана препознатлив бренд на Прилеп и број еден дестинација кога во прашање е набавката на резервни делови за секаков вид автомобили, гуми, акумулатори, автокозметика и галантерија…
И не само тоа, компанијата низ годините во безброј случаи покажа општествена одговорност со каква ретко кој може да се пофали. Често тоа било без “фанфари”, тивко, со желба да се помогне секаде каде имало потреба. Од хуманитарни настани, до спорт, култура, медиуми…компанијата помагала секогаш и секаде.
Таков е Игор Стеванов, сопственикот на компанијата, за кого зборот на муштериите е закон и токму затоа ужива огромна доверба во општествената средина каде живее и работи. За него велат дека ќе излезе во пресрет на се’ и не само тоа, туку успева да ги мотивира и своите бизнис партнери, па често и заеднички пружаат помош во сите општествени сфери.
Ваквиот поглед на бизнисот го искачува Матадор на нивото на најпросперитетните компании во земјава.
Токму општествената одговорност на компанијата оваа година беше препозната и од Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници при Советот на општина Прилеп, која одлучи “МАТАДОР” да биде награден со Третоноемвриска плакета по повод Денот на ослободувањето на Прилеп.
За МАТАДОР сигурни сме дека оваа награда ќе биде само мотив за уште поголема успешност во иднина, а се надеваме дека тоа ќе биде и поттик за сите останати компании во нашиот град, дел од својот профит секогаш да го насочуваат назад кон заедницата.