199 новозapaзени, 8 починати, а Филипче на пapтиска агенда во Пpилеп вика CУПEP сме?

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на Koвид-19 во: Скопје-90, Куманово-17, Дебар-6, Штип-9, Прилеп-3, Тетово-12, Струга-12, Битола-2, Охрид-4, Кавадарци-2, Гостивар-5, Струмица-2, Радовиш-1, Крушево-1, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Свети Николе-24, Кичево-3, Ресен-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 120 оздравени лица од: Скопје-94, Дебар-1, Штип-4, Прилеп-1, Тетово-9, Струга-1, Охрид-6, Гостивар-2, Крушево-1, Македонски Брод-1.

Починати се 8 лица, еден пациент од Скопје, еден од Штип, четири од Тетово и двајца пациенти од Струга.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 7975, бројката на оздравени пациенти е 4080, на починати е 376, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3519.

Направените 1545 теста се преку: ИЈЗ-641, ЦЈЗ Скопје-23, Авицена-208, Биотек-102, МАНУ -134, Жан Митрев (Филип Втори) -228, Систина со PCR метода -181, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-27, лаборатории од странство-1. Досега во земјата се направени вкупно 76.107 тестирања на Koвид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Од друга страна министерот за здравство Венко Филипче денеска беше присутен на партиски настан во Прилеп.

Филипче заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, градоначалникот Илија Јованоски и кандидатот за пратеник, Миле Талевски, имале средба со дел од медицинските работници од Прилеп.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.