-На 20.10.2026 во 10:30 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на крстосница од бул„Гоце Делчев“ со ул„Прилепски бранители“ во Прилеп, 35-годишниот М.И. од Прилеп, управувајќи мопед со прилепски регистарски ознаки удрил во 10-годишно дете од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Градска општа болница Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Прилеп, информираат од МВР.
























