Ќе се вљубите на прв поглед: Поминете прекрасен одмор во Casa al Tagas во Крушево – место со историја подолга од 100 години (Фото)

Сакате одличен одмор во конфор и надвор од урбаната гужва? Епа веќе викендов барајте слободен термин во апартманите Casa al Tagas во Крушево.

Зошто? Затоа што се перфектно уредени, се наоѓаат на одлична локација, на само 5 минути од центарот на градот и жичарницата, и се изградени на место со богата историја – долга 100 години.

Токму тука, повеќе од еден век се произведувал препознатливиот белег, без кој ниту еден посетител досега не си заминал од Крушево, локумот на фамилијата Тагас.

Совршено место кое одговара за одмор како за млади, така и за повозрасни. Удобно, тивко, топло, чисто, и пред се’ ново. Casa al Tagas ќе стане ваша омилена дестинација, преку целата година.

А и ќе заборавевме! Како добри домаќини, сопствениците ќе ве дочекаат со слатките задоволства на Слаткарница Тагас-Балкан.

Резервирајте навреме на телефонскиот број: 071/692-154 и станете дел од нивната приказна.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.