ЌЕ ВИ СЕ ПРЕВРТЕ ЖЕЛУДНИКОТ: Девојка ја пие урината од своето куче и тврди дека ја лечи од ОВА!

Oваа Американка и љубителка на кучиња тврди дека пиењето на урината од нејзиното куче и помогнало во чистењето на акните на лицето.

Лин Лу детално ја објаснува својата теорија и вели:

“Многумина од вас ме имаат прашано зошто секогаш изгледа толку добро, зошто мојата шминка секогаш делува толку совршено, или како тоа секогаш да имам природен сјај”.

“Се додека не започнав да ја пијам урината од моето куче бев депресивна, бев тажна и имав гадни акни по лицето. Кучешката урина во себе има витамин А, витамин Е и 10 грама калциум, а со тоа е докажано дека помага и во лечење на рак”, рекла таа.

Иако “уринотерапијата” се практикувала во древна Кина, Рим, Грција и Египет, тоа не е пракса која денешните здравствени експерти ја препорачуваат. Не само тоа, туку не постојат студии кои пружиле доволно докажи за нејзината делотворност или корист на здравјето.

“Бубрезите филтрираат крв и целиот вишок на течности, сол и минерали се исфрла. Смислата на уринирањето е токму тоа, чистење на телото од тој непотребен вишок. Зошто би го внесувале повторно тоа во телото?” – велат експертите.

Значи, без оглед дали се работи за вашата или урината на вашето куче, можеби е најдобро да не го правите истото што го прави оваа девојка.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.