Црнобуки, Кит Го, Кожув, Победа нема милост, гази се пред себе

Со головите на Бојан Спиркоски и Давид Јошески, Победа попладнево тирумфираше на тешкото гостување во Гевгелија кај Кожув.

Ова е втор првенствен триумф на црвено-белите од исто толку одиграни дуели, кој според денешната покажана игра и шансите можеше да биде и поубедлив.

Бојан Спиркоски со погодок од седмерец и’ донесе предност на Победа во 28-та минута, после фаулот на домашниот голман Ников, кој заработи и црвен картон.

На 0-2 зголеми Давид Јошески во 62-та минута, со ефективен погодок откако одлично се проби во шеснаесетникот на Кожув.

Со овој триумф Победа покажа дека сериозно размислува за враќање во најелитното фудбалско друштво во Македонија.

Наредниот натпревар прилепчани го играат на домашен терен против екипата на Саса од Македонска Каменица.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.