Хорор раскрсницата во Прилеп! Синоќа нова сообраќајка и повредени, жителите ова нема да го трпат повеќе

Прегазено дете пред една недела, судрени три автомобили пред два дена, синоќа одново тешка сообраќајка на раскрсницата меѓу улиците “Димо Наредникот” и “Сотка Џигиџик” во Прилеп.

Утрово тротоарите осамнаа со испокршени делови од автомобили, истечено масло по улиците, а неофицијално синоќа имало и повредени.

Оваа раскрсница е црна точка во Прилеп, и жителите од околните куќи не случајно стравуваат за својата и безбедноста на своите најблиски. Тука поминуваат учениците кои настава посетуваат во ООУ “Климент Охридски”, а и покрај тоа што раскрсницата е обележана и има знак ‘СТОП’, несовесни возачи возат и со 80км/ч, излегуваат без да застанат од споредните улички и настануваат несреќни случаи.

Жителите од околните куќи замолуваат надлежните итно да реагираат и да постават т.н. “легнати полицајци” на улицата, се со цел да се спречат во иднина нови катастрофи и жртви.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.