ХИТ ДИЕТАТА НА РУСКАТА ФИТОТЕРАПЕВКА: Обемот на половината се намалува по 1 центиметар на ден

Познатата руска фитотерапевтка д-р Ирина Стефановска, гостувајќи во една емисија објасни дека со помош на нејзиниот револуционерен мелем, жените можат да го намалуваат обемот на својата половина по 1 сантиметар на ден!

Најдобро од сè е тоа што рецептот е сосема едноставен и за неговото приготвување воопшто не ви се потребни скапи намирници.

Тајната на нејзиниот рецепт е во ренот, за кој тврди дека исклучително е ефикасен во поттикнувањето на слабеењето, а тоа е само една точка по која оваа намирница му помага на органзмот.

Најчесто го користиме како додаток во исхраната, но со оглед на тоа што ги содржи витамините Ц, Б1, Б6, Б12, како и минералите железо, калциум, магнезиум и фосфор, ренот не е само вкусен додаток туку и вистински лек за добро здравје.

Потребни состојки:

125 гр рен

3 непрскани лимони

3 лажици мед

Подготовка:

Исечкајте го ренот и ставете го во блендер добро да се сомеле. Лимонот добро измијте го, исечете го на коцкички и извадете му ги семките, па потоа и него додадете го во блендерот, заедно со медот и добро измиксајте додека не добиете хомогена смеса.

Добиениот мелем ставете го во стаклена тегла и чувајте го во фрижидер.

Дозирање:

Земајте по една лажица од овој мелем 2 пати на ден, со оброк. Резултатите ќе бидат видливи после 3 седмици.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.