(ФОТО) Шаховскиот клуб “Прилеп” постави четири шаховски табли на прилепскиот плоштад

Како општествено одговорен клуб, Шаховскиот клуб “Прилеп” продолжува со активности од јавен интерес.

На големо изненадување и радост на вљубениците во шаховската игра, вчера на плоштадот “Методија Андонов-Ченто” беа поставени четири шаховски табли.

Овие шаховски табли одлично се вклопуваат во прилепскиот плоштад, а во дружбата пред нив со сигурност ќе уживаат голем број прилепчани.

Само да ги зачуваме!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.