ФОТО: Поранешен градежник направил куќа наопаку, сопругата мислела дека полудел!

Поранешниот градежник Валдевино Мигел да Силва од Бразил направил куќа која стои на кровот, а темелите се на врвот.

kukja1-1-640x426

Наопаку се свртени и прозорите и вратата. Куќата се наоѓа во Сао Матеус и е вистинска атракција.

Вистинскиот влез е од задната страна, а во куќата не живее никој. Направена е за забава, а покрај неа туристите можат бесплатно да се фотографираат. Внатрешноста е целосно нормална, а собите се уредени традиционално.

Во приземјето се наоѓаат кујна, трпезарија и тоалет, а на спратот се две соби.

kukja-2

-Работев многу долго во градежната индустрија и кога се пензионирав сакав да направам нешто возбудливо и поинакво. Си поставив предизвик да бидам активен и направив куќа поставена наопаку, вели Да Силва кој има 65 години.

Неговата сопруга на почетокот мислела дека се шегува и му велела да не го прави тоа.

-Звучеше како луда идеја и мислев дека нема добро да изгледа, но не можев да го убедам да се откаже од идејата, вели Марија Елизабет да Силва.

9989-104021_kuca

На крај, одлучила да му помогне и на проектот работеле три години. Куќата има 400 метри квадратни, а Да Силва ја изнајмува.

-Кој и да се всели во неа, ќе стане славен, убеден е тој.

kuka

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.