(Фото) Огромна риба со необичен изглед ги шoкиpaше минувачите во познатото туристичко место

Посетителите на плажата со неверување ја гледаа огромната риба која изгледа како да не е од оваа планета и беше исфрлена на брегот.

Рибата била забележана од туристи кои ја посетувале реката Кенет на југозападниот брег на Викторија во јули 2020 година.

Фотографиите станаа вирални на социјалните мрежи, особено откако беа објавени на веб страни како LadBible и 9GAG.

Кет и Том Ремптон, кои и двајцата се ветеринари, беа шокирани кога налетаа на рибата – долга околу два метри – каква што ниту еден од нив досега не видел.

Cпоред National Geographic, океанската сончева риба, инаку позната како мола мола, може да порасне до 4,2 метри вертикално и три метри хоризонтално, со тежина до речиси 2300 килограми.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.