ФОТО: Нов пожар во близина на Велес – се бараат добpoволци за помош

Пожар со голема брзина се шири во близина на село Војница во околината на Велес, објави градоначалникот на Општина Чашка Горан Стојановски на Фејсбук.

„Нов страотен пожар во близина на село Војница. Пламените јазици се шират со голема брзина“, вели Стојановски во објавата.

Тој упатува апел до граѓани доброволно да помогнат, бидејќи „сртанува алармантно.“




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.