ФОТО: Лани направи италијанска забава – Годинава Боки13 ќе слави роденден во затвор

Боки13 е топ тема во медиумите не само во Македонија туку и во регионот и светот откако се дозна дека земал рекет, па заврши во притвор за изнуда на пари.

Италијанскиот весник „Ла Верита“ денеска по трет пат објави видео снимка од изнудувањето рекет од страна на Боки13 и Зоки Кичеец на Орце камчев, а се слуша гласот на Катица Јанева, се споменува и Зоран Заев.

Боки 13 е во притвор каде најверојатно ќе го прослави и својот 33 роденден на 19 август годинава. Додека со години живееше во луксуз прославуваше родендени на гламурозни начини, со пејачи, скапи храни, пијачки, а минатата година својот 33-ти роденден го прослави на италијански начин со италиајнска вечера.

Сега, поради италијанските медиуми, ќе остане во затвор.

Извор: прес24




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.