Фото галерија: “Прилеп се гуши, а мерна станица нема?”

Прилеп е еден од поголемите градови во земјава, ако не е и единствениот кој нема станица за мерење на аерозагадувањето, а најверојатно за догледно време нема ни да има, бидејќи општината немала пари за таа намена.

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски неодамна во својот отчет за сработеното во првава година од неговиот мандат, го прескокна ова свое предизборно ветување, но потсетен од новинарите, кажа дека набавката на Мерната станица ќе морала да почека некои други, подобри времиња.

Загаденоста иако не се мери, се чини дека е неколку пати над дозволеното и во Прилеп. На тоа секојдневно апелираат прилепчани по социјалните мрежи, кои велат дека загаденоста на воздухот особено се чувствува по миризбата на облеката кога ќе се приберат дома.

И фотографиите во продолжение го докажуваат тоа. Густ смог секојдневно може да се забележи од повисоките делови на градот.

Погледнете:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.