(Фото+Видео) Тој е најголемиот лажго во историјата: Со една лага заработил многу, а еве на кој начин

Грегор Мекгрегор, поранешен војник и авантуриста, во 1820 година успеал да добие големо “парче земја” во Средна Америка, на територијата на денешен Хондурас.

Земјата ја добил како “принц на Поје”, држава за која никој не слушнал пред тоа.

Мекгрегор всушност ја измислил државата, ја нарекол Поје, а себе си се “назначил” за принц. Кога по патувањето во Америка се вратил во Велика Британија, веднаш започнал “маркетинг кампања” како би привлекол инвеститори и колонијалисти во својата земја.

Според неговите приказни, Поје била држава поголема од Велс, земја каде што тече мед и млеко, има плодна почва, ладни реки полни со злато, густи шуми во кои има езготични плодови и дивеч.

Мекгрегор бил роден трговец, ветувал рај на земјата на своите инвеститори на кои им ја продавал приказната дека ќе им биде пример на сите луѓе. Тој ги убедувал дека доколку веднаш не започнат да вложуваат, можеби ќе ја изгубат шансата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.